Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    ...денес посакав, да прошетам по залутан пат послан со лисја чие шумолење не ми пречи воопшто, сончевите зраци да продираат низ наведнатите гранки, да слушам црцор на птици и да не мислам на ништо, ама баш ништо ! И да, единствено друштво да ми биде моето мило кутре, доволно ....
    имајте убав викенд феминки :hug:
     
    На Barbie20, eliesaab, Sunshine.Sunshine и 3 други им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.875
    Допаѓања:
    101.866
    Пол:
    Женски
    Не знам за вас ама јас навистина имам проблем кога купувам градник.Мислам, никогаш не можам да погодам и крој и квалитет и број.И кога сосема случајно купен градник те прави да се чувствуваш wow,можете да замислете колку е удобен.И така го навлекувам денес јас и поаѓаме со маж ми во пазарење.Седнав во кола и не можам да се начудам колку убаво ми стои и како не го чувствувам.Почнав да се загледувам и просто не можам да си поверувам како добро стои [​IMG]...му велам на овој -допри ме да видиш како е фино тапацирано а не зголемува,а тој ми вели- е подобро да не пипкам сега ,морам да возам.Боже свашта,па не те терам ме пипкаш сексуално,туку да видиш како е добар под рака [​IMG]...а тој подобро да оставиме препипување за дома.[​IMG]
    А жими мајка не го провоцирав ич.[​IMG]
     
    На anuskaNESTLE, Mishela, MandyLane и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Play

    Play Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    69
    Многу сум среќна во последно време. Некако сите работи си доаѓаат на свое место и се е опуштено и радосно. :)

    Планови за кафиња,планови за собирање на друштвото ми се чини од толку планови не ќе најдам време :D Се надевам дека нема да останат само на она: треба да одиме на кафе некогаш. -Да,да обавезно. И секој пат кога ќе се видиме на тоа останува :D

    Убаво е да се создаваат пријателства,да се шири кругот на пријатели,да се шири позитивност и смеа. :)

    Се чувствувам некако мирно,смирено ни со некоја огромна возбуда,ни со тага се чувствувам како да не постои нешто што не може да се реши како секоја тага да е краток период што поминува можеби и среќата е таква,но затоа треба да уживам додека трае. :)

    Ве поздравувам на сите и уживајте ги и последните часови на мојот вечно омилен ден-сабота. :hai: :*
     
    На Barbie20, eliesaab, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  4. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    127.070
    Ако внука се сака толку многу,со цела душа,срце,колку мајка ја сака својата ќерка???Возможно ли е да постои уште поголема љубов од таа која ја чувствувам кон мојата срцка? :inlove:
     
  5. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Веќе 2 недели не мирисам на еден од моите омилени парфеми, Givenchy Ange ou Demon le secret elixir. Мирисам на адаптирано млекце, на неговиот нежен бебешки омекнувач, на неговата кожа, понекогаш и на бебешки повраќаници...... :D Ете тоа е моментално, и засекогаш, мојот омилен парфем. Мирисот на него, на мојот син. И тој мириса како мене. Богами и сопругот. :)
     
    На Mishela, lunicka, artemidis и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Мене од денес ми е официјално есен. Прв пат сезонава дома ми замириса на печена тиква. А,тоа ми е еден од најомилените мириси,а и вкусови воопшто. Има нешто магично и неодоливо есенско и удобно во неа.Во уживањето во вкусно залче пред телевизор,уште мачка да преде до мене ми фали. :)

    Денес ми е супер ден, во неколку саати ми се собраа неколку договори за патувања.Можно е да се онесвестам од радост. :)

    [​IMG]
     
    На do-re-mi, Barbie20, Mishela и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Денов ми беше rollercoaster од емоции. Плачки, смеи, ама важно помина.
    Вчера се научив да плетам од оние белезиките, па интересно ми стана. :rofl:
    Се најадов грицки, си се напив сокче, па сега вечера чекам. :rofl:
    Си гледам ,,Твоето лице звучи познато,, и се надевам дека нема да заспијам пред да заврши. Барем еднаш да го изгледам до крај.

