Аааааа за тебе само чатов од фемина е тогаш додека да се разбереш на приватен чат ехееее има коса да ти побели
Најдов едно земјиште убаво кое што ми изгледа идеално за викенд куќа градење, го имам гледано и порано дека се продаваше ама сега пак ми дојде во ум.. Најдов на катастар на чие име се води, и ја најдов жената на фб, знам дека е она бидејќи земјата им е пола пола со маж и, а она маж и го има тагнато на слика на фб и по името и презимето знам дека се тие.. Тоа земјиште долго време стоеше дека се продава, ама не знам дали они се нови сопственици или не успеале да го продадат.. Дали ќе биде глупо ако и пишам да се распрашам, дали го продаваат, итн, можеби ќе испадне нешто, ќе ми дадат убава цена.. Ама да не е глупо да и пишам, да не ме праша како ме најде, да не е малку манјачки, ама па од друга страна на катастар ги имаш сите податоци на сопственикот на земјата, имаш име, презиме, адреса.. Дајте ми памет..
Многу ме нервира одење преку ред. Колку и да се брзам, не можам да се туркам. Па уште ако треба меѓу многу луѓе да поминам за то - не, не. А, кога некој ме убедва дека бил пред мене го прашвам тој шо екшли беше пред мене. Сем во продавница, на други места прашвам кој е последен и кај завршва ред за да се "паркирам". И пошто прашвам тој шо вистина е пред мене - знај оти ми одговори. Периодов особено имам ситуации со женички зад мене шо ми велат да им чувам редот за да седнат. И јас знам дека е зад мене и кога некој се паркира зад мене им кажвам дека има женичка. Па многу ме нервират ко ќе речат "Па СиТе СмЕ бОлНи ТуКа", грл емпатија. Сме. Ама сме различни години, различни болести и различно се носиме со истите. Да, болна жена на 80 не можи да чека долг ред и ако ти е толку важно да си зад мене, та "магично" ќе ја викнам пред мене. Некогаш седнуваат и пред мене па пред да им дојди ред ќе подвикнам дека можи да дојди дека ред ѝ е. Ко океј е седнат да "држиш" ред. Ама мора некој да знај во редот инаку можиш кај било да се пикниш и не е то то. Имав ваква ситуација пред два месеци ко чекав за ехо. Едни последни шо стигнаа буквално одма влегоја истрчаа дур станвав за мој ред (немаше редица туку сите седевме и генерално знаевме кој после кој е према то како влегваме во чекална од кога се најавувавме на шалтер). Па ме убедваа во ходникот дека чекале. Па овие другите ко му се пуштија дека никој не ги виделе ни в ходник ко иделе и дека само ако глумат дека биле тука не значи дека биле. Пак влегоја, ама ко влегвав после нив, жените в ходник слушнав дека уше ги решетат и на излегвање и то мислам дека е пресмешно пошто и дотичниот господин со his manchild имаа лице да им се дерат. Најинтересно кога некој прај грешно нешто вака глупо, како одење преку ред, и кога е осуден за то - ми се реакциите негови. Како намрштени и како да немаат право другите да се лутат, а сите знајме пред нив ако влези некој и би се степале. Светот не се врти околу вас. Вашиот свет - можеби. Туѓиот не. И колку побрзо ќе се помирите поќе ќе се заштитите од "навреда" кон вашето "лик и дело".
И мене многу ме нервираат некои што одат преку ред, друго е да прашаат ќе ги пуштам, и мене ме пуштале ако имам помалку, ама јас си чекам ред, не се бутам. Баш пред некој ден пензионер ме пушти. А некои и помлади сакаат преку ред. И најмногу од постариве ме нервираат кога ќе кажат "помлада си ти", а можеби се соочувам со нешто, можеби ми се лоши, некои пензионери се поздрави и од помладиве, ама никој не не прашува, изгледот лаже. А за шетање први се. Како и да е си чекам ред, а сум пуштала ако имаат некои помалку работи од мене, пуштам и мајки со деца, бремени, па и пензионери. Што е најлошо оние пензионери што по не можат, што се со штаки или бастуми, тие си чекаат ред, другиве се бутаат. Истото важи и по болниц и по аптеки.
Точно дека и помладите имаат мака, постариве се поздрави. Или некој кога ќе каже за некоја трудна "ее трудна е, не е болна, ние како бевме па ништо не ни е". Па може има ризична бременост. Сега брзо беше во аптека една постара жена ми кажа "ајде ти си млада ќе почекаш". И се свртев и' ја покажав папката, и' кажав "и јас не дојдов во аптека по чоколади". Некако жениве постари како повеќе да не сакаат да чекаат ред.
Еее па за на родителска се брзала па и ти... Ме потсети ова со родителскава кога чекавме вака на заладено време на лекар со болно бебе, а за болни деца не се закажуваше па стално се чекаше ред и тоа се редевме надвор од што им беше мала чекалната. (Овие по фини беа прашуваа) Една се избаци дека ќе каснела на родителска, секако не ја пуштија. Ама, легендата-родител беше кога дојде со детето што треба на роденден да му иде ,па само да наслушале зошто кашлал.. Нормално и нив не ги пуштија. Буквално имаше неколку луѓе со бебиња во ќебиња завиткани, сите болни, они ќе каснеле на роденден и родителска...
Можете да ја хејтате колку сакате Шеќеринска, може и да ја мразите, ама ова е еден од најголемите успеси кој ги остварил некој македонски политичар, највисока функција која ја извршувал..
Ако некај културно ве одјебал, не треба да сте толку увредени, и омраза да осеќате кон особата. Одјебувања се неминовни, сите сме ги доживеале, поштеден никој не останал, дали на ваков дали на онаков начин. Ама да се мрази особата и презира, ич не ми иде, посебно кога ништо не ти погрешила. Да намалиме со егото, за наше добро.
Единствено позитивно во ова е што бугарите се изненаџени и увреџени Мислам... преку Кристалина и преку Захариева више
И да сфатат дека кога некој те избегнува, значи не сака со тебе да се дружи. Не знам како на некои личности ова не им е јасно. И јас сум била откачена од некого, па не сум се жалела. И не мора секогаш да има причина. Можеби таа личност се презаситила од дружбата.
https://www.slobodenpecat.mk/gragja...RJ6Admn0S2L8aYyjgQ_aem_Appkcd93qyVhoZSc3RVH3g Конечно на некој му текна дека протест е потребен ,за жал на работа сум тогаш инаку иако не користам зимово ЈСП би идела заради изминатите три години шо мрзнев цело зимо на бит пазар!