Конечно да речеме се наспав иако уште не доволно, после 3 ипол дена дежурање.. Хорор кој на никого не го посакувам. Кој знае, ме разбира шо зборам. Аууу ова е супер метод за измачување до степен на лудило дефинитивно. Ајде добро утро нека е. Да се протурка денов.
Во ред ама тука зборуваме за суплементи наспроти првичниот муабет за антибиотици, не знам дали воопшто има модус да добиваат награда за пласирани контролирани лекови затоа што се контролирани, иста цена во секоја аптека... На крај у краева, пола од суплементите што се продаваат ако не и 90% се драпај си меот, витамини и минерали во најнекорисни форми затоа што се најефтини.
Зегин, а вервам и Еурофарм, земат екстремно мал процент за нивните увози. И вие секогаш можи да одбиете да земите нивни увоз. Сакам да речам, нема шо многу да напнат обично само предлагаат. На рецепта пиши генерика и ако има од 10 фирми лекот то се 10 различни имиња. И се дур под името пиши истата генерика и истата грамажа - с к р о з истиот лек е. Така да ако нема од Алкалоид, истиот е од Крка. Ако ти е важна фирмата јбг, ама ако едноставно ти треба лекот ете го има. Ај да заменваш суплемент мож да има некоја разлика во грамажа, додаток друг +/- итн. Ама со генерика на рецепт најистиот лек е шо можи. Ко дали ќе земам утре Хелекс 0.5 или Xanax 0.5 - истата генерика е alprazolam 0.5. И за пробиотик. Не се лутете на аптекарките оти пробват цревна флора да ви заштитат за да не се откините од дијареа и да се заглавите со кандида. Лутете се на докторите оти не ви рекоја дека треба. Дур не работев во аптека абер немав колку е важен пробиотик оти тогашната матична еднаш не ми даде. Со пробиотик е game changer. Еве новиот матичен ми нагласва дека треба и то. God bless his soul.
Ако е розев рецепт пишуваат име на бренд со кој најчесто соработуваат и имаат добивка, ама нели после аптекарите се криви шо даделе ист лек на друга фирма.
Нолпазата беше дефицитарна сега скоро и луѓето не сакаа да земат ништо друго со таа генерика. Им кажувам има Аципан, Зипантола, Пандев што е скроз исто само на различен производител што не е Крка и имаше некои што си земаа, сепак подобро е да пијат отколку да не пијат. Е имаше некои што строго Нолпаза пијат оти матичната им препишала Нолпаза, а не Аципан
Ех баш овие ги почнав јас како Зипантола. Са пијам Нолпаза чисто оти сум Крка фан. Мислам не оти Крка се спешл, естетски ми се и сакам сите паквања исти да ми се. Ама лек ако ми треба нема да трпам оти не е од Крка ко има толку многу фирми шо имат pantoprazole 20mg од кои можам да купам. Не знам, да е суплемент разбирам да се бара конкретен ае. Ама генерика и мг кога се јасно нагласени на рецепт која било фирма можи. Додуша за суплемент јас само за Б12 пребирам. Ама сите се со шмукање и мора да ми се вкусни и само Синерџи ми се вкусни. Сменав со ќесички на Зегин еднаш колку да пробам - Еднаш само Еурофарм имав во близина и земав неколку од Џејмисон - Са ми донесоа некои џоа Американски да сум пиела - Ама то е веќе оти ми влијај на јазикот. Инаку исто срање. Многу сакав ќесичките од Зегин да ми функционираат оти заборавам да пијам Б12, а имам Зегин по пат за на работа па ко ќе го видам ми текнува. Ама шо да купвам цела лента, една ќесичка можев за замена за тој ден. Ама нееее јазикот реши дека е гнасно.
@forumce @theowndemon А нема некоја разлика сепак во составот? Као на пример Парацетамол и Далерон? Еутирокс и L - Тироксин или не знам Глукофаж и Сиофор? Пошо некои викаат као осеќале разлика, што знам, па затоа можда се бунат и сакаат конкретно тоа што си пијат, и на што им е научен организмот. Дека има цепидлачење од страна на некои персони, и те како има.
