Нема да ги изедат. Сега има и модерни стоматолози кои цртаат на рака. Детето да не и' е посебно чим не го пушта.
Ama coek se dezinficira sekako. Mene ne mi ni teknalo na toa koa idam na zabar. I na kozmeticar, masinkana? Mojata primer ja prska so dezinfekcisko.
Само што гледав временска прогноза и ете од утре предвидуваат провејување на снег на повисоките планински места. Од кога јас велам ми мириса на снег и пишувам за негово паѓање во најава. Они пролетен вајб па пролетен вајб, и вајб и пролет од утре отишле у....тиитттт. Не дека му се радувам на студеното време, треба да мкнам цела зимска опрема на мене по утринскиве тренинзи, ама на снегот ќе му се порадувам. Онака лабаво радување како за прв снег за новава зимска и за мене побитното скијачка сезона кога ќе се натрупа доволно од белово.
Само што сакав да пишам дека видов за сабајле пишува снег Утре ќе си направам аларм шорано на крај 6 барем да видам како паѓа, знам дека нема да се зареди
Сега не знам каде си, ама во градска средина или на места на пониска надморска височина ретко дека ќе попаѓа белово. На повисокиве планински ќе го има над 1200 надморска ако не се лажам првично прогнозираа минатата недела за ден среда и си ставив во планер среда, на високо, снег. Ама денес велат можно е провејување за утре, така што ќе си го поместам планот од среда за утре. Додуша јас и среда ќе си го повторам, планот. Обожавам места на поголема надморска височина.
Можеби. Блазе тебе, одма да акнеш сликче тука, да ни пуштиш малку лиги на нас што мора да се испентариме погоре да го осетиме.
Абе кое известување во училиште каде има редовен стоматолог. Нека не изведуваат многу ова модерниве и презагрижени мајки. Аман веќе! Синко е 5 одд и 2 пати обавезно им вршат контрола. Контрола! Никој не е ненормален да чепка туѓи заби кога не знае претходна ,,историја,, не е матичен доктор. И никој претходно не не известувал. Си одат по класови. Доколку некое дете не сака, има гадење како моево, не прават проблем. И не верувам дека како прво училиштето би си го загрозило рејтингот и угледот а потоа и стоматологот, да гледа заби со ист прибор. И уште ова, за мене е ок ствар да училиштето има такви медицински лица, затоа што доста помагаат, барем кај синко, кога децава добиваат болки во школо.
Шипинки Моментално врне некоја мешавина ама слабо. Видов Радовиш почнало да заредува, а Кратово веќе се е бело. Љубоморен сум им.
Свирката во автомобил е за да го предупредите тој што е пред вас за да не се случи некоја незгода. Не е за да спиете на неа кога е гужва и има премногу сообраќај!!! Колата не може да лета што е пред вас. Трпениее
Абе сите искачаат 5 мин пред времето кај што треба да се. И возат ко манијаци. У Скопје си знаеш, 8-9:30 е лудило, ќе планираш порано да искочиш. Сабајле една абе спиеше на волан мислам, возеше 20 на саат. Напраи колони.. ужас
ХАХАХАХАХАХАХА легендарно Ме потсети на вицот: Си напишав на фрижидер ,,Блажо мора да одиш на диета", среќа не се викам Блажо