    Во различни годишни времиња имам омилена блуза/маица и сакам само таа да си ја носам, секој ден, по цел ден. :rofl:

    И така. Не знам што друго да напишам, па затоа ќе си одам.
    Чао, феминки. :hai:
     
    На AziskaStrslenka, mileystar и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  8. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Ахх што доживеав, ми посвети песна... имало песна со моето невообичаено име. :$ Омилена песна му била заради името. 8)

    Се фаќам себе си како се поретко го посетувам формумов, незнам зошто, некако како за промена во последно време се помалку сакам да споделувам работи и да зборам. Дали е како резултат што полека почнаа коцките да се движат во позитивен правец, секако со брзина на полжав, ама битно се движат.
    Смешно е човек да помисли дека конечно созревам на овие години, ама годинава пресудна ами беше за многу работи. А има уште многу до заокружување на 23. :!:

    Некако убаво ми е периодов, мирно, со интересно човече околу мене кое е смирено и секогаш знае убаво да ги протолкува работите и да ме сослуша и смири.
    Би било смешно сеа да тропнам нешто од типот судбина ова она ама има премногу случајности што ја прават сложувалката во цел puzzle. :tmi:
     
    На Barbie20, bittersweet, anggell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски
    Сакам да знам како да сакам некој повторно на истиот начин и толку силно. Сакам повторно со нетрпение да чекам да го видам, да го прегрнам, да го бакнам. Сакам љубовта да го надвладее ова тмурно и црно срце и душа. Како засакуваат луѓето некој толку брзо ? Прекинале една врска и повотрно можат да кажат дека сакаат некого.
    Не можам, не можам да кажам дека сакам, не можам ни да го изговорам тоа, кога во душата не се чувствувам така како тогаш, кога сакав. Moжеш да бидеш со некој и да го наречеш нов дечко, но да не го сакаш, ти значи но не го сакаш...
    Секогаш е така сакаш некој, тој не те сака, ти не го сакаш тој ќе те сака... |-) :worried:
     
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.886
    Допаѓања:
    23.878
    Пол:
    Женски
    Луѓе помагајте. :D
    Го знаете она чувство кога ке ви се допадне некоја песна (читај:кога некоја песна има заразна мелодија и текст кој ви го опишува целиот живот и сите божји чувства кои ги чувствувате и песна која ве „разбира“ повеќе од секој човек на планетата)и потоа од зависност ја пуштате на repeat се додека не ви се смачи од неа?
    Е,во тој фазон сум деновиве.(читај:цел живот сум во тој фазон :D )

    Песната е моја биографија во 4 мин. :D

    Секој ја има таа една песна. :)

    Туку,уште нешто,во депресија сум :D
    Сериозно,депресивна сум деновиве,ама во некоја таква депресија каде што сум улаво расположена,и се смеам на се и сешто,ама секогаш на крај,кога ке легнам да спијам,и кога ке почнат еднорозите во главата(читај кога мојот мозок ке одлучи да се потсети на најлошите моменти од мојот живот)мора се да падне у шоља (така наречена школка) и сета енергија од денот се губи во темнината во моите мисли.
    Вау,филозоф. :D
    Да продолжам...
    До каде сме?
    А,така...и друг дел од мојата депресија е тоа што се прифатив себе си таква каква што сум.Не знам колку пати го имам ова кажано,ама овојпат се оствари за првпат.
    Навистина,замислете. :geek:
    И,исто така почнав да размислувам позитивно.Мислам,јас ова одамна го имав направено и тешко ми оди ама еве имам напредок повторно.

    Битно депресија е бе,еј,цц... :D

    И сега одам на Испрати одговор(Конечноо,м?),и ако ми се појави дека имам над 10 смајлиња го фрлам компјутеров од прозор.

    Едит: Немав над десет смајлиња,јеј :D
     
    На Lella, Sunshine.Sunshine и AziskaStrslenka им се допаѓа ова.
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.357
    Допаѓања:
    92.423
    Пол:
    Женски
    Преубав ден,дајбоже да само такви да денови да ме следат во иднина :angel:

    Заради работните обврски на моите родители скоро никогаш неможеме да се собереме целото семејство на ручек,заедно да излеземе,да одиме заедно на гости,секогаш мора некого да биде дежурен,да биде дома...
    Многу пати сум плачела заради оваа и сум ја мразела работата што ја работиме затоа што многу задоволства ни се скратени а мама често знае да каже :а да не беше оваа што ќе правевме, како ќе преживувавме,којзнае со што друго ќе се мачевме,да сме живи и здрави колку можеме толку ќе ја тераме работата како што треба
    Па си велам самата на себе дека животот е таков и доколку сакаме да имаме подобра иднина мора да се работи нешто а и не е толку страшно важно е да е заработува поштено :)

    Денеска успеав да ги наговорам да излеземе заедно обично јас сум иницијатор на таквите семејни средби.
    Ручек со мами и тато ми беше добитна комбинација за ваков убав ден далеку од дома :wasntme:
    Сестра ми ја фаќа некој доцен пубертет изгледа :D и баш несака да не дружи но знам дека ќе го доживее тоа што јас, а тоа е да сака да излегува со мама и тато.
    Нема ништо поубаво од тоа да ги гледам мама и тато како се смеат и зборуваат за иднината како ќе не мажат мене и сестра ми,како едвај ќе чекаат внуците да им дојдат на гости,каде ќе шетаат заедно со нив.
    Ах ги слушам и солзи ми течат,од радост од тага куп измешани емоции во мене.