На "бела" рецепта го пиши само составот. То значи дека секоја фирма шо го нуди тој состав можи да се издај. На "розова" рецепта, тие се "приватни рецепти" знај доктор да пиши конкретен лек шо мислам дека е компликација кога има скроз иста замена, а пример е дефицитарен, ама секогаш ако го има се издава конкретниот докторот шо го пишел зошто и тие си прат договори со фирми јбг. Имаме преубав регистар на лекови, буквално чукни генерика на шо и да пиеш и ќе ти излези сите фирми шо го издаваат тој лек кај нас и во која грамажа.
Мене лично далеронот на крка не ми помага, само парацетамолот на Алкалоид ми помага. А кај други обратно. Баш една пациентка кажуваше дека само далерон ѝ помагал. Така да можно е. Инаку не дај Боже да им сменат пакувањето на лековите, чинеш други лекови им даваме. Баш Реплек ги сменија пакувањата на сите лекови, додека се научија луѓето имаше убедување. Некои млади сфаќаа, ама постарите едвај ги убедивме дека е истиот лек, само сменета амбалажа
Јас земав Аципан. Немаа Нолпаза. Жената ми рече Ако сакаш нешто за замена. За температура само Рапидол.
Тоа не е дно, сите што работат во малопродажба имаат некој зацртан таргет. И нормално дека тој таргет носи финансиски средства плус ако го исполнат. И ќе се потрудат да го фатат, затоа што фала богу сите за пари работиме и плус пари на сите ни значи. Нејзино е да проба да продаде, твое е да прифатиш или одбиеш, немаш потреба да ги навредуваш дека се дно, само затоа што се труди да си ја сработи задачата што и е дадена.
Разлика може да има во носачот односно филерот, што за некои е проблем, еве лично затоа што морав да пијам глукофаж еден период, јас не поднесував филерот кој го користеа и пиев сиофор од кој немав симптоми.
Доста сум широкограден и не сакам да судам баш нации, етникуми и култури, ама Индија ми ја преминува секоја граница, и никогаш не би сакал да отидам таму и да им јадам од тоа уличната храна. Ретко гаден народ се. Еве последно имаат некој обичај кај што се гаѓаат со лајна. Од оваа година: https://youtube.com/shorts/PPTc2ps_2LI Од минатото:
Во контекст на муабетов - ја следам девојкава на инста ама ја има и на YT. Објаснува за што се користи изметот од крави кај нив и зошто. Со него ги мачкаат подовите на куќите на пример. Девојкава е модел, има учествувано на модни ревии низ светот, ама живее во село во Африка и објаснува колку луѓето имаат предрасуди кон нив. Шок ми беше и мене прв пат кога ја гледав, културен шок. Ама убаво објаснува женава и вреди да се изгледаат нејзините видеа. Малку подобро ја запознав нивната култура и имам малку повеќе почит за нив сега.
Speaking of, денес Индијците го слават Diwali-фестивалот на светлата, еден од нивните најзначајни празници, со палење свеќи. Симболиката - Победата на Светлината над темнината, Доброто над злото, како и Знаењето и (Само)свеста над незнаењето, односно несвеста(универзално ова). Ова истиот период од годината кога на Западот се слави Halloween. Ете интересно, може да де обележува на различни начини значи. Исто така периодот околу доаѓањето на пролетта, околу нашиот Велигден, имаат исто така (Holi) фестивалот на боите и љубовта, со слична тематика-победата на Доброто над злото, каде се мачкаат со шарени бои. Е така, некој ќе се мачка со фекалии, некој со бои, зависно не/свеста ваљда што ја не/развил во текот на своето постоење. Како е, тако е, нека е. #worldpeace
Некогаш се осеќам злобно што посакувам најлошо на некои луѓе кои кршат клупи за седење, кои не си собираат ѓубре зад нив, кои шетаат опасни кучиња без усул, кои мислат дека сите треба нивните деца да ги тинтраат, демек па еј постојат и полоши постапки. И после ми текнува дека овие работи е толку прелесно и најлесно да не ги правиш и си се осеќам подобро.
Зошто машките сфаќаат дека сме занесени ако не им прифатиме покана на фб или Инстаграм одма? Чекал 1 ден, не сум го прифатила, занесена сум.... Свашта....
Дали сум една од ретките која што воопшто не жали што се отпишала од факултет Едниствено ми е криво, што тоа не го направив многу порано, иако поминаа 2 години оттогаш