Еее кренав раце одамна ја, ја мислев богата е шугармами си најдов оно обратно било таа си бара шугардеди Имам чипичан ако сака
Ова е таа сезона во годината кога идеш на тренинг на отворено и малце те здрвува ладното и оп одма зимаш кафица и благце. После те облева жешкото и се раѓа неопислив стрв за сладолед на стапче откако онака милно те гледа преку стаклото на фижидерот у маркет. Си го купуваш него и уз пат некој си чај за грло, дека заладува, кај и да е и тоа ќе загребе. Периодов и дневниве температури се есен, пролет, лето и длабока есен скоро зима распределено во едно деноноќие. Е мене најубаво ми е кога е летниот термин во денот.
Сте се запрашале ли некогаш зашто убави девојки, амбициозни, со убави заби, убава облека, паметни, образовани, не можат да си најдат дечко и се сами?