ова е чисто Лажење, и навреда (посебно за жени болни од рак итн итн што знаеме како проаѓаат низ што) што не знам како не и е срам. Ја направија партал Ангела памтам за накитот, ова е исто ама купуваат мислиш од нејзина коса е правено. И пак ќе кажам срамота е зашто го лаже народот, перика што си ја купила од али експрес да ја продаваш за 4тина од нечија базична плата, во секој случај е барем - ниско. Особено за неа.
Јас ќе пишам конкретно за перики оти за среќа или жал ете не знам за ова шо пишите. Ама ко седнав да барам перика ми се виде невозможно кај нас, па уште ко ќе видиш цените во Медикус Хелп. И можам да видам како дури и €100 на некој му се гледаат ко ефтино од ко ќе види најефтино бар €200 евра синтетска коса и зато некој би полакомил да крени цена дур и ако продуктот е од Алиекспрес. Шо е стварно штета зошто ретко кој носи перика од ќеф, најчесто е ради мака. Ама не секој има емпатија тое. Е са шо сакам да кажам и зошто го пишам ова - контактирајте ги Борка. Со извештај за почнато хемо можи да ги контактирате и да ви дат перика на користење дур почни да ви расти коса. Јас конкретно нели за ова прашав, ама прашајте и за други причини од кои се губи коса какви се условите. Исто ме советуваа да се оди и да се проба од нивните перики од кога ќе се изгуби косата за да се видело добро како ќе седи. Ако имате други извори - пишете ми приватно или јавно тука. Сакам да имам такви информации при рака оти знам мене колку ми беше тешко да најдам.
Тетка ми мене ми кажа дека и' дале на користење и ја вратила. Негде кај К. Вода ми кажа после општината.
Имаш од 600-2к поефтини па се до 6-9к шо се со front lace и на нив цената зависи од должината шо ќе ја одбериш и густината (за нив треба лепило, шо исто кај нас да се најди е блиску до невозможно, сем еден линк на пазар3 со продукт шо личи ист како тој од Алиекспрес). Има и едни поскапи со 360° влакна т.е. нема bald spots и можиш да ја стилизираш како нормална коса. Додуша над 10к и не памтам да видов ко гледав, 8,5-9к беше најскапа. Ама не тие шо се обична синтетска коса, туку овие шо ги опишав се поскапи. Обичната синтетска коса до 2к преку сила, со најефтини 600-700ден.
Јас ја донирав мојата кај едно девојче Сашка, од Кавадарци мислам беше. Изработува перики за онколошки пациенти. Дури ме праша дали сакам да ме објави дека сум донирала, и кажав дека не сакам дека ми е битно само да ја донирам и да усреќам некој онколошки пациент. И ја имаше девојкава баш и по емисии, дека изработува.
Еве што ми се случи денеска : Јас денес поднесов приговор дека неправедно ме бутнале , на претпоследната раскрсница додека ми беше зелено допунско јас подзастанав на видно поле за да ги пропуштам возилата од лева страна ,кога немаше веќе возила јас тргнав пополека и по 100 метри ми замерија дека не сум пропуштил пешак додека вртев десно макар и да имаше "пешак" нели се запишува 30 негативни поени нема смисла бидејќи се паѓа со 51 поен.Кога завршивме , јас стоев надвор и овие двајцава се расправаа дали да ме пуштат , тој што седеше позади сакаше но овој напред не.. и сеа сакам да ве прашам дали ќе успеам со приговорот , колку ми се шансите?
Морам да кажам дека новиве членови зачленети од пред 2 дена се предосадни со пишувањето лични пораки за секс и со прашањата како: со колку се имаш ебено, дали те лиже и слично. Не враќам обично ама пораките започнуваат со ми треба совет и сл. Гледам да му помогнам на секој ама изглеа не треба.
Таа ги купуваше по 500 600 ден знам евтино. А дека постојат поскапи и таму секако да. Ама квалитетот е различен.
Па затоа прашав,да видам дали заработува на туѓа мака и очигледно дека ДА. Не знам со која совест само..
Од такт ме вадат муабети дека МОРА да се дружиш со луѓе што е можно почесто, повеќе, да излегуваш, да не се изолираш, да не се повлекуваш дома, да се социјализираш, дрн, дрн. Као океј, разбирам, човекот е битие што си бара своја група, племе, колектив, некаде да припаѓа, јасно ми е. Исто така, знам дека за некои луѓе таа социјализација е потребна за надминување разни препреки. Значи, секој си има свои потреби. Секој знае како му е најдобро за живеење и што го прави среќен. Па така, нема логика да се форсира секого дека МОРА да прави така, само затоа што мнозинството сака така. Не сме сите исти. Немаме сите исти желби и потреби. Не наоѓаме сите задоволство, спокој и радост во истите нешта. Па скурца ми е да ме убедуваат дека бегам од реалноста (што и да значи тоа) зошто повеќе убавина наоѓам во самотијата. Работата е што не мислам дека сите луѓе се никакви и не е дека не сакам да се дружам. Работата е што сè поретко наоѓам некој кој ми годи за дружење. Па не сакам да трошам време без врска со некого (гајле ми е ако звучам арогантно), само за да кажам ете се социјализирам. Исто како што не можам да јадам било што, само колку да јадам, или не можам да читам било која книга, само колку да читам, така не можам ни да се дружам со било кого, само колку да се дружам. Да бе, и до мене е, знам, си признавам. Таква сум си, мое право. Селективна сум за сè, за мое време и мој живот станува збор. Па така, боље сама ќе си праам работи, него ли со луѓе што не ми се допаѓаат. Барем сум искрена. Не трошам ничие време, пошо првенство тоа е мое време. Да се вратам на првичниот муабет, никој не е лудак ако му е поубаво сам. Едноставно му е поубаво. Не мора да се филозофира. Пошо нели поентата е да си среќен во животот? Да си спокоен? Да правиш работи што те прават радосен? Да си го искористуваш својот живот како ти сакаш? Со сето тоа кажано, многу сум благодарна на тие луѓенца во мојот живот со кои ми е убаво да си поминувам време понекогаш. Не се многу, ама се доволно за да посакам некогаш да им посветам време, благодарна дека исто така и они сакаат да ми посветат мене.
Како да си ме опишала мене. Уживам во самотијата и не сакам да се дружам со секој, подобро сама отколку со лошо друштво.
Бев на едно предавање, и после панел дискусијата имавме како собир, кратка дружба, запознав повеќе фини луѓе меѓу кои и еден лик кој после 10 минути муабет ме праша дали би можела да дадам за него препорака кај мене во фирма да го примиле на пракса.. Се што ми фали во животот е неговата храброст, на човек што не го знам ни 10 минути да му речам да даде препорака за мене да ме примат на пракса негде.. Сега отпосле си мислам, па не е толку лошо ова, ќе кажеш вака на повеќе луѓе, некој стварно ќе се најде добродушен да ти искочи во пресрет да ти помогне.