Ај да пукнеш ме воодушеви, еве кој бил на струшките вечери на поезијата. На камено камен, потам друг камен, на него па камен...
Колку време ви е потребно за спремање коа искачате? Мразам доцнење, мразам и јас коа доцнам, многу е непристојно и глупо, а никако не можам брзо да се спремам. Без разлика на тоа што не се ни шминам јас толку, или фризури, па тоа да ми одзима време, сепак се влечкам. И тоа гледање у огледало милион пати ме полудува. Се чудам како пред неколку години воопшто ама воопшто не се замарав, и се спремав побрзо од машко, и тоа не чини ама не чини ни моево. Ја онака да се тинтрам со чуда, па 3 саати малку ќе ми се жими се.. *** Само ја можам да спијам или слабо, 2-3 часа или ич, 0 часа или ненормално премногу, 14 часа!? Си правам екскурзии вака, не знам до кога.. И мене Баш пишувам за ова и ми се појави ти.. Дали и ти коа си уморна ама утепана од умор не можеш после око да склопиш? Како е можно тоа еј... Ми се деси и преку 24 часа да не сум спиена и не и не и нееееее, не може и готово Ја не знам ни како издржуваме вака ..
Овде бе се мудреци со мудри совети се насобрале да си е*еш векот, да си е*еш. И западњачо-источна ера на Водолијата воедно. Не, ние МаЌедонците не се даваме па шо сака нека биде. Јер кармичката лоза на Аце вајда. Со се балканско-македонски самоосвестен хумор вреден ко злато со се се. Елем, воедно и да го повлeчам ова од се срце
Камен Камен, на камено камен на камено камен, до него камен врз камено камен, до него друг камен на тај камен, камен
Пејсажот по пат до работа ми е толку убав, возам точак, слушам Amanda Anne Platt & The Honeycutters и уживам апсолутно максимално најмногу. Убав почеток на нова недела!
Сум го имал најчудниот сон од многу чудни сонови... Ми стигнала покана за да бидам на некој настан. Нешто како Златна бубамара ама организирано од Фемина. И сите номинирани за таа година не викале таму за да ни даваат награди, па се снимало тоа со камери. Ама далеку помало и помалку гламурозно, Златна бубамара ама од Wish. Без Сашко Коцев. Дури и без Тино и Атанас. Не знам кој беше водителот, некој анонимус. Тоа салата беше малечка, полу празна, и се беше спонзорирано од Телекабел. И јас дојдов таму, не знаев никој, како изгубен Германец. Седнав како секогаш на страна, да не бидам нешто многу приметлив... Иии почнаа да ги доделуваат наградите. Феминскиот Сашко Коцев почна да ги повикува добитниците. Со таа музиката од Златна бубамара во позадина се качуваа на бината. Па на големиот екран се појавуваше слика од нив и со никнејмот од форумот и лого од спонзорот Телекабел. И тука имаше претставување на победникот. Малку хумор, хехехе хахаха, па збореа за нивни постигнувања кариерни, приватни. А во позадина вртеа нивни постови со најмногу лајкови таа година. Знам едно девојче го повикаа, и кажа дека работела за Space X. Била главен инженер таму, па не знам колку успеси имала таа година, дипломи, сертификати, достигнувања, пофалници. И ја дадоа наградата "златен тостер". Веројатно таа победи, врска немам. Ама знам дека си реков во себе: Били, не дај боже тебе да те повикаат, ќе се избрукаш, какви има успешни луѓе, ти си никој и ништо, гревче право. И тука скоро манифестацијата завршуваше. Си викам добро е што не ме препозна никој, не требаше ниту да дојдам, а и онака џабе беше, ни дадоа по некоја утешна награда, и тогаш видов дека некои не беа ниту присутни да си ги подигнат. И тука по втор пат се покаав што не го знаев тоа и дојдов, мислев задолжително е. Од нигде никаде дојде една жена 40+ ме гушна од позади. Ти ли си Били? Да не се препознав? Да ти кажам само дека те читам и многу добро пишуваш, многу ми се допаѓаат твоите размислувања и постови... Ја врска немам која беше... А во себе и по трет пат се покаав што дојдов. И ај да си одам, по некои ходници направени во време на Југославија, како школо некое да беше... Кога ми требаше WC хитно. Го барам, барам... Вртам по едниот ходник, па по другиот, како лавиринт внатре. Не можам да издржам... Се симнав и на приземјето. Најдов некоја соба, веројатно на хаус мајсторот со алат внатре, со се. Си викам тука ќе одам, не се издржува. Отидов до ќошето, и среќа таман да ја пуштам чешмата се разбудив. Кога гледам саатот веќе треба да одам на работа. Ниту аларм сум наместил, ниту ништо, со ова промената... Ај среќа работам од дома па само се префрлив од кревет на биро. Сега ќе си ставам едно топло какао. И така.
Чек, ми текна. Тоа бил @Bratot. А, Роби Телекабел разбрал дека некои форумски тетки го свиѓаат, па поради тоа решил да спонзорира. Тоа била @Briar Rose. Можеби била @Biljarkata.
Никогаш, ама никогаш нема да ги разберам девојките/жените кои прават нокти, работат активно или самостојно дома или во салон а не се вешти тоа да го прават. Како некоја навика да стана нај лесно е то да се работи со седење и ајде сите ке прајме нокти. Не бе чоек не ве бива сите, добро имате земено курс за истото, ги знајте чекорите/постапките не велам не ама просто не сте сите ВЕШТИ да ги изработите ноктите совршено односно онака како што ке ви покажи клиентот слика како сака да бидат. Е сега, сакате пари, секој ден покачувате цени, а никако вие да се унапредите. Еве во мојов град врие такви, кој сака нека се лути само две девојки познавам шо толку ги прават совршени дури подобро од сликата што ке им ја покажиш. Сето останато треба сам дома да корегираш, да цртаат тоа е квантна физика, права линија? Хух... Не знам како воопшто одат луѓе праат нокти кај нив и плаќаат, ко не е то то само какво било клај го залепи типс тро потурпирај....
Мене не ми е битно тоа шо неможат убаво да нацртат, туку шо некои незнаат убаво да ти ја направат формата. Ќе ти ги направат подебели, неубаво истругани, или еден подебел друг потенок.... на мене фала бого ми се нема таква погодено али од тоа шо го гледам низ слики на интернет..... се чудам како уопште им одат муштерии, или па ептен за поефтино праат нокти. Исто ме нервираат и тие шо не работат со добра опрема, квалитетна. Ми се случи еднаш после една недела да ми испопаѓат ноктите и никад више не отидов кај таа девојка.