1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    12.138
    Пол:
    Женски
    Јас трауми имам од Сикрет Санта од лани.. Оваа година кој и да ми се падне еден украс од Џамбо од 100 денари и еден чоколаден Дедо мраз и тоа е тоа..
     
    На Mumoftwo30 и xoox им се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.100
    Допаѓања:
    39.522
    Пол:
    Машки
    Затоа што се базираме на социјален систем каде секој граѓанин треба да има пристап до здравствени услуги.

    Ако не е така, ќе бидеме како Америка каде што не е контролирано здравството и работи само за профит, па не дај боже да треба да одиш на лекар, ќе треба цел живот да исплаќаш за една мала работа.
    Таму огромен процент на луѓе и умираат оти не може да си приуштат најосновни здравствени услуги, пример да пломбираат обичен заб.

    Денес имаш работа, ама утре може да немаш и ќе бидеш здравствено осигурана преку фондот, што ќе ти гарантира дека нема да умреш на улица и никој да не те погледне. Впрочем така беше и до пред некоја година пред да се вработиш, ти беше терет на фондот 20+ години кој се подмируваше од парите на сите луѓе кои работеа.
    Истото е и за пензиите. Ние плаќаме за тие кои сега се во пензија, а не за нас самите.

    И да, кај нас не функционира најдобро затоа што сме корумпирана држава со триста проблеми, каде се цицаат здравствени и пензиски фондови на секој начин... Примија шуто и рогато во администрација на етничка основа, се крадеа лекови од Онкологија и праќаа на Косово, владее мито и корупција во здравството. Но тоа не значи дека системот е лош. Оти истиот систем совршено функционира во, на пример една Словенија или Шведска.
    А сите сакаме да живееме таму, никој не сака да живее во ф*кинг Тенеси и да умре, не дај боже ако му треба мал оперативен зафат.
     
    На eliesaab, Anie93, TammiB5 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    12.138
    Пол:
    Женски
    Демек сега кога плаќаме и имаме државно здравствено не ни умираат луѓе по ходници затоа што нема кој да ги прегледа? Пред две недели бев на лекар, со болка во половина, ми рече термин имаш за снимање на рбет за 1 месец, а за ортопед нема ни термин во наредните месеци, јас да не отидев во Систина да се снимам и на ортопед, со месеци ќе чекав и немаше да знам што ми е.. За што плаќам јас овде секој месец, ако во Систина се лечам и давам еден куп пари, мислам мене тие пари ми ги враќаат јас си имам приватно здравствено ама која е поентата на плаќањето ако јас еднаш во 5 години одам на лекар и тој еднаш нема термин, нема лекар, нема ништо?
    Треба да има опција доброволно да се откажам од плаќање на здравствени придонеси кон државата бидејќи јас од тоа немам корист.. Еве нека не му даваат на моето дете во иднина бенефиции како лечење бесплатно, јас ќе си плаќам се сама, ама придонеси од кој што јас во моментов немам никаква корист да не плаќам..
     
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.100
    Допаѓања:
    39.522
    Пол:
    Машки
    Па тоа е и поентата де, да го уништат државното здравство за да профитираат приватните болници. Се оди на таа карта, да се урниса се што вреди и е градено до децении за некој да има профит.

    А секако нема да добиеш одма термин ако не си приоритетен пациент. Затоа си има различни упати, и чим ти закажуваат значи не е хитно. Така функционира секаде, не само во Македонија. Иначе ќе се преоптоварува системот и ќе го користат луѓето за да одат на лекар и прават триста проверки на крв, снимања, а на тој стварно што му треба и животот му зависи од тоа ќе нема можност хитно да добие услуга.

    Епа не може ти сега да не плаќаш. Сфаќаш? Затоа што до сега 20+ години си користела, а за тебе плаќал некој друг, од генерацијата на твоите родители. Не може ним до 20 години стаж да им одземале за здравствени услуги, а ти со 1 година стаж да се буниш.

    Ако сакаш да имаш таква можност, ќе треба сите пари што си ги потрошила на здравството во животот до сега, а верувам се милионски суми (во денари) кога ќе се пресмета инфлацијата да ги вратиш.
    Е тогаш ќе биде фер и коректно.
     
    На eliesaab, Dilajla123, Just a chill guy и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.565
    Допаѓања:
    38.683
    Пол:
    Женски
    Ако си била итен случај ќе те прател на ургентен лекарот и ќе те снимале. Не може кога ќе ти текне одма да се снимаш и кога имаш реална потреба и кога немаш, додатно на тоа бесплатно. Тоа никаде во светот не постои.
     
    На eliesaab, Dilajla123, staycalm и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.988
    Допаѓања:
    55.061
    Пол:
    Женски
    Најдобар систем за една држава е социјална демократија. Тоа што кај нас има корупција, врски, крадење е друг муабет. На тоа треба да се работи, а не сѐ да се приватизира, па тој што има пари ќе си помини на ред, другиот нека цркни на улица. И покрај сѐ ова пак ми е мило што не живеам по амерички систем, да се тресам дали ќе можам да си дозволам антибиотик или пломбирање заб.
    Вака ти плаќаш за другите, ама и другите за тебе. Секој има право да му се задоволени основните потреби без разлика колку примања има. Така функционира заедница.
     
    На Just a chill guy, Anyshka, sino.o.oka и 5 други им се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    12.138
    Пол:
    Женски
    Жената дома ме прати со апчиња за болка бидејќи немаше што да ми прави, немаше каде да ме прати, сфаќаш?
     
