Ја па кој сака му давам препорака, ако усере работа, ќе се вадам на “абе додека беше кај нас беше добар, не знам што му станало на Јофе“. А па за пракса па ич не му ја мислам, по закон зимаат мислам 14-15 илјади и не се плаќаат придонеси така што ехх.
Јас сум многу повнимателна во однос на овие работи, не би дала за било кого препорака, бидејќи не можам да ризикувам за нареден пат кога стварно ќе сакам да дадам препорака за некој за кого вреди да дадеш препорака, да не ме сфатат сериозно бидејќи сум им носела овој оној предходно..
Абе комшии од пуста љубомора завист да не те вида на арно.. Уште поодамна го имам приметено со некоја кисела насмевка или зборови и тон ги кажува нештава. Прееска се начекуваме на улица и ми вели: "Абе Старк (хах-кисела насмевка), колава нешто расипана ти е брат да си ја носиш на мајстор, ти истекло масло.. Му велам абе малку стоеше овде и не приметив ни кај стано на другиот паркинг да има масло истечено, да не случајно имаше друга кола? (распон од 12 саати има откако јас ја оставив на местото кај што имаше масло. Не не ми вели твојата е. -Добро му велам, па можеби сум оттурил повеќе од шо треба и сеа се намалува и си заминав.
А и не мора да е "лошо" друштво, као токсично. Може да не кликнеш со некој од било која причина, различен менталитет, различно годиште, различна етапа во животот, различни интереси, итн. Просто не ми дружи само колку да утепам време или да кажам сум излегла. Башка, доста инвестирам дома за да ми е најубаво место за кулирање.
Да кажат луѓето што одат на вакво време по куси ракави и со топ блузичиња, кој е нивниот рецепт за да останат здрави. Колега го гледам, излегува од кола по куси ракави, се треси ли се треси, па као се зеза ви студи вас? Ај, ок еднаш реков, а бе секој Божји ден, со куси ракави, јас наоблечена-настинав. Колешки, излезени надвор се тресат од студ, раслечени по кроп блузичиња, која со голо рамено.... Или па, не ги разбирам луѓево, пази, што мора да идат пораслечени, знаеш модерни дас се, поразголени па демек еден ми велат па шу праеш у тој капут. Луѓе, неам 20 години, здравјето си го гледам и ми студи. Не ми се брка мода и не ми се живее од тоа, видете ја Трајанка модерна е. Исто, да се просветли зошто некој НИКОГАШ не крева од прво ѕвонење н телефон и стално се прејавува, као у филм, леле не го видов мобилни... Омг
Малку излегов надвор каков студ ме мавна, како -20 да е. Сега се туткам под ќебиња да се стоплам. Ах златно лето врати се.
Жити се на работа идат со кроп топ? Времево не е за кроп топ и за капут е и јакни, шо се замараш, соодветно се облакаш на временските прилики. После кукаат сите, кашлаат, бувтаат, се жалат, а Цацко им е крив. Уште викаш мајтапи праат. И јас нејќам многу натрупување со облека, ми се десило и да искочам не разголена, ама не облечена толку топло како што треба, али мислам, да идеш ко преку лето нон сенс е. И не знам што докажуваат со тоа, мода вајда ко што рече. Ај нека кршат глава. Дека им е ладно, им е, него глумат лудило. Јас на пример, ради глупата анксиозност, и интровертноста, која на нерви ми иде. Не се филмам жими све, поголемо е од мене. Не секад ама коа ме фаќа таков период, некако прво му ја мислам па после тек се охрабрувам.. Заебано е доста веруј, намерно не правам вака. И јас самата си замерувам што сум таква.
До Сашка не можам да дојдам, пробав преку една организација која ми ја кажаа дека соработува со Сашка, но беа премногу арогантни не сакаа да ми ја примат косата, иако ги исполнувам сите критериуми. Ако имаш директен контакт од неа те молам пиши ми го во лп. Доколку знаете некој друг кој изработува перики пишете ми да ги контактирам за донација на коса.
Сите предавачи на тие ИТ академиите се со техничко знаење, т.е се инженери од Финки/ФЕИТ, скоро па никад не земаат во академија предавач што само слушал академија кај нив и се покажал. И кога некој ќе ме праша дали е подобро на академија, или на факултет да оди, му викам отвори на Линктин и види ги предавачите на академијата кој background го имаат во однос на образование, самата ќе си одговориш на прашањето..
Имам другар, нема финки. Има негова IT академија. Дечкото растура, цело време награди добива. И тоа ширум светот. Сепак факултетот не е репер.