Pa ne e deka nema udel i : kola, greenje so sho stignat, palenje strnista, fabriki bez filtri Banda bez komanda
Па не треба да се дозволи некој да те искористува, тоа е сосема друга работа. Муабетот е ете некој некогаш ти излегува во пресрет, ти прави услуга, и шо сеа, мора да му купиш нешто за возврат? За мене тоа е еден вид на комплекс, да не се осеќаш дужен.
Сестре сред Центар живеам, до мене тие што се, се греат на иверица. Значи мириса на изгорена боја секое сабајле а нивниот оџак е на нашиот паркинг. Не можам ебен прозор да отворам до Март. И никому ништо, никој не се замара Пред некој да каже дека МОже НеМА на ШтО дА сЕ грЕаТ, имаат.
Скопје не е предвидено за вака да се гради на прво место изнаправија згради го сопреа протокот на воздухот, второ едно стрниште гори еден ден скопје е загадено преку целата година, трето скопската котлина наместо полиња за храна ја урбанизираа, и секако удел си има согорувањето на дрва за загревање мада шо мислам дека 75 посто и повеќе се на парно и клими, фабриките станаа дел пд градот, навремето биле периферија освен шо немаат филтри ради немање провев се останува во градот. Да не пишам дезертација а да и за крај дрисла … па и што носат во неа не ни знаете ама ајде
Ако нешто правиш, и знаеш дека цената што треба да ја платиш за тоа, е нарушување на твојот личен мир, тогаш не го прави, едноставно не вреди.. Мирот не вреди за ништо и никој да си го изгубиш..
Ама кога ќе ја затупите за нешто, од СДК треба да одделуваат 24/7. Наречете ме скржава слободно, услуга правам само на луѓе што не ги знам. Секогаш ми се враќало и мене од непознати. Од блиски подалеку да си бегате, има и зошто.
Да стварно кога ќе затупат за нешто а првично не го ни разбрале како вчера муабетот што се отвори од @Feminka22 . Јас на сите би им направила услуга тука и познати и непознати. Златен народ сме секогаш пријатно ме изненадувале. Во странство исто како тебе би по тоа што видов и искусив. На блиски јок, подалеку што е можно од нив, а на непознати да или не. Иако ако превагнувам повеќе сум кон да на непознати натаму.
На сите правам услуги,и тие што ги знам и тие што не ги знам таква сожалена душа сум јбг,за возврат добивам само среден прст,тоа е..вајда универзумот ќе ми врати некогаш нешто добро кога ќе ми треба.
Правам добро/услуга и не очекувам да ми возвратат. А многу досега ми се покажало дека доброто со добро се враќа.
Имало навидум глупави и безначајни нешта кои ми помогнале да останам присебна, да продолжам, да сакам да дојде утре. И секогаш ќе ми останат во сеќавање ради тоа. На пример трката од 5км на Скопски маратон. Летото имав една многу гадна случка заради што бев на раб да полудам, да се затворам дома и скрос да се запоставам. И си реков еј, во октомври треба да се тркаш, две години не можеше оти здравјето ти беше кревко, сега ти е шанса. И оти бев инает да извадам добро време, одев и трчав постојано, некогаш во маало, другпат на кеј, па на трето место. И иако пак не бев најокеј, нешто сепак ме спречи да задржам едно ниво на присебност и да се изборам да продолжам. И стварно, за цели три минути си го надминав личниот рекорд на трката. Настрана дали сум посетила стручно лице, не негирам такво нешто. Само ова ми беше еден подруг начин, некоја мотивација или што и да е, да си помогнам некако, да најдам причина како да не стојам во место, колку и да е глупаво отстрана. И некако последниве месеци откако направив некои промени за себе, увидов дека вакви мали работи несвесно ме тераат да го сакам повеќе животот. Некогаш не се ни успех, туку мали радости. Чоколадото што ми останало од вчера и ќе го изедам после работа, двете мачиња во маало што секогаш ме поздравуваат, убавото кафе од омилениот кафич што ќе го пијам за викенд со другарка, песната што вчера ја открив и знам дека дома ќе ја слушам пак на рипит...и многу други Не знам што и како се случи ама сакам вака да продолжам
Значи, модератор, хаос сте што бришано, што не. И со веројатност да го промашам контекстот, ама ... Услуга на државно, за лични документи, НЕ е услуга. За тоа се платени. Да добивав долар за секој еден грешен документ што ми го издале во Македонија, ќе бев милионер. Значи не паѓајте во несвест ко кило крв да ви дале, тоа им е работа. И ништо не е вообразено, и јас би превртувала очи. Апсолутно, не да не мора, НЕ ТРЕБА. Уствари затоа јас 30 години не се чувствував таму ко дома, а од прва во некоја туѓина ми беше дома. Којзнае од која планета сум паднала. Услуга е човек кој ќе ти ја препознае маката и ќе направи се во негова моќ да ти помогне. Предуслов за тоа е емпатија. Враќам со длабока благодарност, совет кој можеби нив ќе им заврши работа и само понекогаш со избран подарок, од срце, не оти можам реципрочна услуга да дадам. Ќе дадам негде на друго место. Важно е да се продолжи линијата на добрина, не во круг на-ти-го, дај-ми-го. А оти ми се јавиле од ујп дека имам грешка во пријавата, не е услуга и спасување свет. Или дека ми е готов пасошот.
Има луѓе што едноставно кај сите други луѓе гледаат само негативност. Која и фацијална експресија да ја направи другиот човек, кој збор и да го каже, која и фраза да ја употреби, сѐ се сфаќа како личен напад или вообразеност и злоба. А не е. Не секој ви прави лице, не секој сака да ве прелаже или да ви преврти очи. Си имате минати трауми од што и да е и перцепцијата ви е толку сменета што секоја интеракција проаѓа низ призмата на "другата страна е зла". На крајот на краишатата, дури и некој што е странец да е тотално арогантен буквално не ми е јасно зошто да правите драма за тоа. Океј, нема да го гледаш секој ден, скроз е небитно. Стварно не разбирам од каде имате енергија за толку лутина кон сите други луѓе и како ви останува енергија за луѓе кои уствари ви се блиски и значајни.
Љубезност и работење како што треба се доживува како услуга пошто е реткост. Мајка ми е од оние кои носат атлантис и кафе на докторка пошто ѝ дала упат, wow упат замисли, до толку е отепана. Константо ѝ велам да престане да ги корумпира и дека тоа им е работа. Паника ме фаќа кога имам некоја обврска и треба да завршам нешто и јас веќе сум у фазон, омг, ми се насмеа овој на шалтер, фин беше, ќе му го препишам станов...
Леле ова за упатов познато ми е. Познавам многу такви што им носат на матичните кафе и благо за еден упат, па дури и мене ме убедуваат да им носам. Па тоа им е работа, кој да ми даде упат ако не матичната, комшиката? Или ако имам некој термин закажано за некој преглед ми велат "немој да одиш со празни раце". Епа нека не ми наплаќаат тогаш.
Епа оти така некои други ѓи учат,ќе си патиме ние шо не им носуваме ништо за еден упат пошо они научени на ќеси...а ние бедните што си чекаме ред и плаќаме поштено,ќе сме секогаш дрско услужени