Има некое непишано правило кога се прВзема нешто (без В треба намерно го напишав В, из ината за ука, на неписмените, што се прават многу начитани) значи кога се презема нешто заради авторските права и од почит кон авторот што го пишал се означува изворот од кој е преземено. Која професорка е инаку? Еве навистина поима немам, не сум во тек со се на соц. мрежи, вака на блиц што читнам тука или на кратко некаде. I feel you sis, same here. Дојди да си се гушнеме, како испадна само јас ти ја сфаќам поентата и каде видоа дека свириш или свириме, туку си кажа што си видела и ти пречи утринава, ама кој да разбере е работава. Ајде нек иде живот, една силна
Темава е девојче сакам да кажам и те како пречи кога тупат, а ништо не разбираат од старт, ама ете, ќе се свртат муабети. За ова е оваа тема наменета. За без тупење, кому толку пречи како на тебе да се мачиш да пишуваш, бујрум во другана без цитирање. Таа тема лично мене ич не ми е омилена, сепак форум е да дискутираме. Некому можеби ќе му се прошират ограничените и тесни видици во животот.
Па сигурно на почеток не ти било сеедно, кога ќе си во гужва. Како викаат пушти го човек во огин да се научи. Сепак не се сите исти, и за да се научиш не може да не возиш низ гужва. И јас иако возев супер, прв пат сама во кола не знам како не направив сообраќајка, со плачење влегов дома, и му викав на маж ми ја веќе не возам, зашто немав осет на ретровизорите. Да видиш како следно почнав да имам, па после измислував причини да возам.
Јас возам сабајле у 7 кога е најголемата гужва и неколку пати на една угорница ми има гаснато кола и тоа баш на кружниот. Од сите страни ме заобиколуваат и ем притисок ствараат со свирката. Не можат да се стрпат 15 секунди додека запалам
Времево надвор ми е топ погодено, стандардно ја поминав втората половина од смената на работа по кратки, па кога излегов надвор се препородив. Скоро стемнето небо, отсјај од дожд на асфалт, мокри лисја, улични лампи запалени помеѓу жолти крошни, мојот точак и Ahmad Jamal во уво. А додека возев накај дома сè што мислев е како ќе си ги облечам дебелите тренерки, ќе си напраам чај и ќе цртам со темпери со малата.
Шофериве шо свират на колици од авто школа и пешаци ми се посебен вид на чоеци. Мислат свирката ќе им постеле црвен тепих. Коа ги зимав часовите често ми свиреа, а ја уше немав навикнато од која беа жмигавците а од која брисачите. Нема проблем срце, ако е твојата свирка у прашање, ќе научам за тебе и експресно да возам
Многу ме нервираат луѓе што пример ќе ти искочи во пресрет да те однесе до некаде со кола, или ќе плати кога немаш ситно и после треба да се убедувате пари да земе.. Абе чоек, колата на вода не оди, и парите на тебе на дрво не ти раснат, што сум си земала, сум се возела, ќе си платам, па ако сакаш после фрлај ги од прозор, тие пари посекако за тоа ми биле планирани.. Или па не земај пари, ама друг пат ни те барам да ме возиш, нит ќе ти речам да ми платиш и за мене..
По логикава на некои тука на форумот, во авто-школа кога некој прв пат ќе седне зад воланот, треба да биди веќе возач-експерт. Скопјенце нема време за возачи ученици и почетници, за пи*кици шо возат по 20-30 на час кои одлучиле да пратат знаци од нигде-никаде.
Плукајте по тие што си ги гласавте, и страчкана плава што со прст не мрдна три години за Скопјево. Сите големи градови низ Европа имаат солиден јавен превоз да воопшто не ти треба кола во урбаниот дел. А збориме за огромни градови, со милиони жители. Да не зборам дека сме светлосни години далеку од метро. Па ајде да видиме што ќе направат. Да си одговорам сама, ништо.