1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.152
    Допаѓања:
    21.030
    Пол:
    Женски
    Не само огромна, туку и насилство мора да има. Мора да се заплашат малку тие шо седат на фотељиите и шо не дерат од сите страни.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    6.925
    Пол:
    Женски
    За нашиов народ треба вадење на старите и затуцани размислувања од корен. Но ретко некој поединец ова да го посака за себе и да го реализира и да се смени, а уште е потешко коа тоа и е потребно на цела нација...

    Јас си ја сакам оваа државичка. Ете не се глеам себе си надвор од тука у скоро време. Сакам да кажам и у иднина ал не знаеме што ќе се деси утре, а не па за години до сега.
     
    На eliesaab и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.005
    Допаѓања:
    124.088
    Пол:
    Женски
    За да правиме, треба да сме многумина.
    Кажав прееска, 5 до 50 не можат ништо. Само над 100 и над 1000 луѓе ќе ги натераат господата да донесат одлука.
    И битно е да нема негативни мислења што одвраќаат луѓе.
    Никој не треба да биде обесхрабрен. Тоа им одговара на властите.
     
    На eliesaab и Adidas888 им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.152
    Допаѓања:
    21.030
    Пол:
    Женски
    Абе со кажување на друг или трет шо треба да се прави, ништо не бидува.
    Ама како шо си викаш ти, дека нема потреба да палиш и да тепаш, така и јас си викам дека нема потреба тие гомна да ги трпам и дигам раце и си заминувам од државата за на мене да ми биде убаво.
     
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    24.358
    Па никој не ти кажа лично ти да трпиш и да не креваш раце и да не си заминуваш од државата за да ти биде убаво.
     
    На GirlRose и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.184
    Допаѓања:
    12.516
    Пол:
    Женски
    За тоа трба муда, и тоа многу муда. Јас не викам дека не збориш убаво, така е. Али во множина да збориме најубаво е мислам.

    Сепак најголем проблем е тоа што сме несложни, и крајно себични.

    Не се мотивирани луѓето за вакво нешто, има доста причини зашто не се..
     
    На eliesaab, SummerGirl, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    11.353
    Пол:
    Женски
    Проблемот лежи во постарите генерации што со години упорно и фанатички гласаат неспособни партии кои ја продадоа државата и ја донесоа до дно.
     
    На Mumoftwo30 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.152
    Допаѓања:
    21.030
    Пол:
    Женски
    Зборам и за мене и за сите како мене, за тие шо ги зборите дека не биле сплотени и не сакале да се организираат.
    За шо да се организираме? Кога и вие шо сакате да се смени нешто, не правите ништо.

    И ти шо викаш дека немаш потреба да палиш и да тепаш, на некој начин се имаш откажано и помирено со цела работа.
    Ама битно на интернет е сите да сме силни и да пцуеме и да вреѓаме, и да ја префрлуваме вината на друг. ( ова не е за тебе лично, општо за цел народ зборам.).
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    24.358
    Ништо од тоа што кажа не е вистина, проектираш.
    Нити спомнав несплотени, неорганизирани, ниту кажав дека јас ништо не правам, ниту се иам откажано зошто реков дека не сакам да се тепам и да палам, ниту се имам помирено. Да сум помирена, сеа ќе кажев само "дај не се занесувајте, џабе ви е сè."

    Главната поента од сè што кажав е дека сè уште можат нештата да се сменат, државава сè уште постои каква таква, луѓе сè уште живеат во неа и нови генерации сè уште се раѓаат.
    Ако сакаш промена, треба да сакаш промена.
    Тоа не значи дека од денес треба да станеш револуционер и да излезеш надвор со балаклава и домашни молотови. Да, се согласувам дека можеби погруби протести се потребни. Јас си признавам за себе дека неам гз да излезам и да се тепам. Или шо знам, можеби ќе се најдам во ситуација каде адреналинот на случувањата ќе ме понесе и ќе го направам токму тоа. Ама посекако поголеми се шансите таквите случувања мене да ме мотивираат на такви постапки, отколку некој без грам надеж кој веќе кренал раце и убеден е дека нема аир.

    Другата поента ми е дека правиш промена преку секојдневни постапки. Капка во морето, ама значајна. Секој од нас е битен и секоја наша постапка е битна, тие го прават општеството. Не само протести и тепања и палење.

