Како можев толку да се врзам со другарки… Гледам дека ми вртат грб и се чуствувам неубаво, градите ме стегаат оти знам дека не се фер спрема мене, а нив баш му е гајле. Им викам еј се немаме видено и едната вика јас се договорив вечерва со таа и таа да излезам во тој кафич ако ти се иди дојди, јас им имав речено 1000000 дека сакам да одиме во тој кафич и ни еднаш не ми дојдоја… ептен сум разочарана и не знам како ќе поминам низ овај период сама Да имав партнер можи ќе ми беше полесно, вака мака мачам самата со себе заради некои што не ме ценат за жива, оти си најдоја поинтересни ‘другарки’
Гледаш дека не бива. Не си ја мачи душата. Прекини контакт и продолжи понатаму. Ќе си најдеш други кои ќе те ценат.
А ти си висока 190 78 кила брунета со д 80 гради со 32 заба? Убаво бараш кој шо треба да има ама добро би било кога веќе почнуваш да почнеш од себе од себе.
@Realist1 сите други под 180 се ниски за тебе а? И си барал девојка од 190? Шо ако Нина се опне на штикли 15 см? Пак нема да ја сакаш?
Не сите само нина, она мора и плави очи да има. На пребирливите се оди пребирливо. Пожелно е ско јас земам 1200 евра плата таа да зема 1000 Welcome back !
Имам зелени очи, не ми требаат плави, 1000 евра само за твојте месечни трошоци нема да ми стигнат како што си расипикуќа..
Не знам зошто се врзав толку за нив, исто како раскинување го доживувам ова Веројатно да имав партнер немаше вака да се чуствувам, пак ќе речам
Оној Лазаров колку ми е одвратен, и онака ми беше, ама сега уште повеќе, ја користи смртта на Зоки Фаци за публицитет, па објавување кој го блокирал, кој не изразил сочувство.. Ако си му вистински пријател, ќе те снема на некој период од лицето на земјата што се вика, тоа значи кога човек е тажен, кога човек жали, а не да снимаш видеа како луѓето се ги интересирало за Зоки, како се ќе си им кажел само да почекале, и да плукаш по тој што не изразил сочувство.. Биди човек, и нека те снема од лицето за земјата две три пет недели, така се жали по близок и се тагува, не со плукање и омаловажување..
Сакав истото да го пишам, верувам дека му е жал, блиски беа ама оние видеата црно бели кај што седи в кола тој многу ми е глумење господе прости ми доволно е што извести и стави слика готово...
Немој да те слушнат жабите, сите ќе те лажат дека ќе станат принцови ако ти станат партнери. Шала на страна, ќе се фокусираш на твоите интереси и се ќе си дојде со време, не ти требаат луѓе кои не сакаат да одвојат време за тебе а кога имаат што да се пофалат ќе трчаат да ти се испофалат.