Кој малер ме тепа... На колата ми се скина гума, ЕГР-то го вадев, сето ова ме кошташе околу лепењето и ЕГР 200 евра.. Во животов значи мобилниов го користам скоро 6 години и никогаш не ми паднал, денеска падна се откости екранов.... алал да ми е, што фали уште, од ведро небо клавир да ми падни на гла?
Починал Зоки Фаци.. Човек кој секогаш знаеше да не насмее, ќе каже некоја глупост, ама ќе те насмее од душа.. Кога чув за неговата болест, искрено и од срце посакав да се избори со болеста, ама животот е многу непредвидлив, денес не има, утре не..
Нашиве „современи“ празници потекнуваат од празниците на древните луѓе. Поврзани се со астрономските настани, со движењето на небесните тела (сонцето, венера, разни соѕвездија) и со циклусните промени на нашата планета кои се последица на нејзиното движење. Фестивалите и маскембалите на пролет, велигден и други празници кои го слават животот, раѓањето на природата, победата на светлината над темнината, животот над смртта и повторното раѓање (воскресението) потекнуваат од прастари прослави на пролетната рамнодневница. Еве сега славиме задушница, мексиканците слават Ден на мртвите, католиците Halloween и сл. и сите тие се случуваат кога денот станува пократок поточно на датум кој е на средина помеѓу есенската рамноденица (околу 21 септ) и зимската краткодневница (21 дек). За келтите на пр. тоа било почеток на темната сезона. Се менуваат имиња, ритуали, култури, ама основата е иста од кога постоел човечкиот вид. И да, имало и внатрешна симболика во древните празници - трансформација и внатре во човекот и психата. Се разбирам бар со тебе за ова - со твојот пост ми се поклопи со некои мои мисли периодов. Плус го гледам и документарецот на нетфликс - Аncient apocalypse (1 и 2) и го слушам Graham Hancock по поткасти и сум под импресии
Хелоу Ноември , денес во повеќе покраини слават празник германците ден на светците, денес се оди на гробишта, таков е денот. На страна празникот, обично не бистрам политики и не следам, но клиповите кои вртат вчера и денес на Јутуб со Апасиев ми се хит. Уз пат уште едно клипче бонус. Го закопа на Мицкоски , овој си ќути, го гледа само оти знае дека се е точно. Уфффф човече, го закопа
Pa softwerski go isklucija otkaj sho mu napravija.. prvin me ubeduvashe da go smenime to, polovno da barame, plus 150 evra, ami mu velam po nekoj mesec pa ce javi greska.. ami da.. i so drugar mi pram muabet ( toj pojce se razbira vo ova), aj iskluci go ili izvaj go ( so me dupis vo mozok).
И 200 еур ти земаа да го исклучат само? Еј жими се не се нормални со цениве. Јас кога го исклучував на Фокусот ми земаа 3500 денари. Механички го отворија, исчистија, имало таму некоја клапна што требало да се блокира, и потоа компјутерски го исклучија да остане отворена цело време. 2 саати работа се на се. Иначе нема потреба ниту да го исклучуваш ако немаш проблеми со моторот, во врска да не ти влечи како претходно, да работи побучно, да нема сила. Има многу така ги возат. А знае и да се исклучи само од себе кога ќе се прочисти од гасови. Има и OBD на Али експрес за 3-4$ ти сам да си го исклучиш, ама пак ќе се уклучи.
СДК денес прв пат застанав зад волан сама скроз и возев. Иако релацијата беше прилично кратка, јас сум горда на себе. И онака периодов ми е крш од психички аспект, ова ќе си го рачунам како мала извојувана победа за денес.
Знам дека сите сте овде, па да ви препорачам нешто убаво да си читнете денес: Дали има смисла да се учи пишување со рака? | Емитер
Сакам само да кажам дека иако се осеќам лошо сепак сум многу горда на себе си за се' што имам постигнато до сеа на 21 година.
Денеска (01.11.2024) во 01.30 часот во СВР Скопје, М.М.(20), М.С.(20) и Н.Ч.(22) сите од Скопје пријавиле дека биле физички нападнати пред угостителски објект на подрачјето на Центар. М.М. и М.С. биле физички нападнати од едно лице, а Н.Ч. бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ваљда ова.
Да се разбереме, несреќи каде се уриваат згради, покриви, мостови не се несреќи, убиства се. Си седиш на клупа на сончев ден, на тебе паѓа бетонска плоча и толку од тебе. Оти некој направил пропуст. Оти спиел на тоа уво дека "не бе, кај ќе се сруши, глеј се држи толку години, не мора ништо да се поправа" А прашање на време е кога кај нас ќе се случи нешто слично зашто стари градби со години не ги проверува никој, новите ги градат од алва, а становите во нив чинат ѓавол ипол. Ене пред некој ден од барокните згради падна дел, пуна среќа што никого не утепа. ГТЦ исто така се распаѓа дел по дел. Само барем сега се надевам фамилиите на загинатите ќе добијат правда. Се надевам дека Србине имаат барем помалку утепано судство него кај нас. Немам што друго да кажам освен дека е многу глуп животот кога ќе помислиш колку е лесно да те снема.
Имам посебна почит кон луѓе што никогаш не јадат пилешко во ресторан, и кога вика тоа лесно се прави и дома..