Ona cuvstvo koga ke se ispukas za site pari na luge sto si im kutel i te sfatile ko glup i naiven e nezamenlivo.Podobro oni da se nerviraat nego jas,koga veke ti puknala tikvata i ti doaga da gi zdrobis i smakas kako dosana muva sto se lepi na jadenje kogi gladen.Ubav den i ubav period imam sporedeno so lani ova vreme.
А зошто не го сакаш Џорџ? Не памтам до кај сум го гледала, сигурно не до крај, ниту пак ме интересирал развојот на ликови во било која серија евер. Така што, немам појма за која промена зборуваш. Ама, можеби Curb your enthusiasm ќе ти даде некој одговор Сдк...на тема, смешки од дијаспорци- дојде еднаш еден роднина од Австралија, и ни објасни - ова е телевизор, а тој во филмот што умре, не умре стварно, то е глума. Така што така. Уствари ко што минува време, сфаќам дека многу подлабоко значење има таа мудра мисла, ама тоа во некоја наредна епизода.
И плус се гледа со деградирачки аспект и потсмев спрема некого кој не пија и не е љубител на алкохол. Би рекол таквото размислување е простачко ама повеќе е жално зошто се мешаат во туѓ избор на начин живот и општо во животот. Не сакам да ми се мешаат во тоа дека не пијам и не сум љубител на алкохол и штетни пороци, исто како јас шо не му се мешам на тие шо обожаваат алкохол, цигари, итн. Секој си има право на избор на начин на живот и животни навики.
Чим прашваш ... Спојлер: без мајтап ... џорџ Ќе бидам кратка оти ми е мака да пишам пак долго денес, и да, знам дека ко ќе седнам да читам наново мислењево ко ќе го допишам ќе си се изнасмеам сама дека сум мислела дека можам да бидам кратка. Накратко ликот на Џорџ е поставен да е тој awkward лик, паралела имаа тргнато со прасе чоек во една епизода и Џорџ, на ист начин шо е поставен како лик од епизода 1 - низок, дебел, ќелав, црвен, воспален нос и црвена кожа. Носи наочари, има изразит акцент и не секогаш ги сфаќа работите од прва. Карактерно е опишан како awkward, не социјално адаптиран, жени бегат од него, едвај има добар контакт со неговите. Никогаш не враќа кога плаќаат за него. Покрај то како лик јас го доживувам како „клето мало чоече“. Шо пак, со воспоставените карактеристики, а то шо пишав до сега е како тие во серијата го опишуваат - е конзистентно јас да го доживеам Џорџ така. И немам проблем со то. Сакам да има лик шо неќам. Ја губи работата уште прва или втора сезона, станва уште по bitter - уште сме конзистентни со ликот негов. Во епизодата кај шо почнува да прај се наопаку и му трга, се кажва дека дури и како претходно немал ИЧ среќа т.е. имал лоша среќа, ама сега има и евентуално ама да пази оти евентуално ќе се „поединачи“. Уште пред да се скрши та лоша среќа, а е воспоставен како лик како шо е воспоставен - тој почнува да фаќа прејаки женски и тој да е player и тој е тој кој му раскинва оти е „прејак“. Ова не е конзистентно со неговиот лик 1) зошто нема самодоверба и то е установено и често кажвано од негова страна и 2) сам има кажано низ self deprecating jokes дека жени бегат од него и дека нема среќа во то поле. Така да нема смисла да му се додај ова карактеристика зошто е директно спротивна од се шо е установено за него како лик. Дури и во епизодата кај шо се заљубва во женската на Џери оти та го неќи - конзистентен е делот дека се заљубва оти не можи да ја има, не е конзистентно дека „не можи да трпи да не е сакан“ шо беше даено како причина зошто до тогаш беше изненаден ако некој воопшто покажи пријателски интерес за него како кон човечко суштество, а не па поќе. Е сега, кога ова би праено смисла за Џорџ. После opposite day кога почнува да работи за Јенкис и нели, се крши кругот на лоша среќа и почнува кругот на добра среќа (до кај шо сум уште има „добра“ среќа). Наеднаш е среќен, се сели од кај неговите, има самодоверба и то е клучно за да има добри интерпесонални врски. Тука Џорџ фрустрациите кои ги градел 4 сезони можи да ги извај со то шо станва player. Ама нема толку ефект та негова карактеристика сега зошто тој веќе сезона-две ја има та карактеристика. Џорџ да почнеше сега да е каков шо беше веќе две сезони - ќе аплаудирав како е изведено. Вака, I'm underwhelmed. Другаров ми вика демек и Барни е така гомно од чоек, ама него го сакаш оти е убав? Не. Барни е харизматичен. Харизматичен е оти ликот има самодоверба и знај да скрие шо не чини и да нагласи шо чини, чак и ништо да не чини. И таков е од почеток и зато од почеток прај смисла. То фалеше кај Џорџ. Пак ќе речам, после opposite day го добива то. И тогаш прај смисла да е таков лик. Не претходно. Јас ко ќе речам дека ќе бидам кратка: Мојата потреба да сум yapper е поголема од мојата мрза.
