Ги пратам да им отворат чет, сами против себе да си пишуваат. Веќе нема шанси да не ги приметиш, колку и да измислуваат нов живот.
Па дупливе профили, хахаха. Веќе апла се познаваат, си викам да им отворат чет, пошо сами си одговараат.
Гомното од зграда што чува агресивна акита, лично го видов како со ногата замавнува за да го избрка мачето што ни седи пред зграда оти неговото спешал сноуфлејк гомно од куче се пушта на све живо и диво. Само што го виде мачето преку стакло, фати да ржи и бесно да се тегне од ланецот, и немаше маска. Патем истово куче има нападнато три други комшиски кучиња, сите со мал раст и едно девојче од влезот. И сите му преќутеле ради мир у кучи. Е ја видам ли да им направи нешто на мачињата, ако не го испријавам секаде, еве на. После не пуштале газди кираџии куче да чуваат. Е нема да пуштаат.
Деца од 12-13 години ми се дерат намерно под прозор во 3 по полноќ и од такт ме вадат да станам од спиење.. Јас не знам што прават родителите додека децата им скитаат во 3 по полноќ во најпрометна населба во Скопје, Дебар маало и вознемируваат луѓе.. Значи сфаќам дека се деца и се тоа, ама не може да го реметат цело маало поради тоа што нив така им е интересно, башка што и на нив им е време за спиење веќе.. Јас немам 50 години, сфаќам и искачање и дружба и се, ама не може луѓе да вознемируваш и под прозор намерно да им се дереш..
dzabe e i da im se lutis i da im vikas , imaat energija i mora da ja trosat za da zaspijat normalno , i tie bi poinaku da ja trosat energijata ama jbg toa e...
Нешто што треба да се сфати е дека лекувањето не значи дека никогаш нема да се мачиш и сите лоши нешта ќе исчезнат, туку значи дека кога ќе ти биде тешко, ќе бидеш посилен и поспособен да се избориш. Нема идеално, нема совршено. Животот е и спокој и патење, и болка и задоволство, и тага и радост, и надеж и очај. Некои денови ќе се осетиш поразен од животот, уназаден во прогресот на лечење, неуспешен. Меѓутоа работата е што тоа е дел од сè, константно борење за себе, константно адаптирање, константно прифаќање и на лошите емоции како и на добрите. Океј е да не се осеќаш добро некој денови. Океј е да си незадоволен, или тажен, или очаен, или заглавен во монотонија. Океј е да не знаеш што да правиш во одреден момент. Ама нема откажување. Нема "тажен сум, животот е срање, дај нека заврши". Продолжи со борба, продолжи со работа на себе. Ионака животот ќе заврши.
Каков махер сум за да изгубам ствари ејј.. Си купив стаклен сад за храна, со три прегради, викам ај ќе го земам овој, ако е поскап, ама ќе си го чувам.. Човече јас не знам каде и на кого сум му дала нешто во тој сад, ама мене садот ми го нема.. Прашав кај мојте, кај сестра ми, сите викаат дека не е кај нив, на работа проверив, го нема, а бидејќи бев на одмор и не ми требаше одреден период за да носам храна, воопшто не ни приметив дека не ми е дома.. И сега садот го нема, ќе си носам храна во пластични од сладолед кога сум смотана..
Не крадат садови за храна, немаат потреба од тоа.. Јас сум го дала негде, бидејќи сама живеам и храна носам каде и да одам за да не фрлам, и не сум си го побарала одма, и нормално нема да ти го вратат после 3 недели ако ти текне на него.
Зборот „елеганција“ потекнува од латинскиот збор „electro“, што значи светлина. Што значи тоа? Тоа значи дека елегантен човек не е некој што носи брендирана облека или поседува скапи предмети, туку некој што знае да избере како да се однесува, кога да зборува и кога да молчи ...
Си размислувам колку се нешто ни фали кога сме здрави, имаме доболно од се а пак нешто не ни штима, пак еј уште ова да имав супер ќе беше… Кога се лекуваш не е така, си поставуваш милион прашања. Зошто ова де случува? Зошто се бориш да си здрав одеднаш? Што ти е најголемата желба, здравјето и само здравјето! Навистина многу искушенија имав годинава, се на блиски личности.. Трпение, трпение но почнувам да снемувам енергија.. Се што е убави кратко трае де надевам и лошото трае кратко, и ќе се врати се како што треба и верувам дека сите работи ни се случуваат за да извлечеме некоја лекција.