1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.433
    Допаѓања:
    12.128
    Пол:
    Женски
    Слушам подкаст кај Ландов и во коментари имаше прашање, Прашајте го гостинот што има да каже за ликот и делото на Шеваљ од Грчец?
    Ликот и делото бе, каков лик и дело човекот е наркобос:rofl::rofl::rofl:
    Сакав да кажам, дека државава ни е отидена во ку*** покажува тоа што обичен човек на улица да прашаш кој е Шеваљ, кој е Шенки, кој е Оки, кој е Раде, кој е Амфас, кој е Лаци, кој е Даци, и прашај ги после тоа што се Дуќанџик, Беланоца, Барон, Грчец, знаат дека се нарко банди.. Значи обични луѓе знаат за нарко бандите, знаат кој им се членови, само полицијата не знае или се прави дека не знае..
     
    Последна измена: 23 ноември 2024
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    3.123
    Пол:
    Машки
    На Realist1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.583
    Допаѓања:
    79.047
    Пол:
    Женски
    Вчера беше празник, ден на албанската азбука, затоа. Не се потресувај многу. :D A што е на 28 ноември?
     
  4. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    3.123
    Пол:
    Машки
    Знам де, еве им честитав алфабетот во првата реченица. На 28 ноември е денот на знамето и 116 години од независноста на Албанија, што нема никаква врска со тукашните албанци, а и знамето што го користат е државно знаме на соседна држава, тоа е со закон забрането, доколку сакаат да користат нека си направат етничко па нека го користат колку им душа сака, ама државно е противзаконско.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    2.615
    Пол:
    Женски
  6. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    1.049
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20241123_145357.jpg Зошто нема сеа узбуна и за козата како што имаше за кучето од пред некоа ден?
     
    На Трагедијаупмм и Selena01 им се допаѓа ова.
  7. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.732
    Допаѓања:
    21.323
    Пол:
    Женски
    Уште неколку епизоди и ја завршувам серијата Очајни домаќинки, ја гледам веќе два три месеци.
    Дали сум нормална шо се чувствувам како да раскинвам долгогодишно пријателство?;(
    Толку се приврзав за серијата и ликовите, после секој напорен ден на работа се тешев дека ќе
    изгледам епизода/две и ќе ми се поправи расположение, and now what?:doh:

    Не сум нормална ајде, ќе си се испратам самата. :sweat:
     
    На Anie93, Stark, TammiB5 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.001
    Допаѓања:
    35.965
    Пол:
    Женски
    Каде ја гледаш? Јас ја најдов на Гледалица, ама постојано ми излегуваат некои реклами и бе можам да ја гледам. Најомилена серија ми е.
     
  9. Just a chill guy

    Just a chill guy Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2024
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Машки
    Сакам да се извинам на девојчето што не е пријдов да се запознаеме, а се утепавме од гледање (wtf)

    maybe next time.
     
    На Milaaaaaaaaaa, sino.o.oka и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.433
    Допаѓања:
    12.128
    Пол:
    Женски
    Да знаете кој краде велосипеди низ Скопје..
    Screenshot_20241123_180718_Instagram.jpg Screenshot_20241123_180725_Instagram.jpg
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    39.485
    Пол:
    Машки
    Падне ли мрак, градов се претвора како музичко видео од Молчат дома
     
    На Amellie13, Selena01, minne992 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    3.123
    Пол:
    Машки

    Спотов hits hard
    Неколку пати сум кажал, пак ќе кажам, го обожавам Советскиот, Југословенскиот и општо комунистичкиот брутализам:inlove:
     
    На Bratot, Amellie13 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    12.488
    Пол:
    Женски
    Депре?

    Нели убава била и интересна таква архитектура..

    Баш апокалиптично ми делува, и ни малку пријатно

    Абе златна пролет кај си.. :(
    Летото не мора да постои, пролет вечна да имаше :f:
     
    На Трагедијаупмм, Badii и Billy Idol им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.295
    Допаѓања:
    19.961
    Пол:
    Женски
    Некои родители нема никогаш да сфатат какво влијание имаат зборови од типот
    "заради тебе срцето ми е вакво";
    "само ти разболувај се, јас ќе се секирам ќе трчам по лекари ради тебе"
    *Крши чаша "маме да ти ебам, неспособен пу"
    "Се расипа, ее се знае кој го расипал, само знаеш да расипуваш"

    Да ви кажам?
    - Скршив чаша и два дена не јадев од стрес и плачење.
    - Ми кажаа дека ќе се оперирам, две недели криев оти се осеќав дека ќе сум товар и се плашев како ќе реагираат како ЈАС да сум згрешила нешто.
    - Од кај дм сум се враќала дома во ниедно време по темни улици иако ми беше понуден и превоз и пари за такси оти пак, јас се осеќав дека сум товар ако ме превозат.

