Имам слушано за луѓе што издаваат станови и имаат осет, дури ни дома не влегуваат, доаѓаат до пред зграда земаат кирија и си одат за да не сметаат, ама не сум имала среќа на таков да налетам.. Излеа ретки се..
Јас еднаш нашиот станодавец го начекав седнат на шоља. Ние бевме на викенд, не очекувал да си дојдеме. А како бев јас затрчана, се упрпа човекот. Се отселивме одма. Кратка хорор приказна.
Не претура, него онака визуелно да види да не нешто му фали, и е у фазон као аха, машината тука ми е, болјерот тука, правосмукалката тука, креветот тука, шкафот тука, и телевизорот ми е тука, уште радијаторот од парно што не кажал ее и радијаторот ми е тука мислев ќе ми го украдеш..
што нема човек да чуе леле луѓе не можам бе така да живеам јас, па клуч да ми има некој од дома и да ми шета додека сум на викенд... страшно. мислам јас изнајмувам деловен простор, ама одма си купив нов катанец, не сакам да мислам дали некој ми влага, иако моите газди се скроз обратни, не се замараат со нишо, ни се јавуваат, ни доаѓаат, ни ми креваат, абе го молам сметките да ми ги прати да ги платам пошо онлајн стигаат кај него.
Мајке ми. Живееше над нас, често не посетуваше. Ќе најдрв дома усисано, чевлите наместени. Имаше клуч за не дај Боже ако заборавиме нешто уклучено. Зашо дозволивме, не знам. Од прозор ме пратеа со жена му какви капутчиња сум носела, секој ден друга боја сум мењавала. Се деси викенд, ај да шетаме и ок, дојдовме ден порано. А од дневната имаше врата, па ходниче и директно вратата од тоалетот. Мене ужасно ми се мочаше. Затрчана, не ни сетив дека не сум отклучила. Тој си ја затворил само вратата од вецето. Се скаменив ко го видов. На бегање се шлакнав во другата врата. Рече дошол да провери само. Хорор. Камо да лажев, траума имам и ден денес кај сме биле.
Имаш некаков договор како кираџија? Ако имаш договор, не смее да влезе во станот иако е негов. Ако немаш тоа е веќе друго не знам. Во секој случај не би го пуштила wtf не сум јас за тие фини манири, да не сака и кафе да му сварам
Тоа ќе делува на 30+. И мене ми даваа како мала сируп за апетит и оние зрнца рибино масло, почнаа да ми делуваат на 30. Па имам голема среќа што секогаш сум била слабичка, па и да се поправам таман ми доаѓа.
Ти си цело време важна, незнам зошто само тогаш си се осетила важна. Оно уствари вака коа ќе размислам зборот важна го измислија ради тебе….
Ти решаваш кој ќе бидеш, а кој нема да бидеш. Препрочитај го пак. ТИ решаваш кој ќе бидеш. Сè друго е оправдување пошо не е лесно да бидеш тој што сакаш да бидеш.
Сакам да кажам дека после врска од 1 год. се чувствувам лошо, бедно, безидејно,осамено едноставно УЖАС. Не само заради тоа што не сум више со неа, туку сум факинг сам, другари во странство јас блеам како теле тука. Единствен излез од дома ми е работата и ништо друго. Роденден (јубилеен) ми беше, седев дома сам пиев од мака и си размислував каде грешам, зошто останав сам. Ќе мрдне ли од мртва точка животов мој
Сите имаме периоди на осаменост кад тад. Таква ти била среќата што како помлад си осетил. Тоа што одиш на работа е супер, но гледај да си најдеш и други активности во твојот живот. Спорт, музика, книги, филмови, шетање, патување. Не знам што те влече. А за девојка ти и другарите треба да славиш што те оставиле и што ти го покажале лицето, што те напуштиле кога било најтешко за тебе. А можеби и требало да раскрстиш со тие луѓе, за во твојот живот да дојдат нови и подобри. Само што и да правиш немој никако дома да се затвораш.
Треба да се научиме да ги оставаме луѓето од нашиот живот што решиле да си одат да им ја отвориме широко вратата! Некои личности треба да си одат од нас за да дојдат вистинските! Колку личности имам сретнато во мојот живот и веќе се во минатото како да не се познаваме никогаш.
Фала ти на внимание. Знам дека треба да си најдам занимација, знам дека не треба да се затварам дома, ама некако немам желба за ништо, немам концетрација за ништо. Ќе се фатам за нешто ама џабе паметот ми оди на друга страна.
Така е, потполно се слагам. Never ever ignore a person who truly loves you, because one day you miss the moon whilst you are counting stars.
Си чекам ред во банка и јас бев број 16, и сега доаѓа на ред 15, завршува 15, и на дисплејот се појавува 16, и нели јас сум на ред 16 број.. И една госпоѓа, ни а ни б пред мене на шалтер си застанува без број без ништо.. И сега јас и викам извинете госпоѓо, јас сум на ред, позади мене уште 10 луѓе со број чекаат, и она ми вика јас трудна сум, и си застана пред шалтер без срам преку ред, јас и сите други ја гледаме и не веруваме.. Значи верувам дека да речеше, извинете, дали ќе може преку ред, никој немаше ништо да и рече, сите ние гледаме дека е трудна, ама такво однесување да мисли дека е пред сите и дека има привилегии само затоа што е трудна јас не можам да сфатам.. Башка што во банкава има столчиња и како кревети има едни со перници за да седнеш додека чекаш ред, не е дека требало да стои..