Како ме фати половината денес, не можам да мрднам, ми текна кога се заебавав пред некое време во Љубовни проблеми и совети кога имаше некој мака со половината и да ви кажам сега не ми е смешно ич..
Ќе ти помине како на кутре, треба време да си помине. После ќе бидеш како нова и едно да знаеш вака барем јас од мое искуство сум приметила ме мава некој си кармички малер, на што се поднасмеав како исмевање тоа ми се врати како бумеранг. И така се смеам само ако е за нешто убаво или вицкасто, комично, за друго ако знам да дадам совет или понудам помош, ако не мукла за да...пишав веќе. Ми се пријаде чоколадо ама станав си излупив мандарина е тоа е карактер со големи м..А Нема лабаво, само право кон целта
Сум имала ситуација во Рамстор трудна во 9 месец, една баба пред мене и се обрати на жена околу 40тите што беше пред бабата да ме пуштат пред ред бидејќи сум трудна да не чекам. Одговорот на жената беше: Еххх, па колку трудници има како неа нека си почека. Кој ја тера да доаѓа во маркет.. Пред една недела бев со малото на пазарење ( да се надоврзам и на членката погоре што пиша за мајката и бебето што плачело а таа количка возела ); не секогаш имаме кој да го чува, второ маркет е сите имаме право да влеземе - чим маркетот располага со колички значи има доволно простор. Но следен пат кажи кога ќе одиш ќе направиме простор за тебе . Нејсе, муабетот ми беше кога бев со бебето еден дедо ме пушти со молење пред него иако он имаше помалку работи. Се е до културата на човекот. Има луѓе како членкава погоре што очигледно немаат емпатија и култура, има луѓе и без разлика на нивната старост имаат осет за останатите луѓе пред нив Не е секогаш во старите луѓе, многу млади се исто така некултурни. Културата доаѓа од нас. Ќе направиме промена само ако почнеме од нас
Ама чувај боже да зуцнеш против родителите, па тие само најдоброто го прават за своите деца. Племето ваше, да ве стави човек на леб и вода да живеете дур не си ги воспитате децата. Утре и човек ќе утепаат со вакви играчки, ама пак неказнето ќе поминат и они и вие. Да посведочам вакво нешо или недајбоже да сум сама жртва, ќе пријавам со сите салтанати и ич патка нема да ме боли.
Денес налетав на првиот снег за оваа нова зимска сезона, скијачка да не пишам и сум толку многу среќна и превозбудена. Слично возбудена сум можеби како онаа што му кажа на покоен Драган, леле Драгане се возбудив. Заборвив слика од возбуда Спојлер
На планина. За следниот викенд си уплатив аранжман за скијање на повисока планина и поснежни слики ќе имам. Stay tuned.
На темава иаме праено муабет мал милион пати, ама пак да си кажам: културата те праи човек или нечовек. Може не си насилник, крадец, зависник, шо знам, ама пак си општествена штеточина со некултурата и треба дома да си седиш, да не се движиш меѓу луѓе. Во рок од 3 дена, 2 пати ми се случува да ми застанат пред мене во ред, ко да не постојам. Едната штеточина беше со дете, баш убав пример за каков човек да биде, во Стокомак лабаво си застана помеѓу мене и таа пред мене. Сеа во аптека, идентично, само постара жена. Навидум изгледаат убаво, средено, насмеани, ама џабе. Штеточини. Само не сфаќаат пошо толку мозок имаат, за греота. Не дека кој знае каква карма ќе им се врати, ама ќе им се врати. Пошо ваквото однесување кажува дека немаат основна култура и баш од ваквите постапки може да се претпостави дека се гомна на разно разни начини. И после сигурно ќе си речат "што сум напраила во животот за вака лошо да ми се враќа". Зачудени безмозочни општествени штеточини. Уште па земале родиле и се нафатиле да воспитиваат деца...
Мене секад ме бутаат преку ред. Посебно у маркет или у автобус често ме избуткуваат. Ми имаат кажано личам ко за некоја од 15, многу помладо од моите години. Им изглеам на луѓево веројатно многу младо и наивно па секад глеаат да се пикнат пред мене. Нишо не им кажувам. Нејќам енергијата да си ја трошам на некое исфрустрирано чиче или тете па да ми се поебе денот. Кој сака нека му биде, јас и онака си завршам тоа што ми треба.
Буквално исто. Да имале мозок, не би го правеле тоа воопшто. Штом го прават, немаат. Тоа значи за џабе трошење време и енергија, само ќе се најдеш во негативна енергија и драма. Ама понекад не можам да се воздржам од саркастичен коментар.
Пред некој месец бев у банка си чекам ред ко секој нормален на својот шалтер. И еден од позади ме бутка и ми вика девојче извини ама јас си дојдов пред тебе, ако ти стоеше тука. А он цело време седеше на стол, оти не му се стоеше. Али човеков апла кавгаџија беше, што да кажам. Нефер беше и другите видоа, али јас ќе требаше со овој да се тепам за да си го зачувам редот. И си викам јбг живот, 2 минути не значат, а на мене денов ми значи и го пуштив, не кажав ништо.