Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    3.437
    Па затоа и ваква паланка сме. Ситна корупција ти е тоа, дел од традиција ни е, ,,благодарност". Ова се ситни работи, носат виски и моети за поголеми ,,услуги".
     
    На MeowMeow, eliesaab, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.117
    Допаѓања:
    6.253
    Пол:
    Женски
    Јас со години немам отидено на државно. Привилегија е знам. Но подобро си мислам да бидеш мавнат по џеб и да те излечат отколку по психа и да не те излечат.
     
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.533
    Допаѓања:
    33.540
    Пол:
    Женски
    Можеби затоа сестрата од кај матичниот гинеколог беше дрска, со молење ми даваше упати и превртуваше очи, можеби требаше да и' однесам нешто. :D
     
    На ForeverME му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.117
    Допаѓања:
    6.253
    Пол:
    Женски
    Ако не да им даеме и плата на овие. Што очекуваат овие. Ова треба да се туче бре. Ццц, нелуѓе
     
    На Biljarkata и Anyshka им се допаѓа ова.
  5. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Секако
    Ист пример имав у болница пред мене
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.576
    Допаѓања:
    176.452
    Ти посакувам да се преселиш подалеку од мајка ти, по можност во Канада. Студено било јбг, ама не си го продавај Кољо станот...и паметот:D.
    Ми завршија и мене работа еднаш во мк...замисли, после 3 дена одење за истото... пошто еднаш се погоди некој писмен, да го најде документот што беше испечатен |(. Не мислам дека екстра очи ќе им пораснеа од Атлантис. Башка, можда е некој шеќераш, некој можда не пие кафе-батали таа работа, ризично ептен.Едно Благодарам и насмевка е доволно:mm:
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.533
    Допаѓања:
    33.540
    Пол:
    Женски
    Не се виновни тие, туку така ги научиле Стојанка и Петранка, и очекуваат од сите.
     
    На ForeverME му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.117
    Допаѓања:
    6.253
    Пол:
    Женски
    Кој друг ќе да е? Јас да знам дека можам да помогнам на некој свесно и да се изживувам? Па и душман да ми е, па би помогнала. Бонбоњери и чоколади барале бе, ајде нека си најдат таму муж, швалер да им купуе.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Кога ме оперираа од слепо црево пошо бев дете,ја тргна анастезиологот мајка ми настрана и ѝ рече да му даде 500 денари да се почастиле нешто. Мајка ми му дала 300 пошто толку имала во неа,и овој си ги зел без срам...
     
    На Anyshka и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  10. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    11.986
    Пол:
    Женски
    Баш сакав да речам, па вие бе златни ги учите и да примаат мито и да бидат корумпирани. Шо не е така?
    Ги охрабривте, и готово е, сеа тоа си е редовна практика. Па сегде си го применуваат тоа. Кур не им чуе, тоа се подразбира дека мора да биде.

    Менталитетот ни е таков, сме се помириле ние со тоа, за жал. Ќе си промрчиме само дека не чини, не е убаво и тоа е тоа, пак си тераме по старо.

    За работа за која плата зимаат, да се глеа на тоа како на услуга, и да сме дужни и да сакаме да ги почастиме, пошо ни завршиле работа..

    Сетете се и како родители си ги учат дечињата уше од мали нозе да им се лигават на наставниците со секакви поклончиња. Менталитет бе скапан. Од тоа си патиме сите.

    Од блиските, роднините поготово подалекуууу што е можно. Ти праат услуги али после низ нос ти вадат. И све ко килава работата некако се одвива, на сила, бар од мое искуство е така.

    Услуга се праи од мерак, од кејф, не се очекува нешо за возврат.
    Се очекува нормално почит, и тебе мерак да ти е у иднина да им искочиш у пресрет на тие што ти помогнале. Ама не дужен да се осеќаш и што е можно побрзо да сакаш да се раздолжиш. Не ми личи на услуга тогаш. А не знам па за какви услуги и зборите вие, секој ќе си го протолкува по свое.
     
    На christinnn, Realist1 и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.953
    Допаѓања:
    54.798
    Пол:
    Женски
    За блиски луѓе никогаш не ми е проблем да направам услуга. Не очекувам за возврат повеќе од благодарам, бидејќи за нив правам со ќеиф и бидејќи ми значат. И знам дека и тие истото би го сториле за мене. За не толку блиски луѓе исто така сум правела услуги, но ни тогаш не сум очекувала да ми "вратат" некако. Јас тоа го правам бидејќи тоа сум јас, таква сум, сакам да помагам на луѓе. Единствено треба само човек да повлечи граница кога тоа можи да премини во искористување и злоупотреба на добрината.

