Па незнам бе брат ми, ете вие сте имале автобуси да си се возите низ градот. Ете ние во Гевгелија и околина автобуси имаме само за надвор од градот. Сите си чекаат на автобуска.
Ете и вие и ние кој за внатре кој за надвор си се возиме со години, си чекаме и си крцкаме. Мирни и паметни луѓе, без драми и галами. Овие глата ми ја пукнаа со тоа автобусите, како да е крај на светот ако почекаш рејз некое време А можи ме наболва глата и од времево, да стегнам и некој ап ако не
А ако задоцнат на работа? Ај сега некој да е од Драчево и да работи во Ѓорче, пешки ли да оди на работа? Јас пешки одам, ама ако треба да завршам некои работи, и мене се' ми е блиску затоа, ама има што живеат во подалечни населби или села. Мал град ќе го изодам пешки како ништо.
Абе арно си праат германциве, еден салам поскап точак ќе си купат, па има и количка за деца шо може да се закачи за точакот, и си врват кај сакаат и кога сакаат. Ама нашиве скопјани шо викаш ко господа сакаат да се возат, односно некој друг да ги вози .
Ама не треба да се помируваат. Секој треба да си излезе, за себе, за блиски, за туѓи. Небитно. Треба јавен превоз. Ако на некои не им треба моментално, не значи дека нема да им притреба.
Ее така, за се има решение. Ајде ела си и ти на по една ракија за муабетов, @Realist1 брат стави уште едно чаше и за @Adidas888 таков е дено денес, јас да турам уште малку сол во салатата некако не ми е солена.
Речиси и нема по другите градови градски превоз, или ако има за во соседните градови, линиите се преполовени. Скопјани се криви
Ооо баш убаво со ракија да не загрее, ама сега не смеам. Јас ќе ви донесам, вие пијте си, и руска салата за мезе ќе ви донесам, ама зимница руска, не со мајонез. Па ќе дојде бус можеби.
Секој личен избор влијае и на заедницата , поточно и не постои лична слобода поважна од интересот на заедицата. Она што не не загрозува директно денес, можеби веќе утре ќе се рефлектира и во нашиот живот. Така да " секој нека си прави што сака додека не го загрозува другиот " е погрешно на многу нивоа. Ние сме " другиот ", да не вртиме глава.