Ако на улица, во парк, во природа видите комунален работник или доброволец како собира ѓубре, тоа значи дека вие останатите треба исто така вашето ѓубре да си го фрлите во канта или евентуално ако работникот носи вреќа, да го ставите таму. А не да се правите од големото добро утро и пред нозе да му го плеснете на земја ѓубрето, пошто и така ќе го собере де. Јас да сум на негово место, ќе земам една вреќа и врз глава ќе ви ја истурам.
Тешко ми е, прерано си отиде... Ценете си ги пријателите луѓе и секој момент. Денес не има утре не нема.
Добро бре дали политичариве живеат во некој паралелен свет каде има воздух како на планина? Дали нив не им смета овој отров што го дишиме?? А бе полека не убиваат година по година. А народецов си седи, си ќури и си ја полни Онкологија и Пулмологија.. Срамота.
Многу би сакала да преземам нешто околу тоа, млади ќе си изумреме од загаденост, од ракови.. Немам моќ. Почнав да користам маска N95 за надвор, а за дома прочистувач на воздух, но се е џабе, генерално никој не се замара, поточно тие што треба да се замараат околу тоа прашање лед не ги леди. Им посакувам се најлошо во животот, за жал и тоа нема да ги стигне нив.
Од прочистувачов конкретно како си задоволна ,скапи се а 90 % од луѓево шо имаат викаат дека е комерцијализам....
1300денари од Сетек, за соба до 30м2 е, мојата е 20м2, прочистувач и навлажнувач во исто време. Колку толку помага за дома, екстра.
Само да кажам дека нотификација ми го направи денот, а гледам по сите временски прогнози дека најавуваат многу снег за петок, сабота и недела. Поубав почеток на декември од овој од поодамна сме немале.
Сакам да кажам дека официјално влегов во мојата очајна домаќинка ера и седнав да пишам рецепти. Спојлер Имам барем 5 тетратки кои ги памтам, а ништо чудно поќе да се, ама секој пат почнувам наново со пишење оти нешто не вајбам со претходниот начин на која е организирана тетратката.
Што ми е гајле мене за вашите пица фрајдеј и тим билдинзи, плата убава треба да давате, па кај сакам да шетам и со кого сакам да си го поминам слободното време, многу ми е гајле мене за пицата и шетањето во Крушево..
Сум за соживот АМА да палиш, газиш знаме во државата во која живееш...и најстрашно, така ќе си помине.. не е во ред. https://skopje1.mk/archives/314875