, ме изненади што си помислила на мене. Седнав на Јутуб да пребарам како му беше името оти му имам ставено лајк на спотот, Боби Андонов. Ништо не знам за него, ќе треба Госпоѓа Википедиа да се праша за повеќе инфо. Денес сум слободна, утре ќе го работам денот, ама за жал цела сум затната, грлото крш , уште од вчера кивав и си продолжив да кивам иако до сега 4 апчиња Грипостоп се напив, јок Да оbлечам влечките да појдам до кај докторката во комшии да ми препиши некои лекови оти не сум добра, немам сила , ме има фатено грип. Постот каша - попара, ама да не пишувам едно под друго да прикачам слики од едно маче кое ми буди насмевка на лицето . И за крај музика за добро утро . И не од било кој туку од анонимниот музичар и продуцент Лунаар на кој инспирација за музика му е галаксијата . Браво машко , само напред , супер мелодии правиш
Ми искачаат некои реелс од времето кога бев дете. Свесна сум, ама понекогаш стварно не ми се верува колку е се у к**ац отидено. Кој од кој попаметен, вредности никакви, да не зборам за ново печениве родители(мамички), и си викам, фала богу што сум родена тоа време, пошо којзнае каква ќе сум била со новиве родители.
Напрај ме улава, гајле ми е, ама мене веќе пола деценија приоритети за работа ми се: прво, што е работата, второ, кои се работните часови и основните услови, па трето, плата. Не вредат парите ако психата и секојдневието ми се реметат.
Под итно да се врати во мода срамот и срамежливоста! Бесрамни сме. Елементарно чувство на срам да се немало. Каде што не постои срам, царува глупоста или во духот на Фројд отсуство на срам е присуство на глупавост. И ,,сѐ е релативно освен човечката глупавост - таа е апсолутна" - Ајнштајн. Бесрамниците немаат ограничувања. Впрочем, мразат ограничувања, норми, правила, конвенционално однесување и сѐ што е пречка во нивното ,,слободоумие" со дух и тело. Омилена парола им е ,,без влакно на јазик"! Со долгиот, бесрамен и отровен јазик убиваат, умислени дека се искрени и може сѐ да ти кажат во очи. Замислете во ист момент сите сѐ да си кажеме во очи! Апокалипса тотална. Не е тоа искренот. Тоа е невоспитаност. Бесрамност. Секој може да се соблече гол и да биде атракција со скандали. Но не може секој, ,,закопчан до грло", без морални ерозии и скандали да биде професинално реализиран и популарен. Скромноста и срамежливоста под итно да се вратат! Епидемијата на нарцизам станува мода, животен стил и мејнстрим. Младите се тренираат да бидат самобендисани, болно амбициозни и бескруполозни во трката за успех, која се мери во материјало богатство. Колку понечесно стекнато - толку си поуспешен од будалите кои работат за џабе.
Е така, се прибрав од кај докторката. Нека врти сега пералната, после ќе ставам да се печат копанчиња со ориз и зеленчук тава. Ко ќе си дојде маж ми , ќе ручаме, па ќе одеме до еден салон за мебел. Па се вклучив на фемина да кажам само дека страшно на нерва ми идат луѓе што не знаат што сакаат. Нема да посочувам конкретни личности, туку генерално кон сите што се такви. Крајно нерешливи, неодлучи, па ќе се чешат, па се премислуваат по 100 пати дали требало или не требало нешто да се направи, за секоја одлука се мислат, возот замина за Австралија , они уште се мислат. Уф, јас сум многу одлучна, точно знам што сакам , што ми треба и за секаква ситуација одма во моментот одлучувам. Сигурно нема да се чешам абе требаше ли да купам нешто,,, што ќе беше ако купев, а ако не го купев или буквално за се. Ко ќе речам НЕ ќе пресечам и готово, не си одам против мојот збор. Но многу често среќавам луѓе кои по 100 пати ме препрашуваат за некои банални работи од животот како пример дали да си ги купила тие пиџами, 2 недели по ред ми покажува слики донеле друг модел, па се мисли, се чеша, се шушка...... Брееееееј , ако ми требат пиџами одма купувам и завршен е муабетот. Не можам да се дружам со неодлучни луѓе , луѓе несигурни во себе, во своите одлуки. Од што се толку неодлучни пропуштаат некои шанси во животот било тоа да е поврзано со работа или приватен живот, ама битно таквите се мислат и премислуваат 100 пати дали да превземат нешто или не. Нека продолжат да се чешаат , ме прашале и сум им кажала , нема потреба пак и пак за иститот муабет, само ми го трошат времето. А сега е време за едно филмче , нека ми го чајот до мене
Интересно, погледот од страна, како кај овие ВИ агенти е сличен со погледот од внатре, но од маргините: Луѓето се будалести, со векови едни та исти муабети, небаре постои некаква објективност надвор од нивните чувства, стравови, култура. Зборуваат за права, а општествата им се вечно неправедни, измислуваат високи концепти а секогаш се закотвени во црно-бели погледи на светот.
И најјако ми е ко ќе ми речат : па се тебе не ти се погодува, малку ли ти се 34.000?? Си нашла си зашла, немажена без деца.... Демек као зошто ми се мене пари. Психата веќе, нема пара која ќе ја опрај..
Шо има врска други шо ќе кажат, не е тоа поентата. Поентата е дека ти за себе си ставаш приоритети и си знаеш што ти е побитно, па така си бараш и прифаќаш тоа што ти треба. За некој парите се број 1 приоритет, за друг не се.
Сакам да кажам здраво на сите, па како што е ред да се претставам, јас сум Душанка(крстено име) не ми се допага но мое си е, ќе си го носам Вообичаено ме викаат Дуска, а блиските Дуле. Се надевам ќе ме прифатите како дел од вас, и дека ќе имате разбирање ако и некаде погреша. За почеток мислам дека е доволно.
И пак ќе кажам 34,000 не е некоја пара, со придонеси тоа се ко 60 илјади, а вие ќе сработите многу повеќе од тие 34.... Да не праиме муабет како маста ќе ти ја извадат за тие 34... к Дан имаш фабрика за лабело? Само тие тријат раце на ладен воздух, тие и овие шо праат креми за раце.
Верувај на претходното место земав 42. 000, маста ни ја извадоа, без храна и превоз, само јас знаев како ми беше. И као ќути ти што се жалиш, види во фабриките како е.
Овие на Брза кујна be like: Не ни веруваат дека овие оброци се подготвени само за 20 минути. Не, не можеш риба да испечеш за 20 минути. Можеш да ја ставиш да се пече (за кое треба минимум 30-40 минути), да ставиш вода за макарони и во меѓувреме да спремаш десерт. Да, ниедно од тие не е спремено за 20 минути, многу да не серете.
И јас го сакав кога живеев надвор од Скопје ми ги разбиструваше мислите. Со овој воздух тука ,кашлам И ми смета ,сега само лето сакам. Сдк : овошјето секогаш ми е поубаво со лушпа ... знам дека се прскани со свашта ама повкусни ми се...
Абе дали на Македончето, нешто, некогаш, потполно, ќе му се погоди? Да нема критика или замерка…? Мислам дека, овие се прашања стари колку и земјава…
Како да ви кажам ама тоа што сакаме сексот да не е табу, не значи дека треба да е најнормално продавање на секс играчки секаде. Дај да фатиме и без срам да се клецаме на отворено ако не, иначе табу е.
Баш видов прееска, ни на крај памет дека е тоа хахха. Зарем?! Па ако не ни оди ништо во државава, бар сексот да ни оди.