Ми се јадат пуканки од Cineplexx и Нутела торта.. Душата ќе ја даам за Нутела торта. Утре омилената слава, Св.Никола. Господ да ве поживее
Дојдов само да ви се пофалам дека денес славам 4ти роденден овде. 12ти декември за мене има сосема друго, подлабоко значење, иако несвесно и на тој ден сум се зачленила овде. Периодов ми е фул со обврски, што професионално што приватно, и не можам да се вклучувам често. Сепак, форумчево ми е мило и пријатно се чувствувам. Имам многу што да кажам, ама засега доволно е. Ви посакувам периодов да си го поминете што е можно порелаксирачки
Едно нешто што многу ме радува е што избрав професија што не бара дрес код од типот кошули, сакоа и штикли секој ден. Комотно си одам со патики и фармерки, само таму менувам маица и плус мантил и не ме болат после нозе од штикли. Убајни. Мислам ако може и да нормализираме патика као формална обувка за жени.
Сеа читав. Скопје од петок од 22ч ќе нема вода. Знае некој до кога? Не може цел град без вода да го остаиш бе
На сител кажаа, Чаир, Бутел, Железара, Автокоманда и уште некоја од истиот реон ќе има вода, другите ќе немаат.
Кај Водовод уште стои дека во сабота ќе биде затворањето на водата во главниот цевковод без наведен час. Медиумиве се запнаа за петок во 22 часот.
https://newz24live.com/video-alfa-o...kyCVIImShAQ4bDbuCA_aem_LiIF5taPq4L82iisBtbJkw љоч баба љоч парти ке имало
Поради тоа што го преживувам хрчењето на маж ми и можам и покрај тоа да заспијам треба да ме прогласат за вистински шампион - преживувам ноќен терор без медал!
Колку сме сите различни (и во карактер, и во интелигенција, и во свест, и во култура, во сè) може да се види по тоа кој кого смета за мудар човек.
Инаку се најавува еден ден, ама не очекувајте под 2 до 3. Јас се спремам за 3. Инаку сакам да кажам, инспириран од дискусијата погоре. Не мислам дека е материјалистички ако сакаме соодветни подароци. Јас гледам на цената, односно вредноста, затоа што тоа е најмерливо кој колку те цени. Нормално сразмерно со тоа кој колку има. Многу ми е глупаво кога некој средно-богат ми доаѓа со мизерни подароци, као стварно не си морал, нема потреба, ова е само непочитување. Не знам, до вчера праиме муабет како купуваш кола од 250,000 евра, ама мене ми доаѓаш со подарок од иљадарче. Глупаво.