Кога објавувате оглас за работа ставете се, која плата, во колку смени, колку работни дена А и тие страни што ги објавуваат огласите барајте да се комплетни, за на кој му одговара да си аплицира. Фер е секој да ги види условите.
Пишале нудиме: - редовни месечни примања - платен годишен одмор. - работа во пријатна атмосфера. Па кога ќе те прашаат на интервју што можеш ти да им понудиш како вработен треба да речеш - па доаѓање секој ден на време, повеќе шо сакате
Каде се гледаш себеси за 5 години? Wtf?! Бре несалам. А каде се гледа фирмата за 5 години? Покачувања има ли? Колку често? Ај прашај ги, а надмени се праат.
За напредок на некое поле не сме. И ние мрзливи да побараме и тие главните мрзливи да овозможат. За загадување пречесто сме меѓу први 10 или први 5.
Сдк дека откако сум дома, животот ми стана поубав нп ми фалат другарувања. Сакам друштво за на Водно, некој што е слободен за кафе во 1 попладне итн.
Одбрав дома да седам сама, сабота навечер, со книга, чај, црно чоколадо и една многу забавна драма од 19ти век, а имав можност да излезам на пијачка (па и афтер најверојатно) со поголемо друштво. Дали го достигнав пикот на мудроста, или сум чекор до староста. Дилема....
Кога ќе речат абе тоа социјалните мрежи Инстаграм ствараат намалена самодоверба, со сликите од плажи, па кај патувале, кај јаделе, па се запросиле... Море симни Линкдин да видиш што значи намалена самодоверба.
Кога еден за еден објект (станбена зграда во случајов) ќе се добие Одобрение за градење, уште пред да започне градбата, врз основа на одобрениот проект, се добива Предимотен лист (лист за предбележување), кој се користи како документ за купопродажните договори, и многумина мислат дека тоа е валиден Имотен лист. Имотниот лист е документ кој се добива после изведба на зградата, ако таа во целост е изведена согласно проектот со кој е добиено Одобрението за градење. Поради отстапки од одобрениот проект кои се прават (ненамерно или намерно) во тек на градењето, понатаму е проблем да се извади Имотен лист. Значи, сите кои купуваат недвижност во градба, немаат Имотен лист во тој момент.
Немаат во тој момент, ама ваљда за брзо би требало да добијат ако веќе се вселени. А не после година, па и повеќе години да чекаш. Си се вселил, живееш таму ама не можеш ништо со тој стан. Може сакам под кирија да го дадам, ама не можам. А што велиш ова отстапки, па нормално големи имиња и елитни згради ќе имаат отстапки.
На вселување дефинитивно треба да се добие имотниот лист. Зошто кога е комплетно завршена зградата, и' се прави технички прием, и после тоа во најсовршени околности потребни се 2,3 месеци за да се обработи предметот во катастар и да излезе иотниот лист. За издавање под ќирија мислам дека може и со предимотен лист, ама да се продава тешко. А за отстапки, обавезно прават. Да си пробаат за секој случај зошто на голем дел од нив им прогледуваат низ прсти.
Незнаев во која тема да го ставам ова па ај тука оти е најчитана. Да го направиме манијаков малку познат. Ете ladies and gentlemen, какви мажи се шетаат меѓу нас. Ај овој е странец, ама се кладам дека и од нашиве има многу шо имаат пишано такви коментари. За тие шо не разбраа, се зборува за силување.
Ова го** има години наназад, не е нешто ново. Пријателка не можеше да зеде имотен лист (ако не се лажам и уште нема), ама затоа нејзин сосед потегна малку и веднаш си го доби. Зависи кој си, што си, во какви ,,води" пливаш. А ако зборуваме за ,,скриените" проблеми во становите (со клуч на рака буквално) имаше добра влага, асален проблем со цевки, па караници за санирање и сл. Зашто нели, поврзано е со тие над или под нејзе. На тема градби, нешто позитивно и да не се мрчи цело време. Ѕирнете ги дечките од Мелем на инста.
Госпоѓата малку претерува, никој не користи ист прибор за сите деца, ама тоа не го менува фактот дека родителите треба да се известени, бидејќи некој деца имаат страв од забар..