Ова изгледа на велико е станато пракса, посебно во Скопјево. Ако те видат дека држиш дистанца во ред и не си му залепен на тој пред тебе во врат, обавезно се пика некој. Мм пред два дена, дури си чекал ред на месара во Веро се свртел да види рандом цена, пред него се нацртала госпожа па уште зела да се кара дека таа била пред него. Пази, и синот возрасен маж некој, влетал и тој да се расправа. Мене сто пати ме имаат прередено, посебно кај што се мери овошје/зеленчук, ама ги пуштам, многу сакам да им го гледам победничкиот израз на лицето, онака дури горди, успеале. Ајде велам, ако ова ви го направи денот, терајте. И друго од серијалот македонска култура - стално на каса ко ќе сум со полна корпа/количка пуштам ако некој позади чека за еден два продукти, или со мали деца, трудници.. Пред некое време, одам со мало дете за рака само со леб во раце, скоро стигнати на каса, пред мене со трчање се убацува една со преполна корпа, океј си се намести, и откако искуца миљон продукти сфати дека немала пари, па ја чекавме да оди картица да земе .
Немаат воопшто култура луѓево за чекање ред. И кога се чека ред за влез некаде (за во автобус особено сум приметила), сите на куп се собираат и се туркаат. За в маркет ако видам дека некој сака да се проври така и да се прави нисам одавде, и јас одам уште понапред па нека се турка тука ако веќе воопшто нема срам. Не сум некоја што се кара мирна сум, но ако ми стапни на нерв ептен нема да ќутам. А буквално само да праша културно некој би го пуштила без проблем, макар имал повеќе продукти од мене. Можеби се брза можеби не, небитно, битно културно прашај си наместо да се туркаш. Common sense is not so common.
Мене ми текна на една дешавка на почеток на годинава. Откако ми помина настинкава чекам кај матичнава ред, да си земам боледување или оправдание поим неам шо беше. И доаѓа ред на мене, се отвара вратата ме викаат мене и една жена со синчето, ме избутка. Вика извини мн болен ми е нешо. И синче беше иронично кажано. Човеков беше едно магаре магаросано од 30 год. и ја држеше мајка му за рака. Си мислам дали уште е он на цицка. И општо овие им се чудам на 30, 40 годишниве со мама и тато. Бев на забар, два крајници за вадење имав. И двата пати кога вадев и двата пати кога ми ги тргаа конциве имаше деца од 30 и кусур со родители дојдени. Седи една бабичка ја прашувам "И вие ли сте за кај докторкава" ми вика "Неее ќерка ми ја чекам". А ќерка и 40 години имаше и кога излезе за раче ја фати и веројатно накај дома тргнаа. Си викам у себе брее, да не има тука некое си правило да се дојде со родител, па мене никој не ми кажува Имаше уште еден за заб вадење и татко му тргна да влегува со него у ординација. И докторкава вика "Господине, ве молам надвор да почекате". И не можам фацава на човеков да ви ја опишам колку навредено изгледаше. Ко некој да му опцул до седмо колено
Vo vrska so muabetov "preku red" da kažam i jas nešto. Pred 2-3 nedeli vlegov da kupam burek i si čekam po propis pred mene 2ca imaše posle mene 2ca. I doaga mojot red i vo toa vreme vleguva edna žena od prilika okolu 57 god. I zastanuva do mene i direknto se ufrla i ja prašuva prodavačkata:" dali ima toa i toa"? I jas i velam: "Dobro be gospoža epa gledas deka ima red tuka nie mutavi li sme šo čekame?" i ona veli:" jas samo da prašam ako nema toa da ne čekam džabe" (u megjuvreme prodavčakata i kažuva deka go ima toa so go bara) i ženata togaš na mene se obraka:" može li da zemam pred tebe?" i ja velam :" Ne" i prodavačkata veli na mene: ajde ajde neka zeme daj i red,cć" aaa vikam te i red neka zima, ja si otidov od drugo mesto da si kupam. "
Ама не стварно, кога ќе ти рече некој 1000 денари се, а биле а не биле, абе не ги давам, и 10 денари нека се, ако не треба да ги дадам, не ги давам..
Не знам зошто но посебен филинг е кога омилената песна ти ја пуштаат рандом на радио, отколку кога сама си ја пушташ. Кога на радио ќе ја пуштат расположение наеднаш се крева и одма сум ваква:
Пак почнуваат муабети од типот : -Не се мажи, не ти требаат проблеми Па побогу, зошто сте се мажелеее?? Мажот вака, мажот онака ми прави, дете недораснато е, он лежи у кревет, ја брзам да заминам на работа, далечинското на маса, не сака да ја испружи раката за да ја исклучи климата, па ми вели мене..... Нека заврши денов. Аман од домаќински муабети.
Епа од искуство ти кажуваат, да ти ги отворат очите, да не се зафркнеш и ти како нив. Шега на страна, не се сите мажи исти, колку и да ги критикуваат. Ако на нив им се погодил таков, не значи дека и тебе ќе ти се погоди таков или на другите.
Срамно! На студентски собир/настан министерката за образование одржа политички говор! Дали е здрава човече?! 100 дена отчет на деца?! Имаат ли некои луѓе осет каде се наоѓаат?! Немање на осет спаѓа у сериозна дијагноза. Премиерот одлично се изрази, ама ова ќофтево никакво... Претдедателката инспиративно и мотивирачки. Ама министерката мисли дека е на митинг...
8ми месец сум трудна, апсолутно во ниедна продавница ни институција досега не ме пуштил никој преку ред. А во продавница сум преку еден ден, ако не секој во маалскиве супермаркети. Онака човек ќе ме погледне во стомак и ќе се сврти со главата. Во овие 8 месеци еднаш се случи да ме пуштат прва и тоа беше во пепко во Србија, не кај нас. Не знам дали мене така ми се погодува или народов нема обзир. На трансфузиологија чак што више ме бутаат, особено постарите и пензионерите. И ќе речеш привилегија да си трудна, јас привилегија освен од дома што ми дадоа да работам газдиве кај мене, друго не видов.
И мене не ме пуштаа преку ред додека бев бремена. Не сум ни побарала. Ама нели треба да се има осет. Ме гледаа од глава до петици и се вртеа напред. И со децава кога чекав не ме пуштаа, а децата плачат во раце. И знаеш што? Веќе никој не пуштам преку ред. Ги ставам производите на лента и се вртам напред.
Мене срам ќе ми биде да не пуштам трудна жена преку ред, мислам јесте да е состојба а не болест, ама сепак не би ми било убаво да не ја пуштам преку ред..
Ете никако не ми се погодило некој со совест како тебе. Не е дека не можам да почекам, кај мене муката е што ми се оди во вц на 10 минути и додека чекам на каса или шалтер се случува од инконтиненција да си пуштам. А маж ми ме зезаше кога останав бремена дека ќе ме носел сегде со стомак да го пуштале преку ред. Аха, jokes on you.
Сдк Ногу се нервирам кога некој ми пишува со прекини. Треба да проверувам на секои 3 минути. Напиши да се договориме и терај.