После ова многу работи треба да ти се појасни, лично тебе. Инаку најискрено не ми беше битно што си ја прашала околу однесувањето и што ти одговорила. Јас си стекнав некој впечаток, што ете ми го потврдуваш со последната реченица. Препрочитај го повторно тоа што ти одговорив и сама најди си одговор на прашањето.
Ај самопрогласени нутриционисти нека престанат да тресат дека одредени видови храна и пијалаци се корисни зашто сме внесувале ензими кои помагале во варење на храната. Ако чекаше телото наше денес да внесеме ензим преку киви или сок или ананас, ќе умревме сеа за некоја минута. Знаат дека аминокиселините ќе нѐ убијат ако не би имале соодветни ензими за да ги трансформираме до нетоксични и корисни соединенија?
Дај еден аналгин од тие од 50 ден. А хотлајн имате ли? А еротикс? А бетасекс? Дај ми витамин Д. Од колку единици сакате? Епа како за мене
Нема поголеми pick me луѓе од Македонци. Никој не ви дошол дома да ве натера да се облечете во вампири и вештерки, во ред е.
Ае шала на страна ама мене една квачка во Зегин ми тутна Б комплекс скришно во ќесата додека зимав антибиотик и пробиотик. За Б витаминиве ниту ги побарав, ниту ми ги предложи. Приметив дома кога дојдов. Не се вратив да ја направам лом само дека цената беше мала, а и секако ги пијам понекогаш. А баш во Зегин секогаш намерно ми нуделе поскапи суплементи.
Едно време многу гледав 24kitchen, и да, во Индија многу валкано. Улична храна готват во Њу Делхи, ја пржат на плински боци, средно големи, до нив некој отпад, покрај боцата некој со некое просто моторче им поминува. Како да ти прават хранат на депонија, баш така. Во морето фекалии им одат, таму се бањаат сосе облека, риба ловат од таму, ги готват, ги јадат. За готвење, се што толчат, некои жени беа снимани, толчат со два камена. Ја плеска смесата за готвење со два камена, па потоа ќофте прави, што и да е, што не делува ок, не знам колку е хигиенски вака. За карактер на луѓето, двапати искомуницирав со Индијци, еден дечко што бил во Македонија на еден настан, го гледав таму на снимка, ме испожала за се што правевме кратко муабет, па и ми се пушташе, дали ќе го примам дома, да ми дошол на гости, Македонија имала убави пејзажи, а потоа со една пријателка случајно зборуваме, сфативме дека и нејзе исти финти и правел, едноставно користољубиви. Друга една Индијка, бидејќи сакам да се поврзувам со луѓе, не чини пари тоа, ја контактирав дали би можеле нешто да соработуваме, кога напна да ми пишува, пари ми бара, да и уплатам пари преку Пејпал, дури и почна да ме манипулира со тоа „ама ти прва ми пиша, еве јас сум профи, се нафаќам да соработуваме, ама знаеш, мора да ми платиш“. Велам нема Пејпал овде, абе напнува не се откачува, ми објаснува како пари, па пари да и дадам, па затворив пораки, нека пишува, да не ми стига известување. Ај што сиромашни, ај што гледаат да излажат, да испросат нешто, па мислат некој нив ги верува и ќе наседне.