Конечно ја најдов перфектната блуза. Сега уште да најдам капа со "Mentally done" и годинава можам да кажам дека е комплетна.
Гледам еден филм, плажа, карпи и дежа ву, епа да тоа е таа сакана моја територија. Таму оставија некогаш трага стапалките на моите детски нозе зариени во песокот, но не за долго. Веднаш ги заплиска студената океанска вода во која јас не би била јас ако не се акнав во обид да запливам, ама од студот завршив наквасена само до колена. Спомени, места и драги луѓе, од кои некои нажалост ги нема помеѓу нас живите, но вечно ќе живеат во нашите убави спомени и сеќавања од едно дамнешно минато.
А јас само сакам мирен живот, да имам убава работа, да имам некој што ме сака, да му родам две женски деца, да имаме викендица во Кучково со голем двор и мал базен и таму да ги поминуваме викендите додека децата трчаат околу нас, да сме здрави, тоа го сакам..
Знајш каква викендица сум нашол уффф И тоа не е скапа поклон од мене за свадба ќе ти биде, ќе ја ставиме одма до водопадите у кучково
Сакам и способна сум за се две различни фрекцвенции, види нешто околу тоа. Нине Дабогда Бог те видео, па да те слушаме со твоите желби остварени или не, да ја покреваш боме бааги снижената македонската интелектуална свест и битие феноменално за многугодини.
Васко Саздовски од Македонија што загина во Нови Сад...братов да ти бил генијален ум што работел на примена на информатички технологии во земјоделството. Сам направил робот за производство на стевиа. Овде не му било ништо признаено, не можел да се вработи, отишол да работи во Институтот за роботика во Нови Сад. Петокот на 1ви требало да фати воз до Белград, од таму автобус до тука да си ја види фамилијата. Ти ебам животот гнасен ти ебам. Ќе си ја тупиш главата со години да бидеш нешто, и прво твојата земја ќе те ти покаже среден прст оти си премногу за нејзе, оти не може ништо да ти понуди. Ќе најдеш нешто надвор, место каде ќе си го остваруваш кариерниот сон, стотици километри подалеку од своја фамилија. И пак во еден момент, во погрешно време на погрешно место, пак заради нечија неспособност ќе си заминеш од светов засекогаш. Вие и понатаму продавајте ми причи дека младите треба да останат да се борат за државата. Продавајте ми приказни дека и мажи и жени биле кукавици оти неќеле војска да одат, оти се плашеле пушка да држат. Наместо да ги учите да уживат во она што нив ги исполнува, им турате во глава своите деца, партнери, фамилии да ги фрлаат во оган за некој што си го прчи у фотеља и ќе им врати баш вака, ќе ги убие со свои раце, ради јебени пари и моќ.
Најзвучно-најубавиот дел од денот ми е кога ќе прашам мами шта радиш или најчесто и велам шо праиш?(не се гордеам баш со употребава на ск.дијалект ама она си е од староседлеците па со неа строго по нејзин јазик) По јазикот на татко ми, најлитературниот говор, секогаш ми е огромно задоволство и ми ја полни душава со голема гордост кога се обраќам. Многу сум благодарна за нив двајцата, затоа што тие двајца ми се мои родители и од нивната љубов произлегов јас, но не само за тоа, за многу нешта, премногу. Најмногу на свет ги сакам и отсекогаш ќе биде така, мојата душа знаела каде да дојде на овој земски свет во едни најтопли 4 раце на овој свет.
Да беше Десанка Максимовиќ жива во својот град ќе напишеше: Било једно на Брдовитом Балкану, чета путника умрла у истом дану...
Имало денес акција за селектирање отпад,што е убава иницијатива иако мене лично не ми е ново. Еве не памтам точно колку години наназад прво фрлам во контејнерот за стакло, па во останатите. Се случувало да ме загледуваат чудно или попреку, не дека фрлам во таков контејнер, туку претежно е празен па кога ќе падне стаклениот отпад кој го пуштам се слуша кршење на стакло и ги штрека наоколу. Ако нека научат ако не гледајќи визуелно што правам, звучно преку кршот дека фрлам и да им текне можеби и нив и тие да прават таква селекција.
Божеее какви ретарди живеат по зградите. Ама стварно Комшијата над шо живее корне се дере секој ден не се трпи! Човеку доколку не те собира у зграда да живееш пресели се у куќа или пак ако имаш проблеми во бракот разведи се нешо направи никој не е должен да те трпи и да слуша врескање секојдневно Не живеете сами во цела зграда! А да и децата со топката секоја вечер шо лупаат, трчаат и врескаат одозгора е земјотрес до 00ч! Не е во ред!
Многу ме мрзи да чистам по дома, или што би рекла мајка ми тебе за ништо не те мрзи, освен за чистење по дома.
Само што се вратив од планина и ми замириса на снег таму. Ми изгледа наскоро за кратко време и снег ќе ми се провлече низ прсти.
Господ кога делил памет ,некој прерипнал ,а тие прерипнатите сите околу мене .... Дал да се смејем ил плачем ми е ситуација во задње време ..
Топлово време и сонцево овие денови ми даваат некој вајб и чувство како да сме пролет и дека наскоро ќе почни пеколното лето.. И во момент се враќам во реалноста и ми текнува дека сме месец ноември (студен) и одиме кон зима и кај да е ќе дојди Нова Година и Божиќ.. А да не се жолтиве лисја, исто ко да не е есен.. типична пролет.
Сфатив дека моето омилено хоби е да правам се да ми е cosy. Всушност, целта во животот ми е да внесувам колку што е можно повеќе удобност и топлина во секој момент. Свеќата во собата и најдебелото ќебе hate to see me coming.