Кај се родителите на ова копиљачево мало да му удрат неколку воспитни и без телефон да остани?! * Ако ги познавате реагирајте
Сфаќам шо е темата ама немам желба да коментирам за то. Ама видов нешто шо ме интересира и ќе се фиксирам само на то. Дали можи да ми кажиш кои се тие продукти, дал било тука, дал било во ЛП? Јас еднаш имам влезено Кипер, ништо не наоѓам, а то шо наоѓам не ми се допаѓа. Ама поштовам без лактоза производи оти телово не поштова лактоза па ако се добри барем да не се измачувам ко не морам.
Од година во година, забележувам дека сè се сведува на пари, кои сè помалку се достапни. Од основни потреби за живот, до забава, патувања и сл. Особено со социјалниве мрежи, границата меѓу парите и "среќата и задоволството" многу се истенчи. Преплавени сме со најразлични реклами за производи, акциски продажби кои "не смеат да се пропуштат", промоции за "корпоративни" предновогодишни забави... Се чувствувам како да живеам во една потера, каде попрво да се потрошат пари. Морам да признаам дека, за разлика од лани, многу повеќе внимавам на трошење пари. Оваа година, многу почесто си го поставувам прашањето: "Дали нешто, шо сум наумил да го купам, ми е навистина потребно/неопходно?". Воедно, сфатив дека многу од работите шо сум ги купувал, не ми ни биле толку потребни, ами сум ги купил оти биле популарни, а реалистично ништо не ми смениле.
Сдк, ептен сум уморна , тек следна недела четврток и петок ќе ги имам слободни, турбо сум на работа деновиве оти колешките која болна, на која дете болно па земале боловање и Херера мора да иде на работа. Вчера пуштиле плата и плус Божиќни пари , ех камо среќа барем на секои 3 месеци да даваа Божиќни пари или било какви пари за благодарност што сме лојални кон фирмата, за редовност, оти секој плус ден е трошење од своето време. Некогаш си велам, ехх Хереро, нема , нема, оп тебе те викаат на работа, проблемот е што ми е работата на компјутер и со туристи и психички ме изморува. Туку, ве читав во темата Тему и си порачав и елка, ќе чекам да стигне, се надевам нема да ме разочара да ми пратат некоја заебанција. Одам да одмарам, утре сум пак на работа прва смена , маж ми вари кафе и да се заблажиме едни суви слатки полнети со мармалад и шеќер во прав. Поздрав до следно читање.
Порано кога пазарев имаше од Зелена Долина, јогурт безлактозен и кашкавал. Сега не знам, оти и Алпско почнаа со безлактозни производи, а во меѓувреме има и лактаза во ДМ. Ама во далечната не знам 2016 немаше ништо, и морав тоа да јадам, оти многу ми беше тешко без млечни производи. Види го и протеинското бело млеко на Алпско, малце има вкус на стари чорапи ама не е лошо за 60те грама протеин за 100 денари.
Најголем избор на производи без лактоза има во Тинекс, само ги нема секогаш за жал. На страна од стандардните млеко, јогурт и кисело млеко, имам купено путер, маскарпоне и пармезан без лактоза. Зборам за млечни производи, не онаква замена за маскарпоне што ја има по маркетиве или веган производи. И крем сирењето АБЦ без лактоза, релативно ново кај нас, во случај да го немаш видено (во Веро и во Кам го има). Сирење или кашкавал без лактоза никогаш немам видено кај нас, ама пример Гауда природно содржи мала количина на лактоза.
@Feminka22 @Puellapulchra @Munchmallow20 Ја чекам вистинската, хаха. Искрено, би сакал да сум во сериозна врска што води кон брак, би бил најсреќниот на свет, само да е искрено и исполнето со љубов сето. Бидете сигурни дека би се испофалил овде. А сега овој момент да го искористам да си прославиме убаво со другар ми, еден од најблиските другари ми е, живејме можеби повеќе од 15 години..
И она чека, keep that in mind Колку години си момче? (не оти менува многу, ама да изгледа дека ми фали у целата сложувалка до заклучок)
Последниов период животов ми се сврте за 180 степени и сакам да ви кажам, во животот бидете спремни на се' и на секакви промени и да знаете дека ќе ве снајде и она што сте рекле "Абе мене тоа нема/не може да ми се случи". Може се'. Баш во тие ситуации ќе се најдете и ќе видите тек тогаш како ќе реагирате и што ќе направите. И така ќе пораснете. Апла само што влегов во третата деценија и нов свет ми се отвори, што ли ме чека понатаму...