Се договараме со 'другарките' за кафе и им викам ајде одиме? Тие: абе друга другарка ме викна во меѓувреме, да видам со неа ако ми откажи ќе дојдам со тебе wtf хахахах Кој е будала во случајот? Не се девојчиња од 15 години, дупло се постари
Без галје сами ќе си се кажат, кои се и какви се. Не ти требаат многу 'другарки ' во животот. Бирај си ги само оние што ти се погодени
СДК некако монотонија царува. Времево е некако убаво за овој дел од годината но, мене ми е нешто многу монотоно и здодевно. Знаете,човек не треба многу и да знае понекогаш. И многу знаење не е на арно. Не ми е до ништо посебно. Другарките оддамна си заминаа од мојот живот. Си фатија свој правец. А и мене некако ми е поубаво со дечкото кога сум. Само што и него оддамна го немам. Ако, нека им е убаво. И мене ми е убаво кога на друг некој му е убаво. Некој освојува со убавината од што е убав, друг освојува со тоа што сака да те развесели, трет освојува со духовитост...тоа што прави шеги и на своја најчесто и на сметка на други.
Искрено не се изнервирав туку се смеев, мислам не знам како да изреагирам на ова правилно Само ќе останам speechless
Еднаш ќе ти направи така, два пати, три пати и како не ќе се изнервираш? Супер, ти кажаа погоре. Не си ничија резерва другарка.
Да тоа јасно дека не сум резерва ама па да се нервирам сега и да и викам зошто така прави нема шанси Ќе си памтам за следен пат и готово, никој не умрел без другарка или без излегување
Простоќа lvl 100 да седнеш со колешки од факс на кафе на пауза меѓу предавања и вие две да си пишувате за да ги оговарате остананите од масата.... Ех да ми беше вашиов мозок барем на еден саат да одморам малку.....
Многу ми е глуп муабетон "нема да живеам бесконечно", "еднаш се живее", "од нешто треба да умреш", "ионака ќе умрам", и слично, како оправдување за правење лоши избори кои влијаат лошо врз здравјето. Да се грижиш за себе и своето здравје, и да водиш сметка за навиките што имаш, не значи дека се трудиш да живееш бесконечно. Да, сите ќе умреме. Меѓутоа каков живот ќе имаш додека да умреш? Какви ќе ти бидат поготово последните декада-две? Секако, болести и несреќи/повреди се случуваат. Но има многу нешта што сè во наша контрола и правењето позитивни избори е борбата што ја водиме за имање поквалитетен живот. Не можам да сфатам како може да ти е сеедно за здравјето и само да се надеваш дека подобро ќе ти биде, кога свесно ти е лошо од сопствените постапки, и место да смениш нешто само да си кажеш "ех, јебига, од нешто мора да се умре!".
Има една добра ,и гласи : Сите велат еднаш се живее,а јас велам еднаш оживеј! Сите што викаат дека еднаш се живее и возат на секакви пороци ,дрога,коцка,алкохол,цигари,блуд, на крај ги трпат последиците порано или подоцна. Јас се водам по тоа дека утре ако даде господ ќе имам дете кое можеби ќе го следи мојот пример и начин на живот. Но сепак тоа се лични одлуки ,кој како мисли и гледа на нештата,и зависно од тоа кога човек ќе се освести.
Наскоро...... се ближи најубавиот период од годината , дефинитивно во тој период ми е најшарено , најсветкаво , некоја топла празнична атмосфера , убавини
Ми треба одмор 10 дена в планина, во куќарка некоја дрвена, есенска идила. Тишина. Мир. Спокојство. Без гужви, драми, лутење, глумење пријателство, љубов...
Денес станав порано, се ми е изменето со променава на времево и имав вишок време утринава и си велам ај кога сум ограничена за редовни утрински активности да ја повторам другата рутина која си ја воведов летово. Станувам и правец во кујна, цедење сокови од свежи сезонски овоштија, спремање на редовниот здрав оброк и правење сето тоа во некоја лежерна атмосфера без брзанции. Иако не е толку сончево и топличко како на лето, сепак ми се пробудија убавите спомени и навики кои ги стекнав изминатава година и втемелив како вообичаена навика ова лето. Никогаш нема да го заборавам летото и се што научив во него со секој нов и изминат ден .
Сакам да кажам дека не знам дали на мајка ми за роденден да и купам прслук или пижами од Лиска помош плис
Еден од најубавите празнични периоди во годината Секогаш се восхитувам на Божиќни и Ново Годишни амбиенти, украсени плоштади, куќи, згради, неописливо е чувството од самата глетка. А моментот на украсување на елката и украсите по дома, толку ми дава еден посебен вајб како Божиќната магија почнува и никогаш нема да заврши. Од филмови, дефинитивно би го издвоил Поларниот Експрес. Минативе денови баш гледав на yt Божиќ и Нова Година од лани како им било украсено во Виена, Москва, Њу Јорк, Минхен, Париз, Берлин, Будимпешта, а ептен се фасцинирав како било украсено во Србија посебно Белград. А Виена од сите - најубава! Денеска ми излезе за Божиќен пазар во Дортмунд, Weihnachtsmarkt in Dortmund. Уште малцеее !
Не знам со кое лице, се сликате со бебето од другарка ви, а сте и рекле претходно дека Сите имаме проблем, а она се бори за инвитро. А, па со кој ум, ако некој ви рекол така, го ставате за сведок. Боже, помагај.