Абе филм е, не е вистина Глеј го Ентузијазмот шо ти го пишав погоре, може ќе ти даде смисла Многу понеизвикана и покултна серија, ако ме прашува некој мене
Абе знам Ама дел од мене не можи да се исклучи ко ќе гледа серија/филм. Или сум all in или сум all out. Така да нема средина на релаксирано гледање, или се внесвам и вака си зборам за зошто како е, или само ми е позадински звук и игнорирам. Во една епизода спомнаа Twilight Zone, иако знам дека мислат за поновата верзија, ама ме потсети дека заглавив на прва сезона на старата серија. Интересни приказни, но не ми дават простор да се поврзам со ликој за да можам вака и мој филм да си прам и тешко ми оди гледањето. Зато и преферирам серии наспроти филмој оти ми дават долго време да ги пратам ликојте. На психотерапија еднаш праев семејно дрво на лик од серија и го анализирав психички, да не речам, не ми е прв пат вака да сум passionate. Инаку баш ќе ја видам после ова. Имам уше три предлози од пред да сум родена, ова шо рече ти е доста нова. Ко премија ќе ми дојди.
Мака мачам со сестра ми да се објаснам дека наставничката по англиски е тука за децата да ги научи, и дека треба да прашува кога не и е јасно, само така ќе научи, дека подобро е да прашува во школо и на курс кога нешто не знае, него само да седи таму, и ние после дома да се објаснуваме.. Ми вика мене ми е срам да прашам, мислам децата ќе ми се смеат дека не знам..
Како се справувате со мрзеливост? 2 недели се влечам да напишам еден есеј, и никако да почнам... Шо бутур ми е не знам.
Никој од ликовите во „Зајнфелд“ не е конзистентен. Нема никаква потреба за „длабока анализа“. Дури и низ текот на самата серија. Не може да се „извади“ со , „на почетокот немавме пари па почетните епизоди беа само пробни“. Целата серија е генератор на предрасуди и од невротичноста на њујорчаните од 90-ти прави фетиш. (слично како кај Вуди Ален, иако тој е приказна сам за себе) ...Изобилува со предрасуди за раса, жени/мажи, возрасни луѓе, социјална состојба, самоубијци, сексуалност.... Ужасно неинвентивен крај. (но, нема да правам спојлери)... Во меѓувреме Зајнфелд стана милијардер. (или речиси). И уште се буни дека го „канселирале“... Ма немој. И треба да биде канселиран. Но, Џејсон Александер (Џорџ) е одличен актер, и многу луциден, погледај интервјуа.
Сајнфелд не е канселиран ради серијата (ако уопште е, пошо глеам комедијантите го ценат), ради друго е во задњиве година-две. Кај сите серии од 80тите и 90тите хуморот денес не би прошол, други се времиња (мислам, фала курцу). А ликовите може повремено се неконзистентни, али дефинитивно можеш во кратки црти секој од нив да ги опишеш, што всушност ги прави доволно конзистентни, и што е уште побитно, уникатни. Не се само имиња, карактери се. Заплетите и случките се преувеличени, на моменти блесави. Барем не се воздржувале во тој поглед. И после 30+ години, сè уште е смешна, како и да е.
Ова не е коментар за актерот. Вакви критики не се никогаш за актерот. Напротив, значи дека актерот си ја исполнил целта и го бива. Нешто како омразата кон Лена ради улогата на Церсеи, шо нема смисла. То само значи дека she ate and left no crumbs. Во било кој ситком има неконзистентности, особено во приказната. Долго трат, многу епизоди, често секоја епизода можи да се гледа и одвоено, а посмешно станва ако гледаш редовно. И тука е така. Но, многу работи ги памтат и ги воспоставуват порано како little easter eggs. Секогаш како шо се воспоставени ликојте е конзистентно во сите сит комс (нормално, се трудат, колку шо можи), барем за тие кои се главни ликови, оти ако не е - опаѓа гледаноста и има критики. И најчесто колку подолго трај серијата почнуват да излегват тие проблеми и дупки во приказната. Така да кај се гледат промени во ликот има и критика. Секогаш има критики за приказни и ликој. Е јебига јас каснам малку оти 1989 е прва сезона и не бев родена. Можев tune in за последните сезони да прам ама бев презафатена со полнење памперс. Е сега за серијата ко серија. Не ми е најсмешен ситком кој имам гледано иако интензивно го гледам. Не сум сигурна ни дал има место во топ 5-10 да влези. Туку ми беше кажан како најдобар ситком. И сфатив зошто. Мислам сигурно ќе речиш дека и то не е за "длабока анализа" (ваљда сфати дека пола е мајтап муабетот за Џорџ, мајтап на моја сметка оти се заборавам со yapping ко ќе некој нешто ме праша casually, а пола е хиперфиксација оти ме интересираше конкретен одговор) ама зошто така се условува та серија е ради воведот на поинаков storytelling шо после многу ситкомс од то време се огледват на неа. Накратко, Seinfeld walked so Friends could run. Следно до кај шо сум е 100% лабава. Нема ни момент сериозност, а и ко ќе работат малку посериозна тема е на начин шо оди под радарот за да пак е комедија и да не влези многу во драма. И некогаш ни треба нешто лабаво. Проблем околу спојлери за ова серија немам, шо е до мене комотно дополни.
