Женското тело е најподложно на промени: хормони, пораѓај, дебелеење, слабеење итн.. Затоа женкото тело може да биде во секаква форма во различен дел од животот. Воедно, она што жените треба да го направат е да се поддржуваат едни со други, особено кога јавно се зборува за ова, макар и преку уметност. Она што може да се заклучи од форумов дека наместо да се прави тоа, се прави следново: Дебела е, нека ослабе. 1. Ако ослабе - ама сега има кожа. 2. Не ослабува - ете само јаде, не посветува време за себе, ја мрзи. Ако се свиснати градите (пост партум, после слабеење): 1. Вакви се, такви се. 2. Ако стави селикони - вештачка е. Тазе породена: 1. Ако ослабе - место да поминува време со бебето, она по теретани. 2. Ако не ослабе - запуштена е. Она што сакам јас да кажам е дека сите изгледаат извонредно на изложбата што беше во скоро време презентирана преку сликање на тело. Изгледаат свои, убави, и ја доловуваат различната убавина на човечкото тело, што е само дел од целокупната убавина - секој има душа и срце од сликаните. И тоа е најважно. Сакајте се луѓе, доволно е лоши зборови. И најважно, не заборавајте дека сите едногласно зборувате против булинг, навреди итн, ама повеќето потенцијално учествувате во тоа.
И јас мака мачам да го разберам ова! Ај сфаќам дека сите сме зафатени работа, живот, не се гледаш често, ама време ни за порака да се немало, тек па за јавување од време на време се однесуваат луѓево ко пари да ќе им бараш
Јас го знам ова како: се омажив, си имам приоритети, се слушаме еднаш годишно, но вистинските пријателства се вечни и еднаш во две-три години да се видиме, осеќам близина, како да не поминало толку време бла бла бла.
+1 Ако толку ретко се гледаме и комуницираме we ain't friends, најмногу познаници. А немам ни што муабет да правам искрено, мразам small talk, бидејќи не можам да замислам со вакви "пријатели" да зборувам нешто ко со оние кои ми се блиски и сум во редовна комуникација. Имам пишувано дека ми се деси да обновам контакт со стара другарка од средно и сега сме многу блиски, се осеќам каков нова другарка да стекнав иако е стара другарка, поради тој неколку годишен период на silence. Позитивна страна не мораше да се запознаваме одново.
@staycalm јас би рекла не сме со сите исто блиски, и невозможно е да сме исто блиски. Имам три другарки со кои сум екстремно блиска и со нив сум како „опсесивен дечко“. Тие идат како tier 1. Како tier 2 се тие со кои комуницирам пример на неделно ниво ама ради сплет околности не можиме почесто да се гледаме/комуницираме, многу се блиску до tier 1 ама ваљда имаме мисменаџмент на време. Tier 3 шо комуницираме ама не можиме да се гледаме или се гледаме на подолго време и не комуницираме толку често како првите две. И tier 4 би рекла познаници, можиме убо да си поминиме ама не си сме приоритет и то е океј. Така да шо е важно тука е сите во овие замислени tiers да си припаѓаме на исто место. Ако јас ти сум во tier 4 а ти мене во tier 1 - јас ќе бидам разочарана пред се оти јас сакам да сме поблиски или веќе сум очекувала да сме поблиски ама не ни се совпаѓа енергијата и трудот вложен (извини шо те земам за пример ). Ако двата си сме во tier 4 едноставно нема лоши чувства, се гледаме/комуницираме по некогаш и си врвиме добро и двата сме среќни. И после продолжваме со животот. Пошто за мене е незамисливо да имам енергија за многу луѓе иако имам три, па и доста големи, друштва. И ае овие шо не ми се во град реално немам можност да ги гледам почесто од месечно ниво, а и невозможно е нели сите да се собериме секогаш ама зато имаме онлајн комуникација. Ама овие шо ми се в град, преостанатите две, се гледам со двете на неделно ниво. И то само по себе, колку и да ги сакам, зема енергија. Барем мене ми зема пошто сум генерално чоек шо си сака alone time. Ама нели се за љубов. TLDR треба да знајме дали и другата страна се осеќа за нас исто. Некогаш имаме очекувања дека како ние шо се осеќаме за некој и тој некој се осеќа за нас и кога ќе испадни дека не е така имаме разочарувања. Не треба да препишваме чувства на друг и ако сами осеќаме дека има енергија која не се совпаѓа или ја сервираме истата енергија (i'm petty) или разговараме да видиме кај се наоѓаме за да си намалиме очекувањата.