    Само да сме сите живи и здрави и верувам дека ќе не следат убавини во иднина и дека ќе продолжиме да живееме убав живот како до сега.
     
    На Lella, SV1911, Barbie20 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Напорни денови, за мене нема ни празник ни недела, јас работам 15 саати на ден за да ги задоволам моите гладни амбиции . А никој не ме тера на сила ете, ама од мала сум ја мразела просечноста и умереноста, сум давала се од себе и сум успевала во се.

    Разговори, договори, организирање, сметки, набавки и денот Ми поминува за миг. Го немам тој луксуз да се насмеам ко човек, да испијам едно кАфе со лезет, да прошетам по убавиот ден, да се загледам низ прозорецот а да не правам калкулации во главата.

    Работејки така денес падна еден тежок капак баш кога јас ја тргнав раката, но ете ми го фати палецот и сега ми е скршен. Кога се ватив од лекар си седам и си мислам. Зошто го правам ова? Зошто се мачам? Можам да живеам и без овие стресови, еден мирен живот без ризици, без нервози и висок притисок и без кршење прсти. Што ме тера да го правам ова? И знам, дали сами си ја бараме белјата или белјата не наога нас. Дали сами си ја коваме среката или Господ така ни ги крои шансите и карактерите. А мене ете Господ ми створил карактер на работохолик, па уште и ми прака шанси каде што можам да го докажам тоа. И таман ке постигнам некој успех, ми прака нов предизвик уште поголем помачен и понапорен. Не знам дали Тој од горе ме тестира до кога можам со ова темпо, и ете ми се случи една мала несрека денес што ме натера да се смирам малку со работењето и да живеам нормално.
     
  13. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.266
    Пол:
    Женски
    Мајко кога сум се родила јас верувам дека си била многу возбудена и си блескала од радост, но исто така верувам дека кога се родило слатко и милосливо бебе како што си ти, мајка ти била најсреќната мајка на овој свет. Ваква мајка како што си ти би посакало секое дете бидејќи ти не си ми само мајка, ти си ми најпрво НАЈДОБРА ПРИЈАТЕЛКА (која кога плачам плаче заедно со мене, а кога се смеам се забавува и со задоволство ме сослушува), банкомат, фризерка, готвачка, соученик и многу други работи кои ги правиме заедно за разлика од другите мајки со своите ќерки. Некогаш знаеш да ме искараш да ми бидиш подналутена да ме казниш со некоја казничка но таа казна трае кратко бидејќи и ти подоцна сваќаш дека секое дете прави грешки. Од мојот прв ден до ден денеска ти си мојот идол,ангел чувар и едно суштество кое со зборови неможам да опишам колку го сакам, нормално ова така ќе продолже и понатаму... Мамичке колку и да пишувам знам дека нема да биде доволно, ова е само мала честитка за твојот роденден и која не се споредува со ниту едно твое дело направено за мене. Од се срце ти го честитам роденденот и знај дека твојата ќерка те сака најмногу на цел свет. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН! :l: :l: :l:
     
    На Lella, Barbie20, Sunshine.Sunshine и 4 други им се допаѓа ова.
  14. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Mojata intuicija nikogas ne me laze, sestoto setilo vredno mi raboti. Povtorno go potvrdiv toa sabajlevo!!
     
    На Arthur и Gordana10 им се допаѓа ова.
  15. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    11-ката работеше ^_^ Се надевам и за вас. :D
    Имав прекрасен ден и уште поубава вечер. А утрово,најубаво :D
    Го знаете тоа чувство кога цела недела морате да станувате рано,и кога доаѓа викенд постојано си ветувате дека ќе се изнаспиете колку што можете повеќе,па на крај,од навика повторно станувате во седум или осум? :D Епа,за викендов ме прескокна.