    Ако ништо друго, дај барем новите генерации да ги научиме да бидат повеќе борбени, да не се откажуваат, да го работат тоа што го работат како што треба без компромиси и корупција, да допринесуваат повеќе и подобро како можат, итн, итн.
     
    На nextredstyle и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.152
    Допаѓања:
    21.030
    Пол:
    Женски
    Епа ти ко шо немаш гз, така нема ни пола и повеќе Мк, и затоа сме на ова дереџе.

    Ај да те видам оди ти учи ги новите генерации да бидат добри, да не праат мито и корупција, во школо. И знаеш шо ќе биде? Кога ќе излезат од училишните клупи ќе неможат ни работа да си најдат без партиска книшка, без да дадат мито, заради тие постарите копуци. И знаеш шо се дешава баш со тие добрите генерации? Си заминуваат од државата, оти бар до толку имаат памет.
    И нека си заминуваат, сите нека си заминат.
    Од Мк не бива ништо и никад нема да биде.

    Знаеш зошто се враќам во Мк сега во декември? За да дадам мито на доктор за да го прегледа моето дете итно! Оти тука во странство неможам да им фрлам парички под маса за тоа. Ќе треба да си чекам ко и секој нормален човек.
     
    На SummerGirl, Anyshka, Selena01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Машки
    IMG_1641.jpeg
     
    На Feniksgirl, SummerGirl, ForeverME и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.184
    Допаѓања:
    12.516
    Пол:
    Женски
    Тука лежи зајакот, не знам како не го приметувате тоа.
    Се некој друг се чека, се другиот е крив, ама не дај Боже ти самиот.
    Не викам за тебе ова. Лично кон никого неам ништо.

    Куроболието е пуштено.
    Сите сакаме подобро, никој не сака напор да даде, и се оградува, што викаш се помирува.

    Јас не сум оптимист како @MissChievous, но што повеќе апати собрани, без мотивација за подобро утре, доведоа до овде, за жал. Пошо најлесно е да се рече се другите криви ни биле, и седи си така, не мрдај со прст. Генерации и генерации така, и да, сеа више касно е.

    Бар за некои работи да се искаже незадоволството ако ништо друго, може и ќе се среди колку-толку.
    А за целосно оправање, нема шанси тоа, прекасно е.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.939
    Допаѓања:
    12.109
    Пол:
    Женски
    Многу ќе те прочитаат, ама нема да те сфатат што всушност кажуваш. И тоа е..поразително.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    24.358
    Не сме до ова дереџе зошто пола Мкд не сака да се тепа, всушност тоа е нормално, да не сакаш да си насилник и да не ти доаѓа природно. До ова дереџе сме дел поради сето тоа што го опиша, и поради многу други нешта. Ајде ако не, децата ќе ги учиме да бидат корумпирани зошто само така би преживеале. :| Од државава си заминуваат и добри и лоши, исто како што остануваат и добри и лоши.

    А со последното се утепа, државава пропаѓала поради корумпирани, а ти немаш проблем да даваш мито, и тоа затоа што во сјајното странство кај што си те тераат да чекаш за преглед. Ама битно они не примале мито, топ се.
    Ти тука во Мкд не се бориш за подобро, ама доаѓаш за да направиш лошо. (y)
     
    На Annath, GirlRose, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.152
    Допаѓања:
    21.030
    Пол:
    Женски
    Да, доаѓам да направам лошо. Оти со лоши луѓе само така бива.
    Со таква власт таму, само со палење и кршење ќе бива.
    А со седење, куцање на интернет, и молење на Господ, ништо нема да смените, јас да ви кажам.

    Треба протести, ама треба насилни протести. Доста беше веќе. Оти џабе е и цела Мк да се собериме тамо и само да си стоиме, да кивкаме на ладното, и да збореме на микрофон, тие во владата си знаат дека ќе измрзнеме од стоење и ќе си одиме. И од утре јово на ново.

    Ако мислите дека така ќе решите нешто, слободно одете и разболете се на такви мирни протести.
     
