Батам на yt нешто да си пуштам да се релаксирам и наоѓам видео посветено за Тоше, и не е прво, и толку се изреволтирав затоа што Србите секогаш покажувале повеќе почит отколку ние, тука го плукаја, кучето му го отруја, па што се немаше излезено, дека бил геј..
Кое дно се аптекаркиве. Ако ти барам риностоп тоа значи да ми дадеш риностоп а не да ми препорачуваш други производи со кои соработуваш!
Како бе постојат вакви гнасотии од луѓе? Абе јас кога фатив ко дете, моите пола аптека ја купија и нонстоп ми беше косата те со спрејови, те со шампони, те со не знам што дур не ги снема комплет. И бензин мислам ќе пиев, само да се исчистев. Оти си знам која голгота ми беше тоа чешање. Јеботе чувајте си ги дома па ако сакаат и змии нека ги лазат, ми се згрози човече...
Исто како јас кога купував антибиотик. На рецептот убаво пишува кој антибиотик да ми го дадат, а они упорно нудат на Алкалоид Или купуваш антибиотик и те прашуваат Каков пробиотик сакате? Јас ако сакам пробиотик сама ќе си кажам.
Некогаш другите производи може да имаат поповолен состав, нив не им менува многу што ќе ти продадат затоа што се на плата. Најверојатно ти нудат генерик на Алкалоид кој е ефективно истиот антибиотик, само за тебе поефтин, а за пробиотик, фино и што те понудиле пошто и ти треба пробиотик. Сем ако не сакаш да завршиш со компликации од антибиотикот како c.diff Не знам што сте уплашени од аптекариве бе луѓе, не пробува секој да ви го начука у државава. Јас со моите имам многу коректен однос, верувам и другите дека се такви, затоа што сум немал лошо искуство со аптекар, ипак учат 5 години за да стигнат таму каде што се. Кој ја видел книгана Фармакологија и Фармакогнозија, знае шо зборам. Ја има на нет, читнете ја, некој ја полагал кај Гоше (Гоше е многу добар ама многу напорен професор на фармација).
Еве ми текна и пример. Стрептолете оние за грло, помагаат да, ама се пуни со полиолни шеќери и ќе те отепа стомак ако излижеш поише од 3. Алтернатива ти се Тајс, што се на билна база со шеќер. Исто ти поминува грло од нив, ама нема да те отепа стомак од обичниот шеќер.
Па зимаат нешто ситно од тие производи кои им се кажани да ги продаваат. И затоа нудат како замена демек.
Јас сакам да ми го дадат тоа што го барам. И не се секогаш поевтини Алкалоид. Најверојатно имаат соработка со нив. А јас демек не знам дека ми треба пробиотик.
Ама има луѓе што не знаат, а алкалоид грото се поефтини затоа што немаат оригинални апои туку праат генерики.
На мене матичниот ми рече дека некои аптеки соработувале со некои фирми и затоа нуделе друг производ. Ако го нема тој антибиотик што го барам, нека понуди друго. Ама ако го има сакам тој да ми го даде. А тие што упорно нудат нешто целта им е да продадат што е можно повеќе. Не само по аптекиве. Јас не се расправам со вработените. Еднаш во аптека една баба мислам дека ќе ја натепаше аптекарката зошто и понудила пробиотик. Секаков народ има.
Не зимаат. На рецепт ти пишува генерика, а не дали е на алкалоид,крка или плива. Азитромицин пример е генерика што се продава како сумамед, азитро, азитромицин белупо, азибиот... И да, нудеме пробиотик за да не доаѓате после да се жалете на пролив или кандида
Земаат плус за пласирање на производи кои Зегин или Еурофарм ги увезува. Ова е точно, затоа Еурофарм ќе ви ги нудат Jamison или Зегин Solgar, а никој од нив нема да ви ги понуди Merz давам пример за биотин. Другите аптеки немаат увоз и не добиваат процент за продаден производ, можеби некогаш би понудиле ист лек, но со повисока цена.
Благодарам што одговори, како што и си мислев. Инаку, не секогаш пишуваат генерика, особено не ако па докторите си соработуваат со фирмите, или пак кога ќе ти ја напишат ти кажуваат кој бренд да го купиш.