Не знаев за темата, фала. Кога ќе имам време ќе погледам детално. ** За кефирот... Јас користам две супени лажици, отприлика 20 грама габа на едно литро млеко во свежо измиен СТАКЛЕН сад, и 24 часа на собна температува (20-25 степени), инаку ќе биде прегуста и прекисела (за мој вкус), Процеди ја со ПЛАСТИЧНА цедалка содржината во друг сад , каде ќе го пиеш кефирот. Секогаш плакни ја габата под млак млаз вода по користење. (или пред да ја ставиш во фрижидер) Ставај газа на садот,во кој го чуваш на отворено, (тегла, шише, но со широк врат) Габата чувај ја во фрижидер со малку млеко во садот, од 5-7 дена. Не повеќе. Не користи МЕТАЛНИ алатки за манипулирање на габата. Ѝ штети, ќе ти умре. Јас правам овошно смути со неа, вкусот е подобар, иако е контраинтуитивно да мешаш кефир и овошје. (јаболка, банана, цимет, мед, суво грозје, па и овес, во мојот случај.) Има работа кефирот. Мораш да досипуваш млеко постојано...Постојано расте, па треба да го дадеш на друг. Добро е за имунитет и цревата, генерално.
Јас правам еднаш Сикрет Санта и ми е најинтересна манифестација со најмили луѓе. Само тогаш се собираме сите и ни е супер. Годинава исто-здравје
Тоа ти е исто како новогодишни славења во кафани после 365 дена забивања ножеви во грб.. па да се пребројат кои се и со нови сили во нова година уште појако да ти ги збрцаат ножевите.
Скроз. Оваа година, си помислив дека можеби некои работи се променети кон подобро, па си реков ќе учестувам и во двете, за во меѓувреме уште еднаш да ми се потврдат причините зошто не треба да размислувам така.
За едниот Сикрет Сента го спремам најсентименталниот поклон евр. Со другиот Сикрет Сента премногу се забавував со бирањето бои кои се убај. На работа ми е малку без смисла шо е на ниво на девизија со стотици луѓе, а не на помали делчиња кај шо сите се познаваме. Лани ми се падна другарка ми. Годинава не познавам жената. Таму ми нема смисла настанот. Ама на нивоа на друштва ми е најдобро нешто, како круна на годината. Сите ми се на купче, поклонот е само изговор за сите да најдиме време. На крај важна е дружбата, не поклоните. Иако сите си ги памтам и чувам низ годините.
Нема ништо поубаво од тоа се сама да си направиш. Спремам голема прослава и од поканите, до агендата се сама спремам. Што се вели од најситното до најголемото, делче по делче се сама. Не е лесно, ама чувството е извонредно.
Пред некој ден прочитав дека финската компанијата Wolt за достава на храна(од типот на Корпа и Кликни Јади) наското треба да започне со работа во МК. Воедно се присетив дека лани доста актуелно беше доаѓањето на такси компанијата Bolt, а еве се уште не започнала до со работа. Колку време им треба на ваквите странски гиганти да воспостават бизнис во МК?
Само да кажам дека Муџа со влогмасот ми го враќа празничниот вајб и топлината во срцето кога ги гледам сите заедно со мајка му и татко му. Ме потсеќа на детството кога вистински му се радував на декември. Последниве 6/7 години декември ми беше ист како и било кој друг месец само што имав елка плус. Ете конечно после толку години пак да се почуствувам така
Многу го сакам бе. За шо зборевме Некад се заборавам дека не е човек. Ама си го сакам. Добри муабети паѓаат
Многу мразам кога луѓе нема да ми го испочитуваат она што сум го кажал предвреме. Во случајов сервисери/мајстори. Значи, да ти е кажано однапред дека ми е нештото потребно ASAP, да се согласиш и на крај да не ми враќаш и да не се јавуваш 1 недела е крајно безобразно и непрофесионално.
Сикрет санта (Secret Santa/Таен дедомраз, буквално) е забавна традиција за размена на подароци во која учествуваат група луѓе, својствена за новогодишните празници. Секој учесник случајно извлекува име на друг учесник и тајно му купува подарок. Подароците обично се разменуваат на заедничка прослва, а идентитетот на дарителот останува тајна до моментот на отворање на подароците..