Никако во последно време не ми пријаат токсични луѓе и почнав одма да ги сеќавам истиот ден само шо ке ги запознам. Сакам мирен и хармоничен живот, подобро би била скроз сама отколку со такви. И морам да признам дека повекето токсик особи се жени, ни како пријател ни како ништо не би можела да ги сварам. Порано како помала и врвеа некако низ тој турбулентен период ама сега... јок никој
Има едни луѓе што цел живот се жртви и што секогаш ги обвинуваат другите за нивните реакции предизвикани од нивните постапки. Ќе сакаат да ги извртат работите за да ве напраат монструм пред другите ама не се секирајте вистината секогаш си излегува на површина. Тоа се у принцип манипулатори кои добро знаат да ги манипулираат лугето околу нив, за да изгледаат како жртви за да ги сокријат сите работи кои ги направиле, ама никогаш ништо не останало скриено нели ? Затоа дистанца и остајте времето да им го покаже нивното право лице.
Го прочитав ова и се пронајдов дека јас сум спротивното, секогаш во себе барам вина, дури и друг да погреши, јас сум виновна што сум верувала. Не знам што е полошо, дали секогаш сам да си крив или друг да ти е крив.
Иста сум, одма јас прво кај мене, каде грешам, што грешам па да ја опрам Работата, па како да постапам, за да ја опрам. Некогаш и мислам другите ми се криви. Па се лутам, држам лутина... И сфатив луѓето ич не ги боли к, сфаќаш? Не ни си бараат вина во себе, не ни се грижат дали им се јавиле на другите, дали ги прашале како се. Ама мора да се крепиме......... Попуштаме и шлапаме в лице се што ни смета.
Најлошо е кога треба да донесеш некоја одлука за која знаеш дека нема назат, или ќе успее, или нема да можеш да се вратиш на нивото на кое си моментално него ќе се вратиш 5 нивоа назат.. Или ќе стоиш каде што си, или ќе одиш напред со надеж дека ќе успееш, или ќе се вратиш на почеток.
На помош празникот. Многу интересни случајности или " случајности" ми се случија со едно машко што го запознав. Не влегувам во длабински за нашиот однос. Се осеќам повредено од него, лоша комуникација.. Се случи, да сум во мојот град и да зборам за него, му објаснував на еден другар. За неполна секунда, сосем случајно се вртам во кафиќите на мојата лева страна... Дијагонално од мене седеше тип БУКВАЛНО КОПИЈА во лицето на него... Само понизок и покрупен... Морници ми полазија... Ајде реков, да не го тупам. Вчера, и објаснував што се случи со него, на една моја добра другарка. И и велам, да прекинам за него да зборувам пошо, минатиот пат ко го зборев ми излезе копија од него пред очи. И вечерта го мислев... Сабалјево, станвам.... Луѓе, покана ми праќа личност со исто име и презиме ко него. Морници. Ајде ќе остаам на случајности. Но, сепак.......
Јас, кога има кавга или драма во најава: Едино, Бубаче фали. Како таа шо знаеше да загрее ситуација на форумов...
Ми пишува некој лик Здраво на фб, отварам месанџер и ликот сликан со телефон хуавеи некој таму нискобуџетен пред огледало, облечен во карирана кошула, веројатно на некоја свадба што бил, башка не сме ни пријатели на фб.. Не му вратив на порака секако, ама не секад важи она не јеб* леп, него упоран..
Samsung A21S 2019 so dve karticki edniot broj rezerviran samo za tebe i ti da go znajs, imam shansi???
Најинтересно е шо многу членови, овие искази сериозно ги сфаќаат и се отпочнуваат сериозни дискусии со десетици испишани страни за тоа како треба, а како не треба.
Гел лов не знам зошто но, мислам ако веќе не треба да почнеш да се занимаваш со некој спорт. Што знам имаш една таква смирена природа што само погодувам манекенка. А, во врска со напишаново не знам до некаде се пронаоѓам. Сум имала и јас такви ситуации. Се што е природно е убаво. А, таква си и ти. Нема ништо поубаво од висока женска.