Го земам твојов коментар, ме инспирира да кажам нешто. Државата не ни е заборавена во историја. Сè уште не е. Може и на Марс да се преселиме, тоа нема да го смени фактот дека сè уште не е. Па така имаме 2 опции: 1. да се одселиме засекогаш во друга држава и таму да вложуваме, 2. да останеме во Македонија и тука да вложуваме. Како можеш да вложиш? 1. Директно преку себе, така што ти ќе бидеш морален, работлив, некорумпиран, немрзелив, колегијален, ќе имаш почит кон луѓето, ќе се грижиш за средината, за природата, нема да штетиш и расипуваш, ќе се грижиш за себе, за сопственото здравје, додади-што-год-сметаш-дека-е-корисно-и-позитивно; 2. Преку децата, пошо децата се иднината, тие се оние кои ќе продолжат да ја "водат" државата и кои ќе продолжат да вложуваат, па така да ги учиме децата како да бидат корисни и позитивни битија за општеството. Скурца ми е да слушам како ја уништиле државата, и као, тоа е тоа, јебига, да си почекаме да умреме со тој факт. Факт е, да, уништена е. Но сè уште постои и поради тоа можат да се променат нештата - ако се сака. Сè останато е лузерски менталитет. Како беше она фамозното: биди промената што сакаш да ја видиш. И преку себе и преку децата ако ги имаш.
Секад кога ќе им решам проблем во некоја државна институција за пристап се осеќам како да сум виновна затоа што луѓето ќе работат поради мене..
14 Ноември 2024 .......13 часот = на суд. Се сеќавате на 14 Март 2024 ко ме удри со вратата еден мангуп додека со точок одев на работа ? Епа денес беше судењето. Со мене имаше и еден човек преведувач , во случај да не разберам некој германски термин па да ми каже. Судијата : Прво кажува некои закони , кажа колку е битно да се збори само ВИСТИНАТА и после почна со првото прашање : кажи ни го целото твое име и презиме Јас: таа и таа Судијата : дата на раѓање ? Јас : 14 Декември 1985 Судијата : ах, па тебе ти е роденден наредниот месец Јас : да Судијата : дали може да се сетиш и да ни раскажеш што ти се случи на 14 Март 2024? Јас: Секако..... и почнувам се по ред. Судијата ме прекинува : дали ги имаш сеуште фотографиите од колата со табличките ? Јас : да , еве ти го мобилниот слободно види Судијата : дали обвинетиот ти рече нешто тој ден Јас : не , обвинетиот ме изигнорира без да се извини што ме уди со вратата и без да ме праша дали сум во ред, дали ми треба помош. Судијата : како ти е сега раката ? Јас : се е во ред, оздравено ми е. Судијата : дали кај тебе го имаш боловањето од клиниката каде што тре прегледаа Јас : еве ти го документот и докторот што има пишано и плус боловањето 4 дена со заврзана рака бев. Судијата се врти кај адвокатот на обвинетиот : дали имате некое прашање ? Адвокатот на обвинетиот : кажи ми каква боја алишта носеше ти тој ден и дали одеше на работа или на кафе? Јас : спортски се носам секогаш, во црно бев облечена, со точок по патекакта кон работата.Па кога стигнувам на работа се облекувам во униформа за на работа. Адвокатот на обвинетиот : а зошто му ја сликаше регистрацијата на колата ? Имаше ли потреба? Јас : за да го дознаам името на човекот кој не ми се ниту извини, ниту ми пружи помош. Адвокатот на обвинетиот : кој повика полиција ? Јас : кога стигнав со крв на работа , директорката повика полиција и ми помогна да се напише репорт во врска со случајот. Адвокатот на обвинетиот : немам повеќе прашања. Судијата : добро, дали имаш уште нешто да додадеш. Јас : денес сме собрани тука оти обвинетиот се нема извинето, да се извинеше на лице место немаше да додје до ова. Обвинетиот станува од клупата , се држи со раката на срце и вели : ИЗВИНИ , многу ми е жал, не мислев дека толку те повредив , стварно не те видов и не мислев дека е до толку сериозна работата. Навистина извини. Јас : добро е што се извини, мене тој збор ИЗВИНИ многу ми значи, со него покажуваш на некој начин емпатија, човечност, а не да ме изигнорираш ко куче на улица. Судијата : дали го носиш документот да ти исплатиме за денешниот ден патни трошоци, пари за изгубен работен ден и некои слични ствари? Јас : нема потреба да ми плаќате, не сакам никакви пари од вас , ЗА МЕНЕ најбитно ми беше да го слушнам зборот ИЗВИНИ , сите сме луѓе , се дешаваат грешки, но човечки е да се извиниш , а не да игнорираш. Судијата : во ред, слободна си, имај убав ден. Буквално кратко и јасно. Јас излегувам од судницата , на клупата надвор пред врата во ходникот чекаат уште сведоци кои се судат против истиот мангуп. Виновникот си остана на клупата со адвокатот негов, а овие по мене што чекаат , ги викаат еден по еден да си сведочат за нивен случај што им се случила верувале или не СО ИСТИОТ ЧОВЕК. Значи, овој богами има направено повеќе прекршоци. И така, Херера си дојде дома, ручавме со маж ми, му кажувам како си поминав у Судот и одма се уклучив на фемина форум, сакам во писмена форма да го имам ова , да ми остане за успомен.
