Мене ми е за себе. За другите не гледам, доволно ми се моите грижи, немам време за други луѓе. Е сега кој сака нека не се занимава со својот живот туку со туѓ.
Така треба, исто функционирам. Кој како сака нека си прави, ама глупи работи се глупи, без разлика дали ние се грижиме за туѓи постапки или не. ¯\_(ツ)_/¯
Немам ништо против пензионери, ама човече, не може да се буткаш преку ред да ти измерат на пиљара затоа што ја знаеш жената што мери и да си земаш за право после тоа да се бутнеш пред мене на каса без ич срам.. Сфаќам дека се стари и се тоа, ама еве мене денес стомакот ме болеше, црева ми се превртуваа, бев до маркет по леб, влошки, и нешто овошје, па јас не се бутав така како вас затоа што мене не ми е добро..
Рушење стигма за ментално здравје оставете да го вршат екшуал стручни лица и луѓе кои екшуал некако се соочиле (дали самите или нивни блиски) со ментални проблеми, а не тикток фејк експерти. Знаеме дека за секоја емоција, однесување, постапка има позадина зошто и како се појавува. Ама овие од сѐ прават "trauma response", секој стрес на работното место бил убиствен за менталното здравје, буквално мислат дека добро (одржано) ментално здравје значи нула стресови, сѐ правиш под конец, разумно и само смешки и заебанции дека ти е животот. Можеш да си немал никогаш трума и пак да си ги пукаш прстите, да си играш со косата или да се извинуваш често или може да сакаш да поминуваш квалитетно време со партнерот иако од дома си бил сакан. Може да те советува психолог како да бидеш подисциплиниран и посамоуверен кога работиш ама дека ќе имаш нула стрес, не може, жал ми е. Едно е да ти даваат задачи кои бараат одговорност и концентрација и 10 пати проверување, друго е да те понижуваат дека си неспособен, да не сакаат да ти помогнат од инат, да се прават бог и батина дека се поискусни. Второво го доживеав, многу добро ми е јасна разликата. Ко што нормално дека ќе те боли кичма ако денес 8 саати работиш на компјутер без пауза и не трчаш да се снимаш, така и умот ќе ти биде уморен од работа и ќе осеќаш одговорност и стрес, без разлика колку пати ќе отидеш на психолог.
Не го памтам, пишав пред некое време и тоа не го фатив од почеток, улетав и ме заинтригира. Ќе прочепкам по нетов ако го најдам ќе ти го пишам
И мене не ми се допаѓа ова, независно од возраста. Сепак постари се имаат предност, ама треба да имаат и култура културно да те прашаат може ли? Ти можеби имаш дома расплакано бебе те чека најбрзо што можеш да се вратиш. Така пред некоја вечер во маркет малку пред затворање кога едната каса инстант решаваат да ја пребројуваат и се префрлаат муштерииве на другава каса во редот во кој културно си стојам со купишта во корпа ама ја држам во рака наместо да ја потпрам каде што има место за тоа на лентата, затоа што се уште не ми е редот на мене да потпирам таму и доаѓа еден постар господин. Јас си чекам онака замислена и во себе си велам ајде побрзо ми паднаа раце од товарот и човеков ми доаѓа од нигде некаде и ми вика јас имам леб и сега од кај да знам што сака јас? Првично си помислив му се прави муабет. Ама на таа пред мене и светна изгледа подолго време го следеше што прави и го пропушти што е во ред постапка од неа и јас би го ама обрати се културно извини таа и таа јас си купив само леб би можело ли да ме пуштиш преку ред. Толку е едноставно, ама луѓево се навикнати со подбутни се или со само кажи без да замолиш и ете магично се можело.
Ништо не се подобри ни младите, и тие одат преку ред без да прашаат. Јас и едно нешто да купам си чекам ред, па ме пуштале дури и пензионери. А една па што работи во суд, онака ја познавам преку други, дотерана, пицната, се избута пред мене без да праша, која култура.
Гледав подкаст кај Ландов со Моника Зајкова.. Луѓе, толку се разочарав од оваа наша држава, цел штаб на ЛДП инспектори, директори, заменици директори, вработени по институции со плати над 1000 евра што сега изгубиле работа поради изборите.. Толку ли бе нашава држава нема кадар да вработи луѓе што стварно ги бива, не викам дека дел од нив не ги бива, ама со самото тоа што дозволиле да трчаат по штабови за да ги вработат изгубиле на вредност како луѓе, и Моника вика па овие сите имаат факултет.. Е добро, чим имаат факултет, супер, сте ги ставиле на функција, па се сменила власта, па новата власт ги тргнала нив си ставила свои други луѓе исто со факултет нели бидејќи во мк е мн тешко факултет да имаш.. Срамота е државата вака да ни функционира, распишете оглас, нека си се пријави кој е компетентен.. Од дупнато, во шупливо, од шупливо во празно, од празно во провалија, е така оди нашата држава, јас последниве неколку дена доживувам момент на комплетно разочарување од нашава држава..
