Добро од шо е волку загадено? Ќе почнат да казнуваат особи шо палат стрништа и шо се грејат на шо стигнат? Не ми е гајле више кој колку пари има пошо ова го дишат БЕБИЊА, ДЕЦА И БОЛНИ ОСОБИ. Не сте фер. Сте чуле за општествена одговорност и интергенерациска одговорност? Не се дише. И смрди. Џабе и бањање и парфеми коа смрдиме после на ќумур. Стока
Тоа кружниот знак со 50ка не значи дека треба да возиш 50, или за шоферите експерти и 60, туку е ограничување на брзина, што значи дека тука се вози до 50, значи можи и 30, 40. Многу брзо се заборава како е да си возач почетник изгледа откако ќе стекниш искуство, некоја амнезија се добива. Истото му го реков на инструкторот, стварно не разбирам зошто толку нетрпение во сообраќајот кон почетници, сите биле еднаш на почеток, и јас утре ко ќе станам искусен возач треба да имам трпение и почит за почетниците, особено автошколите. Зошто да се брзам и да загрозувам животи, за да стигнам некаде 2 минути и 35 секунди побрзо? Епа нема, ќе си го планираш времето ако има гужви, ти ќе се прилагодуваш. А за тие што свират на автошколи во сообраќај треба посебен круг во пеколот. Забележав случка на факинг пешачки и свиреа на кола од автошкола бидејќи пешаци пропушташе. Дно дна.
На темава погоре, мојата инструкторка е малку нервозна жена, и кога некој ќе ми свири, или некако на друг начин ќе ја изнервира неа, она отвора прозор и го пцуе, до 10 колено ќе му испцуе за 10 секунди..
Ќе се трудиш за нив, ќе им објаснуваш за работата која што си ја работела, без да те прашаат. Ќе ги бодриш да пуштат CV. Ќе се вработат. И, коа ќе дојди време за тебе...знаат дека си во потрага по работа, имате правено муабет. Се праат наудрени, бе,еј! Нит се понудуваат, нит ништо. Ако им пишеш, вака и вака. Ај, добро ќе видам,ќе ти речат. Еве можело кај нас. Затоа, никогаш не се понудувајте први. Оти луѓето се безобразни и забораваат дека сте им помогнале.
За кај се брзате толку со кола и треба да почитувате пред вас кој е тоа ДО 50 ако е пишано не значи на граница да возиш. Јас пример кај шо е 50 со 40 возам. Си мекнеам по пат, уживам, не се брзам. И да почетниците се почетници да речам се учат да возат, не се сите родени учени или од мали нозе дома да му даваат да возат и да мислат дека авто школата е само дозвола за возење. Пример јас до 20 и кусуро години имав одбивност кон коли и воопшто не ни знаев да проверам масло и слично.
Уште веруваш дека од палење оган на срниште го загадува скопје? Не е до тоа не е ни до огревот на дрва, проблемот е малку по како да кажам а да не речам комплициран незнам
Сите сообраќајќи на светот се од препаметни, преискусни, престручни возачи како некои од вас тука што лек им е да лудуваат по улици и испод част им е да почитуваат ограничување на брзина.
Секогаш кога е врнежливо и сиво сабајле има нервозен сообраќај. Ја започнав дискусијата зошто сабајле немаше возач кој не заспа на свирка, мислиш натпревар беше кој ќе свири подолго. Не, лентата нема да тргне бидејќи ти долго свириш, не, тој нема да побрза и не нема да стигнеш 2 мин порано гужва е помири се со тоа! Сабајле бев јас напната од што ме напнаа возачи свирачи. Се согласувам со сите што пишавте дека не се почитува ниту почетник ниту пак авто школа. Но барем јас додека сум возела имало некои кои ми давале предност кога гледаат авто школа. Затоа културата секој си ја носи со себе, некој е свесен некој не е. И да се надоврзам со членката погоре, точно е дека се прават гужви и нервози кај што треба да се вози 80 почетник вози 40, но секој бил некогаш почетник и имајте разбирање. Не му свирите и не му создавајте паника. Заобиколете крај краева.
Сдк едно нзс има: -Ковид болници -Запалени автобуси -паднати настрешници - загаден воздух -крадени лекови по болници Итн
Ова е ужас. Прееска на вести збореа ,,мерки” ,,санкции” Кои мерки, кои санкции жити Господ. Два педа народ, од кои педа ипол се у Скопје. Викендов имав нешто надвор од Скопје. Жими еден Господ на над 20 местенца гореа стрништа ама корнеше корнеше, дома кога дојдов од шо дишев цел ден, бев делулу и главата ме искина. А подоле од нив полиција мери со радар. Тоа е најбитно.
Кога ќе ми речат - млада си ти, ништо не си проживеала, им посакувам да го преживеат истото. Ама види богати, се лутат. Е оти бе? Ако сметате дека животот убавини ми бил, ваљда тоа ви посакувам зарем не?
Кога сме кај шоферите и ограничувањето на брзина, како обожавам да возам по правила, и ми е ќеф кога гледам дека зад мене се лепи, па лево па десно, а не може или не смее да ме претекни, но е нервозен затоа што според него ако пишува 50 треба со 70 да се вози. Некој проценил дека во тој дел треба со таа брзина, и ние сме должни секој знак да го почитуваме