За здравство и купвање "нешто" на доктор - па не можи да сум против нешто поќе. Имав "уникатна" шанса да поминам многу доктори периодов и нигде не осетив потреба да дам нешто плус (да се части пари, виски, мед јер имам домашен итн). А моите сакаа ептен и до негде и нив ги разбирам, сигурно е голема анксиозност ако детето ти е пациент. Разбирам осеќање благодарност, јас можам да кажам дека то го осеќам за матичниот и сестрата и на крај на процес би им однела кафе шо ќе го купам уз пат или како шо напрај една пациентка - купи цеден сок за докторката оти пред мене беше и забележа дека жената уште појадокот си нема изедено од пациенти. Нешто така, чоечно да не речам, апсолутно разбирам. Ама давање пред време само за поќе внимание или внимание воопшто е прво греота. Оти греота е да треба да доплатиме плус за внимание, а се работи за здравје.
Услугата не мора да се наградува со нешто материјално и скапо. Доволно е едно искрено „благодарам“. Ако ви е за давање, може нешто мало и симболично. Не да поддржувате одржување на корупција.
Давање нешто скромно, од тип на кафе или чоколадо во знак на благодарност ми е ок не го сметам за подмитување. Ама и те како е подмитување ако пред време даваш нешто за кое се платени. Јас ѝ имам давано на мојата матична кафе во знак на благодарност што ми даде едни розеви рецепти кои ми требаа за работа. А можеше и да ме одбие
Многу пати во знак на благодарност и добро завршена работа, ми носле кафе или нешто благо, а не сум доктор, секој може да добие нешто во знак на благодарност, не мора да е тоа само доктор.
Мојо став за Лепа Брена во Vouge Adria. Жената си има пари многу поќе од нас, а исто и слобода и си се одржува. Реално, не е ко нас, простосмртници да рмба по 8ч и да и се скратени одредени права како работник. Од др страна, и таа си има стресови,што ние можеме да ги сонуваме само. Толку. Чао.
Зашто институциите би имале улога во отварање на модно студио? Или кога си богат и имаш пари, сите за тебе работат.. Нема да се чудам да лапнале некој милион од ФИТР затоа што се многу иновативни и ќе шијат фустани..
Полека полека завршува и оваа година. Морам да признаам годинава помалку мрчев за разлика од минатата. До душа и на форумов слабо ве дружев оти сум залепена за Јутуб И само кратко и јасно што сакав да кажам .... Треба да излезам да барам поклон, роденден слави маж ми овај викенд, па да видам што глупост ќе ми текне годинава За мене не беше глупост летањето со балон, ама ете кој се плаши од високо , тоа е. Е така
Телепатија е опасна работа ејјј мајку му Туку се прашувам дали осеќате коа ве зборат, и баш у истиот момент се појавувате?
Ми стигнаа тренерки адидас од Спорт М и се разочарав од квалитетот, ко да сум ги зела од пазар. Јес да, ги зедов на попуст ама оргиналната цена беше околу 5500. Налет тоа, како носени да се. Внатрешната страна на горната тренерка ем е испуфкана и материјалот се проѕира. Демек плаќаме квалитет, јеа рајт. Дали би ми испратиле нови ако се пожалам? Со каргото на нивна сметка секако.
Институции...шузнам, специјален поздрав до централен регистар Мада...зависи кај е фамозното студио. Во Дајмонд да не е? Тоа е веќе нова димензија. Инаку, без институции не можеш ни да се родиш, ни да умреш, не пак бизнис да отвориш.
Можеш само да ги замениш со друг производ, распрашај се за нивната полиса за замена на производи, ќе ти ги сменат.
Само мене ли не ми се допаѓа како шминка Дадар? Следам повеќе инфлуенсерки, водителки, јавни личности што се шминкаат кај него редовно, и дали човеков ги шминка за беспари не знам, ама така бледо шминка, не убаво дури изгледа, контурите се познава дека не ги погаѓа убаво, устата ќе земе ќе им ја зголемува со плус кармин, се надевам дека не шминка така луѓе што му плаќаат по 100 евра за шминка..
У право си, не знам што толку фама за кај Дадар. Бар што викаш вака што глеаме според јавните личности воопшто не е ко што треба, многу ко аматерски делува, а скап е. Она со устите што ги зголемуваат со шминката.. Да, треба со помош на шминка визуелно да се напраи ко пополна да личи, нели она липлајнер цртаат линии, ја не се разбирам баш, и сеа се тоа ок, но да личи на нешто сепак, да бидеш разубавена е поентата така? И кај други го иам забележано, ги прецртуваат и над уста, апла се глеа дека не е уста тоа, уште така за на свадби и други прослави ги праат, за што знаеме дека дебело си наплатуваат. А краен резултат, смешен изглед, разочарувачки. Ja со две леви се сметам, па боље ќе го изведев бе, а плаќаш за кај професионалец као демек нели..
https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=1111605993814866&id=100048964282198 Човекот x пати пријавувал кај сите надлежни за проблемот со каналот кој претставува опасност, бидејки каналот не е ограден и тревата не е искосена, и многу лесно може некој да падне и загине, пријавувал во Водостопанство, Водовод и до инспекторите во Собрание, одговорот бил земи ти сам загради и искоси тревата. Лудило next level..
Тој Штекли има среќа у гз . Комотно можеме да го наречеме македонскиот Чак Норис. Ни куршум ни бомби му можат нешто