Од кога иам дете, сите пријателства ми се стаени на low maintenance пошо неам време ни за себе, јбг. ¯\_(ツ)_/¯ Приоритет ми е слободното време пред сè да го посветам на детето, па на себе и на сопругот. Јбг, тоа е што е, сеа за сеа. Една другарка пред да се породи со чудење ме праша еднаш "аман шо толку немаш време?!". И и' раскажав. И мислам дека пак беше во неверување. Сè додека не осети на своја кожа, сеа друга е приказната. Али не мора да значи на сите дека им е така, секој си има различни услови и можности.
Не знам дали имам до сега пишано, ама ако не да си кажам. Ич не го можам британскиот англиски. Градов е полн туристи од Англија, вчера се играше фудбал Астон Вила и околу мене слушам само британски, но бавно го процесирам. Некако мозокот ми е научен на американскиот англиски, може и поради американските филмови. Навика. Туку никако не можев да сфатам како германциве јадат живо месо и ништо не им е , нит стомак ги боли, ништо, ете и ден денес се чудам. Друго шо сакав да кажам ? Ахааа, ми текна. Видовте како е новогодишно украсено годинава во Штип ? Ехххх браво, браво, ги гледав клиповите кои кружат на фејсбук, осветлено за мерак И годинава не може да заврши без М И Г Р Е Н А , тадаммм , нема бегање од оваа „ пријателка„ Најредовно ме дружеше во 2024 , а сум 100 % сигурна дека ќе продолжи и во 2025 , ептен блиска „пријателка„ е .... не ја викаш, сама иде П.С. Постот каша попара
Млади генерации, современи демек, паметни, убави, здрави, прави, а они уште со затуцаниот менталитет во себе. Менталитетот кој толку многу демек го мразите и презирате, али упорно го негувате. Бабите на чешма не само што не ви се рамни, туку сте ги надминале бе ало, свесни ли сте? Си јадете трици лагано на интернет просторот, јер муда само така имате, на тастатура. Не сте помислиле дека ве читаат разни луѓе, ве читаат и млади девојки со намалена самодоверба? Ве заболе пичка, нели? Кажете си го вие вашето, изедете ги гомната, друго не ве интересира. Уште па ем злобни и дрски, ем јаки бе wow.. Ова многу кажува за вас и вашата личност, дека сте дно од луѓе, со преужсен карактер. Све друго пропаѓа у вода. Срам да ви е.
Многу често, безобразлукот се поистоветува и оправдува со “брутална искреност” и “немање влакна на јазикот”. Исто така, многу е популарна селективноста во согледување на нештата..
Сите се про боди позитивити освен за заби кога се работи И не зборам за расипани, зборам за заби што фалат, пожолтени, криви и тако даље. Пошто заби не е цицка и стомак нели, лесно се прават за 1000 евра А рекламиве што ве јебаваат дека со миење може да ги обелите, не прават комплекси, не никако.
Немој така да збориш. Некој може од болест или немање пари ги изгубил. Сеа ќе дое морална полиција да држи часови. Еден Исус напомош..
Брутална искреност? Бруталност можеби, ама 0 од искреност не глеам ја. Така се прикриваат, маска е тоа, и многу лесно им паѓа со тек на време. Једино безобразлукот останува, тоа да. И пази, не те знае, ни те познава, и сака да те потценува и руга.. Многу мразам глуматање супериорност и недопирливост, а на сметка на тоа другите да ги потценуваш, највише од све мразам тоа. Згора на тоа после изигравање жртва. Ебете се манипулатори, не ви палат тие фори. Прочитани сте. Па и за што се разглаба и натега, да му се присере на чоек..