https://kanal5.com.mk/kanal-5-repor...-na-skopje-prepoln-so-chovechki-izmet/a669449 не сте ни говеда. И говедата мислат кај вршат нужда. Гадови едни
Не верував дека HR во една компанија, што се праи ептен јака, ќе си дозволи изнесувањето на лични информации од апликанти. Не знам што се постигнува со потсмевање на тој што си бара работа, плус распрашвање луѓе наоколу, дали некој го знаел апликантот, па го повторува како се однесувал на интервју.... Ако ставаш деца со 0 искуство и однесување спрема кандидати, бар стај некој што стварно го бива, а не некој што се излижал за на таа позиција.
Благодарна сум за сите луѓе во мојот живот. Се осеќам како да сум добила на лото. Имам само 3 другарки, но знам дека вистински ме сакаат и во сите мои тешки фази во животот останале до мене. За родителите да не зборувам, буквално тие направиле се за мене и ми се најголема поддршка без разлика на се. Имам партнер со кој сме врвеле низ многу тешки периоди, и кон кој не сум била секогаш добра, но заедно учиме да сме подобри и учиме да се сакаме секој ден. И сестра ми која ми е се, која е дупло помала од мене(13год) и е толку паметна, и е секогаш моја поддршка и ме гледа со многу љубов и ја сакам најмногу на свет. Се осеќам многу среќна и благодарна за сите. Јас сум среќен човек!!!!!!
Еве 2025та ќе дојде, луѓево уште не сфатија дека агресивно дување нос на 10 минути не помага за растечен и затнат нос туку помага спреј и други препарати што го одзатнуваат носот, то ест намалуваат оток внатре во нос. "Абе издувај го, какви спрејови, хемикалии ќе прскаш". Е фала Славице, ја цел живот не сум извадила мрсул сама, чекав ти да ми кажеш.
Ама што очекуваш од личности на кои ваквите работи не им биле магично решени или биле толку вештачки што се опасни? Па АД е вештачки прашок и ако ти препише доктор нешто од ова врзан е со некоја фирма затоа ти ги препишал, што знае тој глупак што учел цели 6 години па ако е специјалист уште дополнителни години? И така, послем носете им подароци за услугата што ви ја препишале на розeва рецепта тие глупаците. Сами сме си криви што не им одиме со празни раце насекаде што има да им се дава кога тоа им е работа, а и така се глупи нема ништо што ти кажале да ти помогне си кажува и исекнува јако и течно и го фрла на земја
Во државна институција ќе работат добар виц. Како и да е, ако решат да работат и заработат да ти чуе само, најмалку да се осеќаш виновна Нине
Ми се јавува дотичната, колешката во 2021 и отишла во пензија, она дошла на нејзино место, и требало нов јузер за она да се најави на апликацијата да работи.. Цели три години госпоѓата се немала најавено на апликација да работи, цели три години, ама сега директорот се сменил, па он барал да работат и затоа не побарала да и отвориме јузер.
Што збориш? Добро што правела цели 3 години? Барем одела на работа или и таа како тие стотина од пошти што си седеле дома и им стигала плата во плик или на трансакциска. Не е за смеење, за плачење е, ама така смешно го раскажуваш.
Иам на едното уво горе дупнато, и уште кога ми го дупнаа ми стаија медицинка. Ја носам пошо ми е убава. Сеа видов кристалчето паднало. Кај да купам друга? Ама исто медицинка, да можам да се бањам све со нејзе, оваа 2 год не мрдна. Исто у златара? Оваа у Рубин ми ја стаија
Песнава е reason number 1 зошто сакам да научам француски. Го обожавам јазиков. Ми излезе на тик ток: "If I could speak French, I would never shut up"
Не ви е глупо да имате толку ниски стандарди? За луѓе, за места, за пари, за здравје, за активности, за сè?