Тоа со седењето во автобус е скроз друга тема и се согласувам дека старите се многу многу безобразни. Се буткаат, тие што стојат на врата не сакаат да излезат за да излезат другите, мислат дека само они заслужуваат да седнат итн. А за пуштањето преку ред можеш ти да мислиш дека е некултура и да се нервираш дека некој не ти отстапил ред ама тоа не значи дека ти си во право и дека другите грешат.
Е ај сеа, идам од Бт за Ск со огромен куфер, фаќам 5ка за Аеродром. Ми отпревртуваат очи зашто да не му напраам место на постари. Е ај.
Живти господ фати такси, у 5ка немам влезено 6 години и не планирам да влезам у наредните 60... Последен пат пензионерите ми седеа на скали и ми рекоа да си рипам од горе до доле, оти не можеле да стануваат. Господ здравје да им даде на Елит Такси
Во поновите автобуси на ЈСП позади тоа што е за куцање кај предната врата има простор предодреден да си ставиш куфер, ама треба да стоиш до него..
7 километри вожња низ Скопје е 250-300 денари, од Автобуска до последна 5-ка е 200 денари максимум и тоа со гужви.
Јас ретко се возам во такси, два пати годишно, последен пат се возев во Август од Континентал до Зоолошка и ми зема 280 денари, не беше ни ноќе.
Со гужва толку е од прилика, ама и долга вожња е, зависи. Јас често одам Автокоманда-Карпош 2, обично се движам од 250 до 350, во зависност од гужва и тоа кој вози. Редовните што ме знаат, и знаат дека треба брзо да ме возат, стигаме со 250, оние ланзам 300, ептен у гужва 350. Најмногу платив кога беа протестите со ЈСП и тогаш беше 600 денари, ама саат време си седев со такси ВОЗАЧКАТА, прејако, има 3-4 жени возачи на такси и ми се прејаки.
Ем кај ќе стојам освен до куферот? Таму си стоев. Ау кое такси бе. Некогаш мож неам пари во мене та да плаќам. Еве дам збориме за случаи коа неам пари па сум морала да се возам.
Немаш пари во тебе или немаш пари воопшто? Ако немаш во тебе, јас многу често им влегувам и им викам, неам пари во мене, ќе ме почекаш, ќе ти симнам. И така, вожња до дома и кога немам пари во мене. А ако немаш немаш, жалам, ЈСП бус е гадно искуство.
Што е важно дали нема во себе или нема воопшто. И да има, нејзин избор е дали ќе се вози со автобус или такси. Не за џабе се вели јавен превоз така да, секој има право на истиот.
Што е битно еве бе неам во мене. Само на картица иам, цимерката не е дома. Муабето кај нас јавниот превоз е хаос. Немаме основна култура
Јас не го кажав тоа во насока на ЈСП само за пензионерите. Туку во насока ЈСП е гнасно и се фаќа лепра од немиените автобуси. Јас последните 3 пати возење се разболив, затоа што двојка поминува пред Поликлиника Бит Пазар и сите болни и јас... И од тогаш и кога немам за јадење, пак си идам со такси, за да не биде 3000 на лекови, ем неарно, ем без пари ем малтретиран по автобуси.
Ма немаме ништо, ама се додека не се истреби дебилааната, нема ни да имаме, јас ти зборам за твое добро, за да не си тупиш глава со глупости како ЈСП и нивните немиени автобуси.
Леле не ми треба жалење ич не сум скраја да е пу пу... КАракреро ми го оцени по едно мислење? Не смеј да има секој свое МИСЛЕЊЕ?
Абе нема на што фала, него муабетот ми е, 200 денари вредат за тоа никој да не ти шмрка/кива/кашла и прди дур ти се клацкаш со автобусот. (да не праиме муабет возачите какви гоеда се) Еве пред некој ден пред Гоце студентскиот поминува 5-ка, и девојче трча по него, јас на возачов му сигнализирам да застане, он ја гледа у ретровизор и побрза да затвори врати и да тргне. За 5 чекори не го почека девојчево, а бусот беше полу-празен.