Море, да сме сложни ко народ и да им одиме на фациве дома пред врата и на работа. Мир да немаат. Ама, скапан народ сме. Нема аир кога малкумина излегуваат. Има аир кога излегуваат во голема бројка. Зошто протестите се успешни во странство? Затоа што излегуваат стотици и илјадници. Ако треба и дивеат за да ги исплашат господата. Нашиве ем се исплашени, ем се себични. А, нашиве господа знаејќи го тоа, си уживаат.
Колку омраза има у никои луѓе тоа чудо едно.. Па уште коа тебе ти ги препишуваат нивните особини.. Ако ви е полесно на совеста, слободно терајте, ама и вие си легнувате на перница коа спиете, и останувате сами со себе некое време. Баш ме интересира тогаш дали нешто се дешава, и дали си поставувате некои прашања, или ни тогаш?
More vie kavadarci ako imate edna ulica prilep ima avtobusi i linii i ne se ceka voopshto. Retko da zakasni 5min.
Сеирџиски народ. Кај се заебанциите, таму сме први, е коа треба нешто озбилно да се решава, не снемува, уствари пак го вртиме на заебанција. Сериозно, не знам кој не дупи нас, освен ние самите себе? Убаво има една узречица - проста маса, силна држава
Во право си. Ама јебига га, таа е. Ете јас лично не верувам дека Мк ќе се оправи некогаш. А верувам и дека многу други го делат моето мислење.
Може, ако се сака. Можеби не веднаш, но може да се смени. Можда звучам ко политички слоган, ама реално иднината е во младите. Новите генерации можат да ја избават Мкд од гомната, само некој треба добро да ги воспита и образува. Пошо идните политичари, доктори, правници, итн, сега седат у клупа и ја учат азбуката или уште не се родиле. Па еве и да не одеме толку далеку во иднината. Тинејџерите денес наскоро ќе станат полнолетни, ќе бираат насоки у животот, некои ќе изберат факултет, некои ќе почнат одма да работат. Или помладите шо се по 20 год. Каде се они? Они се тие што сеа можат да сменат нешто, за себе и за општеството во кое живеат. А не да слушаат како им викаат "џабе ви е, нема ништо да се смени". Така почни да си мењаш перспективата, или барем песната што ја пееш, ако ништо друго можеби ќе мотивираш некого да смени нешто.
Нема со ваков став. Гледајќи ги другите народи, треба и ние барем во некои прилики да се обединуваме. Да нема „не верувам, не можам, не сакам“. Туку да има „верувам, можам, сакам“. Ене и Србите се разбудија. Ние и со куп трагедии не мрдаме. Не може така веќе. Од некаде мора да се почне.
За да убедиш некој што не верува, да верува и да се мотивира, прво треба вие шо верувате да направите нешто. Ајде шо чекате, одете им тамо пред влада или кај треба да одете, почнете да викате, да кршите, да палите, да тепате, додека не се смени нешто.... Ама нема да го направите тоа, оти и вие сакате газот да си го спасите и образот чист да ви биде, да не ве уапсат. Затоа полесно ви е да не напаѓате нас шо не веруваме дека Мк ќе се оправи. За тие шо не веруваат лесно е, почнаа да бараат чааре или веќе најдоа како да си спасат газ самите себе. Туку вие шо верувате и шо се чукате во гради, шо прајте?
Додека не почнат да се палат институциите и да се фрли некој во контејнер до тогаш ќе мислат дека се може да прават. Знам дека насилство ама со вакви идиоти мора идиотски
Е ова Ади, се дур се напаѓаме самите себе, вака ќе биде. Очи си копаме, знаеме ли нешто друго? Не? Чудо невидено ќе биде ние како народ сложни да сме, е затоа сите не заебаваат, затоа. И да, оправање нема. Се дур вакви сме, нема оправање. Пошо сите си се тргаат ко шо викаш, и не чуле за колективна свест и одговорност.
Да, си го бараат. Да нема обесхрабрување. Луѓето мора да сфатат дека бројката на улиците мора да биде голема, дури огромна.
Епа затоа викам, јебига таа е. Оти освен силење на интернет, пцуење, чукање во гради, и префрлање вина на другиот, од овој народ друго нешто немам видено. Цело време ве читам ТАКА ТРЕБА, ВАКА ТРЕБА, а никој ништо не прави.
Абе чоек, класика одговор "ти шо не идеш да палиш и да се тепаш". Јас не се чукам во гради како што ти викаш, бидејќи ниту сакам да се тепам и да палам, нити реков дека ќе се тепам и ќе палам. И што сеа, поради тоа треба да речам, да, адидас во право си, пошо нема да се тепам и да палам, од утре ќе верувам дека џабе е сè, ќе си ја затнам муцката освен кога ќе треба нешто негативно да кажам и луѓето ќе ги убедувам да се откажуваат? Јас немам потреба од чистење на образ. Се сметам за квалитетен граѓанин со позитивни вредности. И ќе продолжам да бидам сè уште, пошо тоа нема никаква врска со Мкд, има врска со мене. Имам направено нешта што јас сметам дека се корисни, а за некој можеби се малку. Ама ме боли курац ако некој смета така, зошто јас си ги вреднувам постапките, и уште поважно, сметам дека можам уште многу да направам. Може сум капка во морето, ама битно се трудам. Патем, не те напаѓам ништо тебе, едино песната ако сакаш да ја смениш, но посекако не мораш, твое право, продужи да демотивираш ако така ти е кејф.