    И сѐ така, ќути може ти си крива. Ќути, не ги потресувај. Нервирај се, плачи за ебаната чаша од 50тина денари оти си најголемо гомно што си ја скршила. Стави се во опасност себе оти поарно манијак да те нападне и убие во 1 вечер него некого да намачиш да те пренесе, барем со чиста совест ќе си умреш ако умреш. Не прифаќај помош, зашто тогаш си неспособна. Не кажувај што те боли оти поарно да те боли, па и да умреш крај крајова, барем пак, никого нема да потресеш и измачиш.

    Години со овој менталитет ме упропастија. Тек сега, кога сум краветина возрасна успевам полека да го оттргнам и да видам што сѐ сум пропуштила, каков впечаток сум оставила кај други оти ме мислеле луда што се потресувам за чаша или се инаетам да трпам.
    И мило ми е што увидов колку е погрешно навреме.
     
    На LiquidLuna, Трагедијаупмм, potatoface и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    39.485
    Пол:
    Машки
    Баш вака е надвор.

    Смог, дим, се осеќа тежок загаден воздух. Коловозите се мокри, полни со којзнае какви црни честички, автомобили чадат на сите страни, редици, колони, заглавени со саати...

    По тротоар тек тук по некоја женичка ќе видиш тутната со главата надолу во шалот како брза некаде. По некој пијаница или сомнителен човек прави осмици на улицата. Кучиња на сите страни лаат, влечат ѓубре.

    Студен ветар те шиба во коските. Пешачиш полека затоа што уличното не работи, само по некоја ламба трепери од време на време. Со слушалките во уши, си ги пушташ Молчат дома, и се метаморфозираш со околината.

    Депре. :D
     
    На DS10 и Mrs. right им се допаѓа ова.
  16. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Многу е добро кога стануваме свесни за ова! Потребни се многу вежби, можеби и терапии, разговор и упорност, но се исплати. Ќе станеш посилна и ќе го надминеш ова! Само ќе ти помогне да разбереш како да НЕ се поставиш спрема своите деца и на што да внимаваш.
    Зборот е силно оружје треба да внимаваме како го користиме.
    И не ги криви постарите, така најдобро они знаеле!
     
    На Трагедијаупмм и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.295
    Допаѓања:
    19.961
    Пол:
    Женски
    Не може обвинувања за свои здраствени проблеми или да немаш сочувство кога детето ти е болно да го оправдаш со "толку знаеле".
    Како да кажам ама кога сакаш некого, и да не е дете, и да е партнер и другар и мачето и кучето, неќеш прстот да го боли, а не да му се дереш како он е крив, како ти е товар, како ти сега ради него си правиш стресови. Во спротивно се лажеш дека го сакаш:)
    Епа ајде утре кога ќе им стане нешто на нив, да им речам ааа заради вас јас ќе трчам по лекари, иди таму цркни си, што ме замараш.

    И да не знаеле постарите, треба помладиве да знаат. А не извесна Славица ќе ми збори ништо не сум доживеала а она си го млати детето за јебен истурен шампон. Пошто страшна животна трагедија е истурениот шампон, пупу недајбоже на никој.

    И тоа мотив да го сменам ова ми беа луѓе што стварно ме почитувале, што ми укажале дека е океј да им побарам помош, дека не сум им товар, трошок и тако даље.
     
    На Трагедијаупмм, MeowMeow, strelec231992 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.332
    Допаѓања:
    24.337
    Само ќе ти кажам, не се смалувај за на други да им биде удобно.
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.001
    Допаѓања:
    124.044
    Пол:
    Женски
    Не ги оправдувај.
    Не е дека толку знаеле, туку дека толку им сечело.
    Во секоја генерација има такви.
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.275
    Допаѓања:
    163.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека ништо не треба. Јас малку го гледам светот ... дека ништо не се мора. Многу сметат дека то е "лошо". Објективно лошо за мене е само ако има жртва. Ако нема - сепак е за "добро" на некој друг и зошто да страда туѓ комфорт ради мојот? One would argue дека со то шо очекувам друг да се откажи од својот комфорт ради мене е штета јас шо ја прам. Така да не мора да одиш негде ако неќиш, не мора да уживаш во работите исто како сите останати за да е океј, не мора да имаш шаблон по кој мора да се движиш во животот за да е нешто исправно ко има толку многу начини за да е исправно.
     
    На Трагедијаупмм, SummerGirl, Tinaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.