    На christinnn, SummerGirl, Dominodancing и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.820
    Допаѓања:
    6.788
    Пол:
    Машки
    Факт е дека државата ние нефункционална. Факт е дека државата ние заробена од поединци кои го гледаат личниот интерест само. Држава во која цвета криминал и мито и корупција не може да биде функционална и да оди напред.
    Единствени во светот каде прво останавме без Пошта, ја пропаднаа, држава без Пошта нее држава, да има кризна состојба нема проток на телеграми, пратки од странство, порачуваш од Кина, стига пратката се во ред и кога стига се закочува зошто нема кој да ја испорача, нема МК Пошта. Ама затоа навлегоја приватни карго компании и пошти во сопственост на криминалците и тие шо ја водат државата. Го пропаднаа и Здравството, Образованието. Потоа сме отсечени од Јавен градски и меѓуградски превоз шо по автоматизам се ограничува правото на слободно движење, итоа поради банална причина која е срамна за 21век а тоа е немање гориво оти биле борч а борч се оти немаат пари, ги искрадоја. Трето, не исправен систем на владеење, воведен е партиски систем шо и за обична молба во некоја институција мора прво да бараш врски за да завршиш работа.
    Ова доволно говори дека државата оди надолу и уште долго нема да издржи.

    Затоа, утре на протестот пред Град Скопје треба да излези цел народ, ако навистина е народот свесен за проблемите во државата и ако го засегаат, да се активира цела држава и да се блокира се, не само тука во Скопје туку секаде од Табановце до Богородица и Меџитлија, за да се упати радикална порака дека ВАКА НЕ ОДИ РАБОТАТА, и потребни се радикални промени ЗА СЕ, не само проблемот со ЈСП. Туку за се, зошто се е НЕФУНКЦИОНАЛНО. Светот ни се смее дека ЈСП останале без гориво ради долгови.. Резили..

    Али.. овај народ не е свесен, затоа и вака се дешава, живее во завист, злоба и љумобора и го гледа само личниот интерест. Не очекувајте промени од народ на кој свесно му го менуваат прво името, идентитетот а потоа со кого свесно се иживуваат со секојдневните потреби. Народ шо свесно молчи за се, не може да биде поттикт за промена и да му се кажи стоп на тие шо ни ја заробија државата.
     
    Последна измена: 21 ноември 2024
    На mKdevojce, Tinaaa, MissChievous и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.647
    Допаѓања:
    33.951
    Пол:
    Женски
    Кога се работи за вашето здравје или на некој ваш близок (посебно за дете) и те како ќе си дадете мито.
    И јас сум многу против тоа, ама за здравјето се' ќе направам.
    Кога ќе се најде некој во таква ситуација дури тогаш ќе сфати.
     
    На st-el, SummerGirl, Dominodancing и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.084
    Допаѓања:
    26.871
    Знаеш и ти, а и јас дека у Немачка јавниот превоз штрајкува на неколку месеци и тоа со затварање на аутобан, целодневен прекин на трамвај, автобуси и возови. Ама ете, таму е прекрасно. Класичен гастербајтерски муабетот ти е :rofl:
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    12.139
    Пол:
    Женски
    Можеби не се случува само кај нас да нема јавен превоз, ама не е иста причината поради која нема јавен превоз а тоа многу менува.. Кај нас нема јавен превоз затоа што нема нафта, а нема нафта затоа што Град Скопје не ја платил нафтата која ја набавувал.. И во Австралија мислам дека беше дека возови не се обраќаат, како протест, бараат плати да им се зголемат, ама протест е право загарантирано кое никој не може да ти го забрани.. Ние немаме превоз затоа што автобусите немаат нафта, немаат на што да возат, додека Град Скопје имаше да плати 2.2 милиони евра на фирма од Бостон за нова апликација да им направат, притоа да напоменам дека исто Град Скопје во 2019 платил 2 милиони евра за друга апликација која сега после само неколку години комплетно функционална ја исфрли од употреба, Скопје остана без јавен превоз поради неплатен долг за нафта.. Како може да купуваат скапа апликација, а немаат автобуси и пари за нафта?
     
    На Billy Idol и GirlRose им се допаѓа ова.
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.084
    Допаѓања:
    26.871
    Скроз си во право. Секаде има протест каде што има незадоволство. Но, само кај нас протест е тема на потсмев, најчесто од партиски војничиња или пак оние што кога ќе стапнат како азиланти веднаш се потсмеваат на оние што сме тука. Всушност со тоа што го прават е најмакедонскиот синдром ама кој да и каже.
     
    На TrueToMyself, nextredstyle и нина122 им се допаѓа ова.