Многу едноставно, да не бидам екстензивен. Дополнително, немам време... Не мислев на тоа дека немаат НИКАКВА конзистентност, мислев на тоа дека немаат „психолошка“ доследност. Нивните гледни точки, нивните начини на размислување, нивните согледувања на претходните искуства, нивниот сооднос со другите луѓе, не припаѓааат на „една“ личност. Нивните карактеристики немаат еден „наративен центар“, туку се нафрлени слоеви, епизоди, и ментални извадоци, дистрибуирана неповрзана низа на особини.. Побогу, Зајнфелд има 50 девојки низ серијава,...(имаше статија за ова.) „Зајнфелд“ како да се води само на основа на „трикови“, „финти“, „што е популарно во моментот“, емоционални тригери за поттиикнуавање некакво празнење од секојдневните фрустрации, главно засновано на цинизам, што е кристализирано незадоволство од секојдневието... .... Во меѓувреме, да повторам, човекот стана милијардер, на некој начин, се збогатил на основа на генерирани предрасуди и цинизам... Ја злоупотребува „катарзата“ на гледачот преку цинизам, за да се збогати! ** Имаше еден македонски јутјубер/поткастер кој стана „популарен“ затоа што со другарчето се смееше оти кога бил дете силувал некоја „женска“ во комбе (нема да го правам популарен)... Еве, го сега пак собира гледачи.. Истиот Зајнфелд „маркетинг“. *** Сличен заклучок имав и за Brеaking Bad, во однос на психолошката недоследност... Би рекол дека потребата за цинизам низ сериите многу зборува за нашите модерни општества. И не само што го „растеретува“ гледачот од него, туку го репродуцира и на крајот го прави уште пофрустриран... Малку смеење за многу цинизам...
@Vikktorr со едина разлика шо дотичниот јутубер, кој ни јас неќам да го спомнам, не напрај ништо креативно со своето постоење пошто на крај на ден, со сите предности и недостатоци, серијата е креативно дело шо го отвори патот за други креативни дела. "Револуционерно" за свое време беше коментар шо ме натера да сакам да отворам и да гледам. Дали за мене е? Не целосно. Ама за времето шо е, и серии кои му претстојат - апсолутно точно е. За пренагласеностите на карактеристиките, преувеличувањето и приказната ... то често знај да е интересен аспект на еден ситком, баш @MissChievous погоре го спомна то.
Допишав погоре. Веројатно е појасно. Но, се согласувам, дека не е сосема исто, слична е „матрицата“, слична е потребата, се „повикува“ на слични емоции. Барем јас така гледам... ** Еве, и јас го изгледав во крајна линија, целиот ситком, инаку немаше да го знам крајот. Но, мене ми беше интересен од мета-ниво. начинот на кој е направен, како се вклопени епизодите, како продуцентите успеале да ги поврзат сезоните, какви „теми“ се начнуваат и завршуваат, како се „исклучуваат“ ликовите, како се воведуваат нови, дали некаде ќе има доследност. Крајот мора да кажам е неочекуван, попатен, како и целата серија, колку што се сеќавам целата серија е mise en abyme, серија во серија за НИШТО-то Типичен постмодернизам... Има многу убави интервјуа од учесниците, а анализи за ситкомот., ги препорачувам... Некои одеа и во насока на ова што јас сега го пишувам тука. Но, неспорно дека е огромен комерцијален успех и дотолку повеќе кажува многу за сензибилитетот на гледачите во едно време.... Затоа што ситкомите имаат своја функција, секогаш...
Анализата ти е супер, ама претерано филозофираш за серија за која не треба да се филозофира, пошо ко што кажа намерно е за НИШТО. Затоа сите ликови имаат по 50 партнери, пошо за нивна возраст тие се темите, секс, дејтање, кариера, искачање. Тоа е целата поента и убавината. Секоја епизода има фокус на некоја конкретна приказна, ко што вика Демон, не се поврзани, можеш било која, било кога да ја гледаш. Башка е ултра стара, една од првите од овој тип. Со други серии и други ликови, пробуваат други наративи, и биделе дека главните ликови треба да имаат поголема длабочина, да развиваат односи и врски, итн. Ама тоа не се бара во Сајнфелд, според мене Сајнфелд е за мрднатите сценарија што им се дешаваат на ликовите и punch line-овите. Толку. Иначе, ако до сеа ја немате гледано "Northern Exposure", препорачувам да ја гледате. Врска нема со Сајнфелд, едино што е од тоа време, една од омилените серии ми е, па затоа ја препорачувам на луѓе шо немаат проблем да гледаат нешто постаро. И тука има навредливи моменти што тогаш прошле, ама има еден топ преубави пораки и поенти. Сеа зимно време е најтаман за гледање.