Драги жени, пред да ја отворите сезоната на Moon Boots да се разбереме дека се за на снег, а не за на асфалт како модна комбинација.
Многу ме интересира зашто не гледам инфлуенсерки да трчаат или вежбаат на ладново во спортски прслук или кроп топс. Или тоа е зашто парчињата што ги дизајнираат и промовираат се само за сликање за дома и теретана и не знаат да дизајнираат екшуал облека за вежбање.
Убаво ја испеал песнава џеј рамадановски ""Uspeo sam u zivotu, tako misle svi uspeo sam, a gde si mi ti uspeo sam u zivotu, zavide mi svi ali nisam moja ljubavi""
Секој гледа на сопствен начин драга допишувачке. Јас не можам, а да не ја гледам позадината, длабочината, да „филозофирам каде/колку што (не) треба“, итн....Затоа и постојат форуми да дознаеме за другите перспективи, па и понекогаш да ги соочиме. ** Инаку, фала ти за препораката. Сум чул, ама не сум ја гледал серијата. Еве ти и тебе две препораки од мене. https://www.imdb.com/title/tt1740299/ https://www.imdb.com/title/tt11280740/?ref_=fn_all_ttl_1 (втората сезона треба да излезе за еден месец, според најавите) Убава вечер!
Зошто е па тој грев канселиран? Никогаш не ми биле нешто посебно, ни смешни, ни интересни, ни предмет на анализа. Баш, серија за НИШТО. Silicon Valley од друга страна памтам дека беше смешна. За хуморот, појма немам каков би можел да биде, хиперкоректен хумор не верувам дека постои.
Абе нормално, секој како сака ќе си гледа и размислува, не ми беше поентата да наметнувам како да праиш. Само ми нема смисла да се бара тежина во Сајнфелд, тоа ми беше муабетот. Двеве серии што си ги препорачал ги знам, првата изглеав пар епизоди, искрено не се ни сеќавам точно што се случуваше. А "Severance" ја изгледав првата сезона кога излезе зошто беше ултра популарна, ама мене некако досадна ми беше тогаш, а ми се свиѓаат чудно sci fi серии (ко Legion што беше). Ама мислам дека пак ќе и' пружам шанса зошто гледам уште ја фалат. Не е баш канселиран, ама во последно време во фокус беше дека на 38 години има дејтано 17 годишна. А за хуморот, вкус е во прашање. Лично смешни ми се и дешавките и ликовите, а и кратките stand up делчиња низ епизодите. А и ја иам гледано едно сто пати у задњиве 15 години, и пак можам, па за мене лично тоа ми е тестамент дека серијата ми е меѓу омилените. Иако да, има заебанции што денес не би прошле никако, ама не го сфаќам тоа сериозно, пошо знам дека таква била ерата (ко што нели океј било постар да има дупло помлада, богат фраер). И така.
@Biljarkata Иронизирав малку погоре. Џери Зајнфелд се „умислува“ дека е канселиран. Мислам дека погоре тоа го ставив во наводници. Можеби не сум бил јасен. Еве една кратка статија од Rolling Stone објаснува, од оваа година. https://www.rollingstone.com/cultur...ry-seeinfeld-pc-culture-far-right-1235012038/ Затоа спомнав дека е милијардер (проверив, неговото нето богатство е проценето на 1.1. милијарди долари што го прави најбогатиот комичар на светот) Сакав да кажам дека се умислува дека е канселиран, е милијардер, и мисли дека „кансел културата“ ја убива комедијата, а човекот го стекнува богатството со помош на цинизам и предрасуди... Да не му требаат повеќе пари? Да му дадеме за струја зашто кансел културата му ја убива комедијата... Да се надоврзам, не е тој грев, ние сме гревови... Мене пак баш ми има СМИСЛА да се бара тежина во „Зајнфелд“, еве. Секоја „комедија“ што генерира профит од милијарда долари, за ЕДЕН човек е ТЕЖИНА. ( и е социолошки/економски/психолошки феномен, што кажува многу. Не, не можам да не ја гледам позадината,)
Epa ili ke uspevas vo ljubovta, ili vo profesionalniot zivot… Sekoja chest za iskluchocite koi gi imaat i dvete
Видов погоре за комедии нешто се збореше и морав да пишам. Многу подобри комедии сум гледала, со ептен witty хумор, со подобри актери, ама никогаш не сум се приврзала со ликовите како со од New Girl. А кога ја почнував посебно првите 5-6 епизоди толку ми беше cringy, ама сега еве сум, при крај и ми се плаче од помислата дека сум на крајот, како да ми биле другари тие од серијата и сега ги изгубив Серијата ја издвојувам од сите други комедии заради хемијата меѓу cast-от што ептен ме фасцинираше за онака light комедија што ја пушташ за да релаксираш мозок. Навивав за Џес и Ник до последниот момент, а секогаш сум рамнодушна за парови кога станува збор за филмови/серии. Исто Ник, што воопшто не беше мој тип ми беше екстремно привлечен. Еве уште не знам зошто. После True Detective, ми требаше нешто вакво. Исто, ако некој ја гледал и бил вака како мене под импресии нека ми пише за да коментираме зашто на никој од друштво не им се гледа ситком, па немам со кој.
