Нека пуштаат слики источњациве. Од 4 сабајле дожд само зареди. Снег претпоставувам горе на повисоко, бар така рекоа метеролозиве. А за Ск. и загаденоста, еве под што е поклопен градов. Секогаш е вакво есенско-зимскиов период.
Леле колку ме нервираат спори личности. Воглавно не есапам кој што како, ама во сообраќај или во движење кога еден само може да помине и некоја се влечка и те кочи, жици ми се спојуваат. Знам не сум нешто нај, најтолерантна, ама гледаш сметаш престрој се или отстапи место по пат. Не туку се влечат и поголем ужас е ако ти застане сред пат. Па надвор не е бре нивна лична сопственост. И манекенкине на модна писта се побрзи од некои...стварно веќе од бавни преку ај да не пишам што ми е, да мора се во некои бош термини да идам.
Не мора да врни снег или дожд, доволно е вакво време со сивки облачиња само ама со чист и свеж ладен зимски воздух, и Santa Claus may come to town со ирвасите
Имајте осет малце за почетниците шо допрва се учат да возат, аман! Од таквите како вас шо сте “родени на волан” , ние неуките не можиме да се пуштиме во сообраќај. Колку ќе закасниш некаде ако те кочи почетник шо вози со 40 на час, 2 минути? Имајте обзир малце. Подобро на почеток да возам побавно ама посигурно, отколку да напрам некоја грешка шо можи живот да кошта. И да, не секаде има “бавна лента”, често се само две ленти.
Луѓето немат осет спрема автошколите ти бараш да имаш осет спрема другите возачи. Нели некои родат се учени де
Ne moze kaj so e 50 da vozis 30. Ko so ne moze 70 I sporo vozenje ne e okej. Pravite tenzija. Nekoj ako ne e siguren vo sebe neka ne vlaga odma vo guzvi
Тебе треба да те прашаат почетниците кај да возат и во кој период да возат, аха. Ете одам на работа ко ќе е најголемата гужва, немам избор да го избегнам тој период замисли. Да не треба да летам по пат а вчера сум се пуштила да возам за да не ве налутам вас “искусните”? Свирете до утре слободно, вие правите тензија а не “бавните” шофери.
Не секош значи дека мора да се вози по пропишаната брзина. Сообраќајот е комплексен и секогаш важи правилото "прилагодување на брзината според условите на патот" (без разлика дали е густ сообраќај, временски услови, антропогени проблеми), тоа значи и да е пишано 50 ако нема услов за 50 не смееш да возиш, туку ќе ја прилагодиш брзината според моменталниот услов а кога ќе се појави услов тогаш ќе зголемиш, до тогаш не. Башка има и посебни зони, зона 30, детска зона, зона на смирен сообраќај шо значи и да нема возила и да има услов за поголема брзина, ти не смееш повеќе од 20 или 30, без разлика дали си се брзал/а или не или имало немало коли. А и тие не сигурните во себе т.е почетниците, за да станат сигурни во себе мора да почнат да возат, да стекнат искуство и да почнат да се соочуваат со секакви предизвици во сообраќајот. А искусните ако им се брза еве и мене пример јас спаѓам во ова категорија, треба си го предвидат времето од напред со оглед на тоа ако се брзаат а притоа знаат дека на Партизанска ќе има гужва, не можи да излезиш 5 до 10 и да стасаш возејќи Формула 1 болид. Проблем е шо кај нас сообраќајната култура е 0, секој си го гледа своето ако треба и ќе изгази се пред себе. Чекај малце, не си сам/а, има почетници, други моторни возила кои успоруваат и не можат да постигнат брзина за секунда, деца на патот, животни, итн.
Ne e za letanje. Da ne kocis soobrakaj brzvrska. Ako ima prostor za 50 se vozi 50, ako tebe ti e strac, vozi na otvoreno, kaj Kale, koa ke si sigurna vozi u najgolemata guzva.
Middle finger preku prozor im vadis i ne se zamarash Смеа настрана управо си, како народ неаме сообраќајна култура и да ако наместо 40 вози 60 ќе стигне минута ипол покасно или 10 ако фати два семафори. После нова година ќе почнат камерите шо пари има да се наполни буџетот од искусни шофери
Феминке си заборавила како е кога почнуваш да возиш. Не иде тоа така, се пушташ секаде да возиш иначе никогаш нема да научиш. Ние немаме сообраќајна култура, затоа и вака е хаос. Да има, нема ни да приметиш дека некои поспоро возат.
Поарно возачот да е бавен и тебе како пешак да те испочитува за да не те прати прерано на оној свет, а себеси во затвор. Отколку да се занесува со своето искуство и да направи фатална грешка.
Имаме осет, вие не се пронаоѓајте во секое мислење и не туку срипувајте неповикани. Муабетот го започна друга членка јас само се надоврзав, ама јасно ми е што е работава, така што нема дополнително да губам време да се објаснувам непотребно. Ахам сесре ме погоди . Иначе не свирам толку ја имам поебано што сега преку пенџре излагам и им се дерам Мислам колку глупи заклучоци извлекувате и во се се пронаоѓате Бог да чува и брани сте.
Незнам зошто ама кога ќе стекнете некое искуство во возењето и одма се ви смета. Не заборавајте дека и вие сте биле почетници, сте правеле грешки и сте возеле бавно. Ако сте ,,искусен шофер” тоа не ви дава за право да се љутите зошто некој возел 30, а требало 50. Едноставно на некои почетници му треба подолг период за да се опуштат. Вашето трубење нема ништо да помогни, само уште толку паники стварате без потреба. Голема работа ако почекате плус 2 минути. Сообраќај е, неможеш сѐ точно да испланираш. Постов не ми се однесува за Феминка и за другата членка, гледам дискутирате па си дадов свое мислење.
За ова си потполно во право, никој не го оспорува ова. Исто и за член што пиша за прилагодување на брзина според условите на патот, се си е на место и си стои така. Ама не знам како на сите ви се промкнува ова За конкретна ситуација пишува членкава која ја започна дискусијата. Не пишува за нон-стоп вакви што возат бавно, барем јас така ја разбирам, ама да не се правиме наивни има намерно што се влечкаат(влечка карактери се во се). Или земале си прават муабет со моторциклист пријатели си се препознале, гледа зелено и си зборат и зборат и зборат...или застани на сред пат мавни жмигавци и сите нека чекаат. За каква сообраќајна култура зборуваме кај нас? Сите велите каде брзаш за 2 или колку и таму минути побрзо да се стаса. Видете лично јас никаде можеби не брзам, ама брзаат некои кои животи спасуваат, сте помислиле ли на тоа? Често се случува ти јавуваат дојдете побрзо и пред работно време итно е и што ти сега ќе се влечкаш затоа што некоја решила да се опушта во најпрометен дел од денот!?. Ок и за тоа има начин да поминеш, ама и тоа дополнително ги збунува, ни тоа, ниту свирење за ваквиве имам приметено. Остај ги до бескрај нека кочат, вака ќе се доиспаничат дополнително, никој нема никаде навреме да стаса.