    Дошло недела :D Ден за готвење,гости и пријатни семејни собиранки :D Денеска ќе ни дојдат роднините од Куманово кои што највеќе ги сакам. Бабичката која што трча како детенце,зборува како навиена и ме тушира од цунување со бакнежи кои што искрено,и не ми пречат толку :D Ма да,секогаш кога ќе каже „дојди да те цуну’’ знам дека следува цунами :lol:

    Нема нешто поубаво од времето кое што го поминуваш со своето семејство :) Какви и да се,твои си се. И знаеш дека те сакаат исто колку што и ти ги сакаш нив. :D Имајте убав неделен ден и одморете се убаво!
     
    На Lella, Barbie20, Dream-Girl и 7 други им се допаѓа ова.
  16. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.248
    Пол:
    Женски
    Конечно среќата ни се насмевна и на нас. :hai: Резултатите се одлични. Наредната година ќе има успех, чувствувам. И тоа голем успех, огромен.
    Тоа и ни требаше, на сите. Особено на мене. :wasntme: Синоќешните вести беа ужасни. Не знам дали го можам јас тоа. Но, го оставам за иднината. Тогаш ќе се одлучи тој дел од мојата судбина. Сега за сега, ќе работа на другите точки во животот, а таа сакам да остане зад мене, иако е една од најважните. Барем конечно ја знам вистината и нема да се измачувам во мисли. :$
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nikolija26

    nikolija26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    590
    Секогаш кога ќе поминам до моето училиште во кое учев до 4-то одд. ми се насмевнува лицето. Никогаш не би ги заборавила тие денови поминати таму. Ах да знаев дека ќе ми беа тоа најсреќните денови во животот ќе уживав повеќе... Поминаа многу години од тогаш, но никогаш нема да заборавам, секогаш ќе ми биде длабоко некаде во срцето и сеќавањата :l:
     
    На Lella, Someonespecial и AziskaStrslenka им се допаѓа ова.
  18. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.094
    Пол:
    Женски
    Деновиве и жени и мажи се за никаде и класичен бон тон флерт безмилосно отпадна од игра. Целата предигра се одвива сосема погрешно.
    Типичен примерок од машки род, стратегиски неосмислено и сосема несигурен во себе испраќа предупредувачки и загрижувачки сигнали за опасност, наместо за предлог за љубовна афера. Поголем дел од денот доаѓа кај мене на работа, дреми на шанк колку да ме гледа и во обид да ја прикрие намерата постојано нарачува и е во постојан буџетски дефицит. Сето тоа, за кога ќе си оди дома во 3 сабајле да се јави на работа, кога божем за порачка, кога манијакално ми дише на телефон, кога несовесно со часови ја држи линијата зафатена. И постојано ми се удвара, ама строго по телефон, кога имав и фб и таму. Насекаде загреани момци, ни еден со признание. Која е поентата, затоа што финална дестинација елегијава има, барем на така ми личи, после толку часови, после толку пари, после толку дремење на шанк, после толку следење со автомобилот навечер. Дали навистина мисли дека некогаш ќе договорам состанок со него ? Дали очекува дека една вечер ќе предложам да излеземе ? Ќе му речам многу си досаден и добро стенкаш на телефон ај да излеземе ?
    И вчера му го плеснав, дека подобра варијатна ќе е да дојде и да ми каже колку многу сака да се париме, наместо да го прави тоа по телефон, а другиот ден во негација да се однесува како ништо да не се случило.
    Мислам дека нозе им се тресат на маживе од мојата фрапантна искреност, затоа и немаат храброст да ми пријдат. Или јас сум зафркната, или тие се срамежливи, или се манијаци, сите до еден !
     
    На bubac и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.118
    Пол:
    Женски
    И денот може да ви биде убав, ако некој ве мисли и ви го докажува тоа. Макар и кога е вака тмурен, и најубавата порака за добро утро ви изгледа како сонце да огреало.
     
    На bittersweet, Barbie20, MademoiselleB и 3 други им се допаѓа ова.
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.035
    Допаѓања:
    36.201
    Пол:
    Женски
    На крајот од денот кога ноќта ќе ја спушти завесата, ќе се препуштиме на постелата и ќе ги разголемите мислите пред самите себе, секој од нас си го поставува прашањето:
    - Што ќе беше, ако беше...?
    Вистинскиот одговор е енигма која животот не дозволува да ни се случи.А ни се случува тоа што сами ќе дозволиме да допре до нас...
     
    На cheetah.girl, Lella, Barbie20 и 4 други им се допаѓа ова.