Pred nekolku dena postirav tuka vo ovaa tema video so čovek koj otišol da pobara vo opštinskto sobranie od inspektorite da se ogradi nebezbeden kanal bidejki luge go imat zagubeno životoot vo taj kanal, inspektorite mu rekle zemi ti zagradi go, se skarale i mu viknale policija na čovekot..
Ако не е на твое земјиште, не смееш да го заградиш.. Ако е на приватно, треба да си го загради сопственикот на плацот.. Кај нас постои синдром на непревземање одговорност, значи општината за да го загради ќе каже ама не можеме така, ни треба проектен план, ни треба изведувач, ни треба фирма за набавка на материјали, па не е предвидено во буџетот на општината за оваа година, и така, никад нема да го направат.. Секоја влада исто, дојдат ли на кожна фотеља, само како да станат уште побогати мислат.. На чичко ми му пишаа казна затоа што спратот што легално извадил документација дека ќе го гради, пола метар плус повисокото си го направил, јесте да и он е крив, ама нема државата да ни процвета што ти на некого ќе му земеш пари за пола метар повеќе што му е спратот.
Dosta mi e mene od nepravdini vo ovaa država, ne velam deka na drugo mesto e se ok ama kako so e kaj nas bezredie i haos ne veruvam na dr mesto da e taka. Nemas kade da se ožališ, sekade ti barat mito..Dojde Isto vreme kao Kolozov vo prikaznata koa sakase da se ožali nekade zatoa so mu baraa jajca mito i so povisoko se žaleše se poveke mito mu baraa
Чекам ред во КАМ. Пред мене имаше маж и жена. Позади мене жена со едно пакетче кикирики. Упорно се буташе во мене, ама не ја пуштив преку ред. Не се научија луѓево дека прво треба да прашаат дали може да одат преку ред
И пред мене се бутаат, но не ги пуштам. Има и такви што тој/таа пред мене ќе го/ја прашаат, а мене не. И нив не ги пуштам. Не може така преку ред. И треба сите да бидат прашани. Кога на мене не ми е мака да прашам, и на нив не треба да им е.
Кога оваа година имаш се што си посакувал лани. Си го чекал овој момент долго долго, и сега имаш се ' ама немаш раат,спокој лезет. И сакам од кожа да си излезам, а не можам Сакам некој да ми рече ќе бидеш поодбро, ќе се навикнеш,нема ни да се сеќаваш на ова. Ми доаѓа да си запалам свеќа за мојот живот пред 2 месеци, да го испратам онака како што доликува...
Што знам изгледа јас испаѓа глупичка сум што сум полна со толку сожалување за постари господини и госпоѓи и да не ме прашаат најкултурно на свет би ги пропуштила, ама јас човеков на прва не ни сфатив што сака. Ми вели јас имам леб и си велам може му се зборува. Најчесто се стари оставени сами на себе, осамени и кога ќе те начекаат на ред во гужвите знаат цел живот да ти го прераскажат само онака ако љубезно ги погледнеш со блага насмевка. А јас како за мана или што знам некоја карактеристика ми е секогаш имам некоја блага насмевка, дека си мозгам за убави моменти најчесто и ми создаваат убави емоции во душа и на лице. Можеби тоа им делува како знак да си прозборат. Ама не замерувам и таа пред мене што го следела подолго време и укапира што сакал го пропушти пред ред, не и се ни замерив ниту неа, зошто? За еден леб на еден постар господин во една ноќ на оваа студенило да ја правиме големата? Ама ми остави непријатен впечаток што и мене кога ми пристапи не ми кажа извини дали може или не мораше ни да праша постар е ај му отпишувам на старост, ама да речеше барем сакам пред тебе да го сфатев што сака обавезно ќе му дадев предост. Ама и неа ништо не и рече, ниту едно благодарам. Што знам јас бар од култура, од почит спрема направениот гест секому би рекла едно благодарам. Чудни стануваме со годините, се поосамени, посурови еден кон друг, со помалку разбирање за туѓите маки и потреби и млади кон стари и тие кон нас, се повеќе лицемерни, некултурни... Жалосна слика.
Ова е многу разорачувачко сознание кога гледаш како се ставаат на позиција со врски, гурање, потпикнување... Инаку не си во право за тоа дека не е многу тешко да имаш дипломирано, има факултети кадешто не може секој да се запише пред се, а па и да дипломира. Имаш и факултети на кои многу се запишуваат, ама не им се учи и се откажуваат. Барем факултетот што го имаш ти свесна си дека не е во полесните и мислам дека исто си свесна дека не секој може да го заврши. Таму отсекогаш на тони се запишуваат ама колку навистина дипломираат воопшто, колку со генерацијата што се запишеле или годиништа потоа? Друго покрај соодветна диплома за раководна позиција при распишување оглас, а особено при регрутацијата и селекцијата треба да важат и да се исполнети многу други барања од кандидатот освен изгледа клучното партиска книшка како што му излегува по твоево пишано и кажаното на таа Моника.