Денес беше бајаги заладено и тмурно. И нареднава недела прогнозираат стабилно но со прилично поднамалени температури за околу 5, 6-7 степени пониски во однос на изминатава недела. Мене лично ми е малку разочарувачко оваа, баш го сакам тој пролетен вајб и мислев подолго ќе потрае, ама ноември е очекувано е да е постудено. Тек утринскиве кога ќе ми текне колку се и ќе бидат ниски, одма студ в коски ми се вгнездува. Ама време му е, за 7 до 8 седмици ќе славиме Нова год.
Одлична атмосфера на натпреварот Пелистер - Вардар во Битола, прв пат навечер стадионот под рефлектори, многубројни позитивни и расположени навивачи, заврши со победа на Пелистер 1 - 0 Еве видео како изгледаше: https://www.instagram.com/guguchevski/reel/DB6-RVfR2_L/
После цела недела константно слушање на кантри американа, може да кажам дека официјално сум опседната? Кој би рекол дека ќе дојде денот кога јас ќе слушам ваков тип на музика... Веќе не е лоу ки. Туку: Нека биде убава неделава!
Ми звони телефонот: “Здраво, се јавувам имате пратка … ви ја доставувам на адреса за 15 минути дали може да ја подигнете?” - Да, можам. Може ли да те замолам бидејќи сум со мало бебе кое штотуку заспа ќе ти биде ли проблем да влезеш во зградата и да дојдеш до врата? “Госпоѓо не!!! Само пред зграда, не влагам до врата!” ВТФ! Океј! Го будам бебето и се симнувам пред зграда. Не може, не може, прифаќам. Океј. Се симнувам. Млад дечко со капче, не ме ни гледа во очи. Ми го дава пакетот, а јас во раце го држам штотуку заспаното бебе што го разбудив за да се симнам. Се трудам со една рака да извадам пари од новчаник. Сумата беше околу 1800 денари - му давам 2000 денари ја зимам пратката и му викам фала ви! Дечкото вади туце пари да ми врати кусур и упорно не го крева лицето! Реално бев бесна што не можеше да се качи три скалички а ради него му ја ебав дремката на бебето! Му викам уживај не мора кусур да ми враќаш имај убав ден! ( фино изговорено ама сакав да предизвикам ваљда криво да му биде); Дечкото си го собра купчето и се сврте си влезе во комбето. Ни благодарам, ни пријатно, ни извинете! Му шепнав на бебето иако не ме разбира: Никогаш нема да дозволам да си ваков СЕЉАК!!!
Многу ми се иритантни овие што за секоја торта викаат дека е феноменална и по нивен вкус.. Човек, тортава филот има вкус на маргарин со шеќер, кога те прашуваат дали ти се допаднала, кажи си искрено, што ќе се лажеме сега дека тортата не е убава.. Факт е дека не е убава, што сега, барем ќе знаат друг пат од таму да не нарачуваат ако си искрен кога ќе те прашаат дали ти се допаднала.. Можеш и да кажеш преблага за мој вкус, не мораш да лажеш.
Од 1 до 10, колку е добро Дубаи чоколадото? Значи ми здосади више да читам, секоја втора објава е од каде да се купи или како да се направи тоа фамозно чоколадо. Го немам пробано, ама ќе го пробам. За мене најдобро е Киндер, тешко дека некое друго чоколадо ќе ми го замени него.
Како мала само вакво јадев и едно друго, сега никакво. И многу ме нервираат некои кога со сила ќе ме тераат да јадам некоја торта "ама многу е убава, пробај". Сите си имаме различен вкус, како некои што јадат благо, јас јадам многу солено (и ова не е убаво, знам, ама ако не е многу солено не ми е убаво).
Значи карго компанииве не знам зашто сите од ист калап праени. Да срцка, ќе седам ја 24/7 дома случајно да не ти текне да да дојдеш. Мене вака, си седам дома и ми врти од Еко логистик, бил доле пред зграда да сум се симнела. А да не бев дома у моментот?
@TammiB5 мене пак човекот кој реонски му припаѓа да го снабдува мојот реон од Еко логистик секогаш ме прашува во кој стан сум да ми испорача до врата. Еднаш врнеше ме праша за ова, др.пат ми вика прежешко е да не гориш ама јас си се спуштам на паркинг. Иако овој е со веспа секаде се мушнува и застанува на кратко. Едни па др.се ми вика од таму дечкото типчево што испорачува малку е нервозно и увек се брза имај точно пари. Си знаат тие кој каков си е по карактер. За испорака за време секогаш во коментар при нарачката пишувам сакам испорака после мое раб.време. Некогаш читаат и поштуваат што барам, а некогаш не па ќе се договориме и презакажеме. Е ова заборавив да напишам, најлоши за соработка ми биле од Карго Експрес. Можеби и се подобриле, ама не им ги користам воглавно како некогаш услугите па не знам најточно за тоа.
Па не знам,некаде прочитав дека во некоја слаткара продавале на парче т.е на коцка (една коцка 100 денари)