Налетав на една мисла, демек Буда ја рекол: “Peace comes from understanding and accepting that which is.” И ме натера да сфатам дека иам дојдено до тој менталитет преку стоицизмот, па почнав да рефлектирам зошто практикувам така да мислам, дали е океј или е само моментално олеснување во процесирање на нештата. Па се прашувам дали себеубедувањето дека треба да се прифатат нештата такви какви што се е перење на мозок за да полесно се поднесат негативните работи во животот? Дали таквото размислување е океј или е бегање од реалноста? Дали бегањето од реалноста е океј или е штетно? Дали уствари прифаќањето на нештата такви какви што се е еднакво на непревземање ништо за да се променат? Или прво треба да се увидат какви се, па да се прифатат дека се такви какви што си увидел дека се, па ако не ти се допаѓаат да дадеш сè од себе за да ги промениш? Само мисла.
@нина122 Или кога пример на државно ќе ти завршат работа, еднаш ми завршија стварно, преку ред беше. Ме уби срам, нз каде да гледам. Беше за лични документи. И и велам на особава, од срце сакам да ти подарам, колекција беше некоја од Орифлејм или Авон. Ау, ко се вообрази, ко почна да отпревртува очи, као не треба, па леле,па дрско понашање. Не морало. Боже, боже
Де бе, човек услуга да не може да ви напраи. Ако ви напраи, морало да се подари, плати, врати некако, па ако не сакале да прифатат, зошто не прифаќале, ц, ц, ц, какви луѓе, страшно. А ако не ви напраат услуга, пу, какви злобни биле луѓето, никој за никого не се замарал, лошотии. Крај не ви се фаќа, опрајте се.
Мене ми е убаво да подарам некому нешто. Ништо лошо не мислам ни правам. Е сега, не ми е убо коа иронично ќе ме одбијат.
За услуги мислам дека многу влијае од кој иди. Пример ако ми е од фамилија или другарка ни очекувам да ми вратат услуга зошто блиските односи ми се испреплетени. Во смисла, сите даваме и сите земаме. Ако некој само зема и не дава е проблем ама инаку не се тргаат цртички „јас напрајв услуга три пати, ти два пати зато сега нема да ти напрам услуга зошто ми борчиш една“. Па со другарка ми веќе и финансиски си плаќаме меѓу себе и 90% од времето ни знајме која колку има даено за другата. Ако ми иди нештото од некој не толку близок, ако е нешто нематеријално можам да прифатам и да речам океј наредна прилика ако имам можност ќе вратам. Ако е материјално, ми тежни и не само шо сакам да го вратам, плус осеќам како да борчам „услуга“. Е сега поклон е скроз друго. Сметам дека поклони идат од срце и не е нешто како да борчиме да вратиме поклон. Ако осетам потреба да дам на некој нешто е зошто најверојатно го видов нештото и ме потсети на тој некој. И не очекувам ништо назад, го давам само зошто ме потсети на него и е мој начин на искажвање љубов и грижа. Како некоја мачка шо ќе улови глушец и му текнува на тебе и то го носи на черџе - јас така искажвам љубов. И ко ќе на некој му текни на мене ко ќе види нешто и ми го дај - се осеќам сакано и не осеќам потреба одма да вратам, едноставно ко ќе видам нешто како за тој чоек ќе подарам. Знаев дека сум скроз како мачка. Не ме гибај. И еве ти глушец оти те сакам.
Е, зато и реков зависи од кој иди како ја доживувам. Од блиски ми е подарок, од не-блиски ми тежи јебига. Пошто мојот поглед кон луѓе е многу лимитиран. Имам блиски и неблиски. Блиските ги гледам постојано и ми се на памет постојано. Неблиските ги подзаборавам и осеќам поголема одговорност како резултат.
Паа така разбрав хахаха. Иначе убаво е да подариш и да ти подарат. Е сеа ако од нигде никаде и текни на другарка ми да ми даде нешто, подари, јас искрено секогаш враќам подарок. Пошто искрено сеа ми е глупо, некој да ми даде нешто и јас на доброто да не вратам со добро. Без разлика, близок или не. Затоа велат, ако земеш треба и да дадеш.
Те капирам. Сепак нема потреба да се осеќа одговорност, услуга се прави доброволно. Ако некој се покажал негативно по правење услуга, така учиш лекција од истиот човек да не прифаќаш услуга. Што е сосема друго од поентата на услугата. Благодарност е доволно. Види, некој сака да дарува, да прави услуги (што е исто така подарок во одредена форма), да помага, итн. Така сака и може. Нема шо да се осеќаш глупо. Ако прифатиш подарок, не значи дека земаш, самиот тој збор алудира дека на сила земаш, нешто што не е твое. Ти кога даруваш, очекуваш подарок назад?
Услуга се прави без да се очекува нешто за возврат. Ако сакам некому да направам услуга ќе направам од што сакам, а не после некое време да му префрлам за услугата. Мене ова ми се случи со блиската фамилија, не дека ми направиле некоја услуга, ама тие си мислеле така, и за секое ми префрлаат, е сега од нив ништо не сакам. Ај од некој рандом да добијам префрлања, ама од блиска фамилија? Ни кафе не сакам да пијам од такви, низ нос ќе ми го извадат.
За да сфатиш дека и друг кога дарува не очекува подарок назад, па да се ослободиш од нагонот да даруваш зошто ти подариле нешто. Секако, ако сакаш де, не ти кажувам што да праиш.
Да не тупам таму оф топик, ќе тупам тука. Не е дојдено страшно време, страшно време од секогаш е. Немој да ми кажеш дека некогаш било подобро. Туку, се сметаш себе си за отидена у курац?
Шо има врска ова шо го збориме со мене? Или нешто не ти е денот па мора да се закачиш како лампион на некоја елка?
Има врска, пошо викаш сè е отидено у курац, џабе муабет за морал, етика, чесност, итн. Под сè ваљда спаѓаш и ти. Ако не спаѓаш, значи не е сè. Значи има надеж. П.С. Да, таков ми е денот, т.е. утрово, за понатаму ќе видам. Секако ако не си расположена за муабет, не мора да разговараш со мене.
Расположена бев се додека не прочитав дека стари дртави мажи ќе можат да се венчаваат со 9 годишни девојчиња а никој ништо не прави за тоа.
Уште не е изгласано, можеби нема да им успее. Како и да е, поразително и трагично е што воопшто има ваков предлог. Ко шо викаш, останува секој за себе да гледа. Да гледаме ние да бидеме подобри битија и нашите деца да ги воспитаме како што треба за да нема вакви срања, да се борат за подобар свет.
Генерално, услуга даваш ако сакаш и можеш. Но, ако добиеш услуга треба да вратиш. Првото не е задолжително, второто е култура и добро понашање.