Секој со своите проблеми. Мене ми е грев. Не дека е греота, просто така се вели. Не ми е забавен лик. За милијардите негови, ама ич не ми е гајле, и реално не ми се индикатор за грев или не-грев. А за комедијата е во право. Ај кажи ми смешен виц кој не работи со стереотипи и нема да навреди никого.
Колку безвезе коментар Seinfeld е серија од 90ти, вие модерниве woke критичари на се мора да ставите лупа од 2024. Може да не ти се свиѓа концептот на серијата, Seinfeld е позната како "show about nothing" во која секојдневието на група пријатели во рани 90ти во NY е како тема, и не знам каква конзистенција бараш во ликовите, серијата траеше 10 години, нормално дека ќе има промени како во опшеството така и во ликовите во серијата. Колку е добра серијата не би те убедувал, веќе е до вкус, како што кажа повеќето од актерите се збогатија од серијата и за жал заврши малце мутаво заради што платите на главните актери беа преголеми и не ја обновија серијата за 11та сезона. За мене е една од најдобрите серии, без никакви специјални ефекти или клишеа, оригинален концепт и дијалог со фантастична група на актери, кој некако успеваа од најбанални теми како "Soup nazy" или кога ја бараа колата во паркинг гаражата цела епизода, да ми го задржат вниманието и насмеат.
И да ти кажам таков виц нема да ти биде смешен штом претпоставуваш дека нема такви и сите „смешни се на основа на предрасуди“. *** Јас кога одам во супермаркет и купувам производ размислувам за маржите, даноците, од каде доаѓа производот, кој го пакувал, како го транспортирале, колку е здрав, какви состојки има, кој е сопственик на фирмата, како се однесува кон вработените, колку слободни денови имаат, дали им го плаќа осигурувањето... Исто е и со културните „производи“ кои ги „конзумирам“, меѓу кои и „Занјфелд“. Не можам да судам само на основа на вкусот и дали тој производ ми се допаѓа додека го „конзумирам“. Еве, една аналогија.
Проблемот со воук движењето не е тоа што треба да се цензурираат одредени претстави за однесувања. (ширење на најгадни предрасуди за други човечки суштества). туку што се злоупотребува како имплицитна контрола од други „центри“ кои се прикажуваат како подобри од претходните, што зборува за хипокризија и злоупотреба. Тоа е она што им пречи на луѓето. ** Има неконзистентност и неконзистетност на ликови... Замисли. во 50 - та епизода, ликот А да ја смени бојата на коса и во 51 да се појави со нова боја коса... А, сега, замисли сега во истата таа епизода да ја нема десната рака, а ги имал двете,, и покрај сменетата боја на коса.. само во психолошка смисла на зборот. На таква неконзистетност мислев. Зајнфелд изобилува со такви моменти... Инаку, генерално, јас не ценам серии што траат 9 сезони, затоа што неминовно ќе се разводенат. Но, тоа е мојот вкус како што и ти кажа. *** Јасен ми е концептот на серијата, од гледна точка на комерцијална „привлечност“, во класична смисла на зборот. Нема потреба да ми објаснуваш. И да дополнам, ако тебе ти се допаѓа, или некому друг, нема проблем, нека ја гледа. И пак ќе кажам, и јас ја изгледав цела. Но, дали мислам дека е добра, Па, и не баш. И не би ја гледал пак... Инаку, убаво се сеќавам на епизодите што ги спомна. Но, не можам да го одвојам тоа од сегашното богатството на Џери Зајнфелд и неговото „жалење“ дека комедијата „умрела“. Не гледам на што се однесуваше твоето „безвезе коментар“ искрено.
како постапуваш кога еве нпр. за јадење некое, вкусно ти е баш од тој бренд, ама од компанија која се однесува кон вработените како потрошен материјал, т.е. не е баш хумана?