    Мене исто така ми смета колку се навикнати во здравството да си примаат мито, но и колку меѓу луѓево постои култура на подарување, буквално за секоја ситница, ради реда. Па секако алчни ќе бидат после. Единствено сфаќам во случај на пример, кога тебе или некој твој близок му го спасиле животот, максимално дале сѐ од себе, во никој момент не те запоставиле, па не сакаш да не искажиш благодарност некако.
    Ама тие се научиле, за упат, за преку ред, за тоа што најнормално си ја работеле работата и не знам уште што.

    Јас на дипломирање на факс на професорите им дадов подароци, секако откако го одбранив дипломскиот труд. Дел бидејќи "сите така прават" но дел бидејќи јас бев задоволна генерално со професорите и професорката што ми беше ментор.
    А сега имам спремано поклонче за инструкторот по возење, за кога ќе положам конечно да му се заблагодарам. Ова е чисто од искрена благодарност без разлика дали и колку другите го прават тоа. Јас сум презадоволна од човекот, си поминав најсупер, плус ми излегува во пресрет и кога нема обврска да го прави тоа. Вечно ќе го памтам и фалам, па затоа и со преголем мерак го спремав поклончето персонализирано, исто како кога им спремам на блиски. Наскоро па и да се предаде. :D

    Зборувајќи за подароци за блиски, многу повеќе ми е мерак рандом да им подарувам нешто отколку со повод. Ниту јас па не очекувам од нив да мора на некој повод да ми поклонат нешто обавезно. It just hits different кога добиваш нешто од некој без посебна причина, само бидејќи помислил на тебе. Пример од последно, имав порачано повеќе приврзоци со матрјошка (таа руската кукла) и раздавав така по луѓе кои ми значат, не очекуваа и на сите реакцијата им беше премила. Тоа е доволно за мене. :l:
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.533
    Допаѓања:
    33.540
    Пол:
    Женски
    Од најблиските и роднините подалеку.
    Баш тие ако ти направат некоја мала услуга ќе ти го извадат низ нос.
    Мене една рандом личност многу работа ми заврши, ама навистина и премногу, се' ми закажаа кај што требаше и завршив во еден ден без упат, без ништо.
    Не сме се ни запознале, преку други беше, и' се јавив за да се видиме лично да и' се заблагодарам ми кажа "гледај таму да помине се' како што треба, ќе се видиме, немај гајле".
    Значи некој што не познавам по ми заврши работа од некој си близок роднина кој ќе ми го извади низ нос тоа.
    А најлошо е тоа кога го прават домашните.
     
    На minne992, eliesaab и ForeverME им се допаѓа ова.
  13. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Секогаш е така,не знам шо луѓе се...а наши се уствари..
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BeMyFriend

    BeMyFriend Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2023
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.214
    Пол:
    Машки
    Ново утро, Бог нека ми е на помош
     
    На sino.o.oka, Anie93 и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    11.835
    Пол:
    Женски
    Прав матичен лекар одбива вакви поклони. Тоа му е работа. Ова за било каде. Нема потреба од ништо. Затоа и така после се научени сите, дај ми па да ти завршам работа.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.533
    Допаѓања:
    33.540
    Пол:
    Женски
    И кога ќе отидеш прво те гледа во раце.
    Така ги научиле постарите, и не знам зошто обично во помалите градови е така.
    Јас кога одев во Систина ми велеа да не одам со празни раце, како бесплатно да е таму.
    Тоа им е работа на докторите.
    Јас разбирам ете после добро завршена работа да почастиш, ама ако сакаш, а не да е морално.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    11.835
    Пол:
    Женски
    @Anyshka нека гледа, нема :D
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.533
    Допаѓања:
    33.540
    Пол:
    Женски
    Па очи се за гледање. :D
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.942
    Допаѓања:
    48.623
    Пол:
    Женски
    Чист криминал..
    IMG_3608.jpeg
     
  20. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    11.914
    Пол:
    Женски
    Може да ја најде сметката на апликацијата ако ја има скенирано да види точно датум и саат, и да оди во УЈП да и издадат резервна..
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.