  8. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    2.369
    Колку ми падна тешко денес, за време на пауза колешка вика ќе одам до тоалет, ја приметив дека нешто не е како што треба ама викам ај, случајно поминав од таму и викам да видам до кај е, а таа цела во солзи и викам зашто плачеш??? Со дечко што се гледала на почеток многу го фалеше добар фин и рекол дека е малце глупава и кој би погледнал некоја како неа, а девојчево е скроз на место, мирна, нормална, значи какви '' мажи" постојат, АКО НЕ ВИ СЕ СВИЃА НЕКОЈА ДЕВОЈКА КАЖЕТЕ КАКО ШТО ЛИЧИ, на што личи проста си, смотана си, кој би погледнал некоја како тебе, така и рекол дека не излегувала често и седела дома за викенди... Што се дешава со маживе, мизерно.
     
    На eliesaab, joy1, Purpleheart и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.169
    Пол:
    Женски
    Какви будали, колешката е очигледно осетлива, па затоа лично го сфатила, ништо страшно ќе и помине за некој ден :)
    За вакви будали, не треба човек ниту 1% да си ја намали самодовербата, сите имаме квалитети, не можеме на секој да одговараме, ама кога тогаш ќе се најде некој на кој му одговараме, ваквиве се се освен мажи (fingers)
     
    На $ophia, Mumoftwo30 и xoox им се допаѓа ова.
  10. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    2.699
    Пол:
    Женски
    Го поздравувам денов, за овие херои и деца и мајки и се што се врти околу нив.
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.290
    Допаѓања:
    163.521
    Пол:
    Женски
    Баш зато вака збора. Манипулативен копиљ. Целта е да ја намали нејзината самодоверба, да напрај та да мисли дека не можи без него за никогаш да не го остај. Манипулација 101. Сама крива не е, без разлика шо можи да мисли така и шо ќе има луѓе шо ќе фрлат вината дирек на неа. Греота девојчето. Се надевам има добар систем на поддршка за полесно да увиди дека тој е проблемот.

    За рбет снимање јас имав потреба од брзо/итно снимање. Ми дадоја 24 часа упат и одма се снимав. После то имав потреба од хирургија ама то не беше итно, па чекав месец до термин. Зато има поќе видови упати и се користат зависно од ситуацијата. И мора така да е зошто ако не беше вака, ќе страдаа најмногу тие кои имаа најмногу потреба. За другото немам шо да додам, особено @Billy Idol ептен добро објасна зошто се функционира како шо функционира. Имаме проблеми, ама тие се ради корупцијата, не до воспоставениот здравствен систем. Скраја да е да бевме ко пример Америка. Едвај да ти се исплати да одиш на преглед. Бубрег цена за мала процедура. За поголема ни да ти се исплаќа да одиш туку полесно да е да се помириш со судбината.
     
    На staycalm, Amellie13, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    2.852
    Пол:
    Машки
    Не е до мажите, како општа именка, туку до овој поединец кој очигледно е невоспитан и незрел, и не заслужува да биде со кого било и до општеството кое воспитува поединци кои мислат дека таквото однесување е „држење до себе“, „сопствените ставови„ „самоувереност“ па и „култура“, зашто ти ако не газиш другите ќе те згазат и ќе ти го прават „истото“.. Ете затоа и ни требаат колективни облици на заедница, како погорната „дебата“ за колективен здравствен систем... Во систем на сите против сите, сите губат. И сѐ останато е миопија.
     
    На Antoninaaa, eliesaab, Just a chill guy и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.100
    Допаѓања:
    39.522
    Пол:
    Машки
    :clap:

    Ова треба да биде мисла, не на денот, туку на годината.
    Да се стави на банери, насекаде, со големи букви, да се потсетуваме секој ден по кои начела треба да се водиме.
     
    На Antoninaaa, eliesaab, Tinaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    2.852
    Пол:
    Машки
    И тоа нема да помогне, луѓето учат на основа на искуство и последиците од него, но, често е доцна. Фала, во секој случај.
     
    На Tinaaa и Billy Idol им се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.647
    Допаѓања:
    33.950
    Пол:
    Женски
    Мене па упат ми дадоа за Битола, а јас од Скопје.
    И тоа без термин е, ми кажаа може и после месец да ми се јават и да ми закажат, сега пред некој ден ми се јавија од Битола, ми кажаа кога има термин, кога ми одговарало, им кажав да се договорам што како за да не одам сама во Битола, додека им се јавив толку, се' се пополнило, како за толку брзо не знам, и сега ќе мора приватно.
     
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.290
    Допаѓања:
    163.521
    Пол:
    Женски
    Ќе ти пишам сега ќе ти кажам цел процес како беше. Пошто од денес за денес ми дадоја упатот јер итно.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    12.138
    Пол:
    Женски
    Срам ти е да пишеш овде јавно дека врски фати за да добиеш преку ред термин?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.647
    Допаѓања:
    33.950
    Пол:
    Женски
    А зошто да и' биде срам?
    Па и да фатила врски, пиша членката дека итно било, еве и моево е итно.
    Снимање рбет поради тоа што боли и поради ова нашево е многу различно.
    Еве јас ќе кажам дека фатив "врски" во Градска болница, кога се работи за здравје и те како ќе фаќаш врски.
    И не, не ми е воопшто срам.
    Дури и за екг на срце ми кажа докторката за побрзо ако можам да фатам врски.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    12.138
    Пол:
    Женски
    А мене не ми беше итно, јер мене ако ме боли, а вас итно ви е, вие не можете да трпите јас можам така?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.647
    Допаѓања:
    33.950
    Пол:
    Женски
    Кога се работи за карцином и те како е итно.
    Многу мешаш, сите се болни, не велам не, ама ова е како да споредиш настинка и карцином, е не е баш исто.
     
    На Dilajla123 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.