Изровелтирана од тоа колку омраза има во луѓево и меѓу луѓево. Шо е бре тоа од најмало до најстаро врие од лошотилук. Ај најмалите гледаат од постариве, родителите. А старциве бе ..нели старец со бела коса во моја младост беше синоним за мудрост и смиреност. Која мудрост кои бакрачи, да незнае да се однесува, се повампириле. Зомби сме станале, се јадеме меѓусебно, ужасотии.
Фала за практично прашање, сакам конкретни нешта. Со оглед на тоа што гледам на конзумирањето низ различни „параметри“, како што напоменав погоре секогаш го гледам изборот како „индекс„, „агрегација “на тие параметри.. Општо земено, зависи колкави ми се можностите и алтернативите. Би излажал ако кажам дека БАШ секогаш можам да направам друг избор. Но еве што имам предвид, да добиеш впечаток. Зависи колкава е цената. (Секогаш разгледувам ист производ во различни продавници. Не е претешко, зашто „конзумирам“ речиси исти нешта, на основа на претходно истражување.) Зависи колку производот е здрав. (на основа на тоа што има во него. Ако немам време, има убави апликации кои тоа го проверуваат на основа на линиски код) Зависи кој го произвел и каде. (Повторно, не е претешко, ако претходно истражуваш малку. Обично голем збир на производи ги има една „фирма“) Се интересирам за самиот бренд (кој е сопственик, кој го купил, истражувам за однесувањето кон вработените. Многу често правам муабет со вработените: касиери. чистаци, редари., продавачи, обезбедување.. Сите имаат што да кажат, ако ги прашаш! Ценам фирми кои се однесуваат добро со „најнискиот“ човек од ланецот.) *** Општи тенденции: Купувам од домашни произведувачи за разлика од супермаркети. Купувам од помали произведувачи за разлика од супермаркети. Купувам од зелени пазари од луѓе кои ми се „проверени“. (Не можам целосно да сум сигурен, се разбира за сите) Правам „оптимизација“ меѓу тоа што ми се допаѓа, тоа штое здраво и каде е купено постојано. ** Правам нешта дома, еве еден случаен избор: (Повторно да добиеш впечаток) Леб правам дома (интегрален) Наместо долготрајно млеко користам кефир или го купувам од домашни производители (да, знам луѓе што дома имаат крава! Така купувам и јајца и урда (многу здрав извор на протеини) ) „Сникерс„“ кој го сакам го правам дома, зошто знам дека има GMO. Не пијам газирани производи, особено не од кока-кола. Процесиран шеќер користам малку (користам стевија, мед, итн.) Пица правам дома во ер-фраер без сувомеснати производи. (и со интегрален леб) Наместо месо (иако не сум против месето, зависи какво!), користам растителни верзии (пример, наут!) Купувам облека од друга сезона. Разменувам давам/земам нешта кои не ми требаат. Не го полнам плакарот со непотребни нешта и ги износувам до крај.. (Со оглед на тоа што имам дефииниран вкус не ми е тешко да носам работи со децении и тоа пак да изгледа добро. Сум фит и возрасен па нема големи промени во моето тело) Се движам со јавен превоз, или велосипед,Имам кола секако. И обично не се возам сам. Гледам да сум економичен за сѐ што користам (храна, вода, струја...) ** Што се однесува до културни производи, немам никаква „милост“ да симнам книга, да земам филм преку торенти или посебни сајтови. Ретко одам во кино, ама често во театар или филхармонија...Избирам внимателно што гледам и слушам... Имам баш дефинирани вкусови. Тоа што е „мејнстрим“ генерално не ми е интересно, има ретки исклучоци. Кога одам на домашни музичари, уметници, писатели, итн плаќам, зашто сум свесен за нивниот труд. *** Често зборувам со мои познаници, другари, пријатели за тоа како стојат нештата на економски, политички план, ги правам луѓето свесни, колку можам и колку сакаат да знаат за нештата што влијае на погорните избори. Бидувањето свесен е исто така избор. Можеби најважен. (Јасно ми е дека не сите можат, имаат време, образование, ресурси, итн. Не им префрлам на луѓето. Секој колку може и сака. Сите може повеќе да се потрудат, веројатно.)
И би додал, свесност и доследност на постапки во однос на таа свесност. Инаку, не прави голема разлика. Светот е многу, многу конкретен, многу, многу меѓуповрзан. Мислиме дека нашите мисли и постапки не делуваат на другите, ама воопшто не е така. ** Да не окупирам премногу простор. од вчера се развлекувам.Има и други луѓе тука...Убав ден, другари.
Сподели од твоето знаење и пракси у темава: https://forum.femina.mk/threads/Сов...о-помалку-токсини-и-разни-штетни-нешта.35265/ Ама у детали, за да можеме и ние да пробаме. Патем, како го правиш кефирот?