Aма тоа да, јас кажувам кога имам нешто работа да завршам пешки. Инаку цел ден да си на работа кај пешки. Мора со маска. Инаку смрди на чад.
Многу сакам зима,ама исто така многу мразам кога ќе се натрупам со се и сешто на мене и едвај се движам. Од капа шал дебела јакна,курци палци аман.. како некој шестар одам,пошо и "слаба сум ептен". Да му се плукнам.
Единствено како можеш да си начисто со квази-манипулатори и нарциси. Е така молим лепо и поштено, не ќе се влечеме 100години ко недугави со паразити и пат(ет)ологии без крај. Ајт.
Пред некое време кога беше Косана кај Ландов на подкаст, му рекла распрашајте се дали и зашто луѓе од комунално од реон Центар бараат цело време само трета смена да работат.. И денес Ландов овој обвинителот што му беше гостин го праша, му вика имате ли индиции дека луѓе што работат во комунално дилаат дрога во Центар на Скопје трета смена, и овој рече дека не знае.. Сакам да кажам, работава испаѓа има работа за тој што му се работи а тоа сигурно не е чистење на ѓубре затоа што како што гледаме, ѓубре не чистат.
Утрово ко да минував низ бојно поле, вчера дождот сите дрвја ги соголил. Мора да дувало многу ветер, видов и падната дрвена бандера. Уште некој ден по уште некој лист да падне и толку, почнува сивилото. Вчера легнав со помислата: секој од нас е многу луѓе. На 8 години си бил детето, на 16 тинејџерот, на 20 и нешто младичот, понатаму се знае. Тие што млади умираат, засекогаш остануваат детето, тинејџерот или младичот. Никогаш не станале старецот/старицата. Иако сме истиот човек, тоа битие сме, сепак не сме истиот човек, туку сме многу луѓе насобрани во едно битие. Збир на луѓе. Истовремено, многу луѓе сме во однос на тоа кој како нè гледа. За некој си тивок и повлечен, за некој си брбљивко и досаден, за друг си борбен и цврст, за трет си кукатор и размазен, итн. Сам за себе си ваков или онаков. Кој си? Пак збир на луѓе. Кој како те гледа или замислува, нивна работа. Не си им во мозок, не треба ни да сакаш да бидеш. Но за себе кој си треба да ти биде важно и секогаш на ум. Не можам да замислам како е да живееш живот без да се замараш кој си, за себе си. Да се осигуруваш дека живееш по сопствените принципи. Да се осигуруваш дека си добро, а ако не си, да се грижиш сам за себе додека да ти биде добро. А кога си добро и свесен си дека живееш според сопствените принципи, тогаш неколебливо знаеш кој си, зошто си тој што си и не би го менувал човекот што си. Кој си?
Утре секој еден треба да излезе на протестот, а тој што не може барем да повика блиски. 1) Ова дека е најчитана темава, истово важи и за оние што се возат во коли. Ако сега не поддржете луѓе кои се приморани да користат автобус значи дека ужасно потфрлено е. 2) НЕ се нудете за превоз зашто само така помагате да се замаскира проблемов. Да, треба солидарност и местото е на улица. Каде што се протестите.
Колку ќе има? Ако не го затнете Скопје со најмалку 700 000 тогаш треба пешки да одат сите. Можно е и јас да дојдам еве ќе видам како ќе биде ако имам работа останувам и јас да заземам 50 цм2 гужва да прам. Ако не се соберете може книга да напишам : Кога автобусите ќе стивнат.
В година после вакви глупости што изнаправи мице и данелче, вмро не зема градоначалник во Скопје, на сдс не верувам да му се врати народот, Петре ништо не направи цели 4 години, се ми се чини дека Левица ќе слави во Скопје догодина. Само еден искрен совет до сите Скопјани од мене, не ја правете пак истата грешка ако победи кандидат од друга партија, на вмро да му дадете мнозинство во советот, после пак градоначалникот ќе ви е крив дека ништо не направил иако што и да сака да направи нема поддршка во советот.
Стварно ли нема автобуси низ другите градови Мооре овие скопјани привилегирани кај рејзој еден куп, пак неќат ни да почекаат малку да им дојдат да се возат ко господа. Шо знам ете немало. Овие низ Битола шо ги гледам изгледа некои вселенски летала се