Во пресрет на прекинот на вода во петок, во два соседни маркети испразнети рафтовите со вода, до последно шише. Ситуацијава ме потсети на пандемијата кога настанаа тепачки за тоалетна хартија и кога се правеа залихи од брашно, квасец…
Иам многу работа (енд јет, трошам време и куцкам тука), фокусирана сум (жими сè), ја стопив тастатурата од куцање, си пијам зелено чајче и си слушам за подкаст за непознати летечки објекти на Роган. А следните 2 дена ми се слободни и ќе се претопат во викендот. Јеј. Убо ми е.
Мијам коса со Изворска, пффф Стварно, колку свилени сме станале. Ко ќе ни најават дека ќе нема вода, полнам кофи, тенџериња. .. и обично ја пуштаат порано...ни пола не сум искористила
Експресно игра метла за мислења поврзани со дупли профили… Мислам дека стана традиција, да се јавуваат падобранци околу датумот за избор на форумџика на годината…
Камери на раскрсници ептен треба знаете зашто? Зашто милион јебени пати ми се случува, еве и денес исто. Почнувам да преминувам на зелено, семафорот се гаси, јас ни до пола улица. Некој со кола врти десно на дополнително зелено и во случајов имам јас предност како пешак, ама со веќе изгасен семафор, господинот уште зема ми се дере кај си тргнала ма да минеш на црвено, нели гледаш. И недајбоже да те удри, кај ќе имаш доказ дека зелено било кога си тргнал? А дури и да е стварно зелено, брзаат ко вчера да положиле. Брате ти и вака и така ќе поминеш со колата, јас ќе чекам плус време ако ме ме пуштиш. Не, не знам кога ќе научите више дека кога возила и пешак имаат истовремено зелено на раскрсница, предност има пешакот. Пешакот Пешакот Уште еднаш, очи да ви извади ПЕШАКОТ!!!!!
Има луѓе што ги сакаш од срце... и секаде ти е убаво со нив. Не чувствуваш ништо освен искрени намери... И се разбирате... и сте како изгубени роднини, сестри, не знам... ама си се осеќате за свои, домашни...
Мене па многу ме нервира кога тој што го добива подарокот мрчи за истиот. Јас луѓето на родендени/прослави/свадби, не ги канам заради подарокот што ќе ми го дадат, туку заради нивното присуство. Не очекувам дека ќе заработам нешто од тоа или дека ќе се збогатам не знам колку. Подарок е подарок, и треба да се прифати таков каков што е. Дури и да не ми допаѓа, и да стои дома некаде забатален мое е да се заблагодарам за времето што го одвоиле и што помислиле на мене, а тоа мрчењето да си го задржам за себе и за моите четири ѕида. Така лани имавме secret santа на работа и многу неубаво беше кога една од колешките пред сите и кажа на друга колешка што и го даде подарокот, ако можела да го замени затоа што имала ист таков брош (апсолутно не, сите знаевме дека не и се допаѓа и дека нема таков ист брош). Многу беше непријатно да се биде сведок на такво нешто.
Најплатена домашна изведувачка годинава е Бојана Скендеровски, која од Општина Неготино, за учество на манифестацијата Неготинска вечер добила 13.008 евра. Втора на листата „најплатени домашни изведувачи“ во 2024 година е поп-ѕвездата Каролина Гочева која од Општина Крива Паланка за учество на манифестацијата Крива Паланка – Град на културата добила 11.110 евра. Трет на оваа листа е Кирил Џајковски кој од Општина Валандово добил 10.000 евра за учество на манифестацијата Ревијална вечер на Фолк-фест. Другите домашни изведувачи добиваат многу поскромни хонорари Сакам да кажам, од утре вадам книшка од Вемеро.
Почнувам да станувам од оние нервозните шофери шо караат се до трето колено поради правење глупости и несовесни шофери од другата страна шо возат.. Список сочно карање до трето колено иам спремно цело време... баба ми вика ах и ти ко дедо ти..
Многу е начитана на секоја тема е спрамна, ама има нешто антипатично кај неа. Можеби говорот, бојата на гласот, акцентот... нешто.
Знам дека повеќето се палат на знаење од област на историја и геополитика, ама природни науки многу повеќе ќе ви се најдат во животот. А не, алкална и кисела храна имало, салото се претворало во мускул, требало да внесуваме ензими преку храната, токсини се исфрлале со смутиња. И упорно прашувам еве кои ензими, кои токсини и...штурци. Физика е потребна кога градиш аква паркови и ролеркостери и голем дел несреќи таму се случиле од погрешни математички проценки. Во градежништвото, комшијата ако го викате да ви ѕида, исто не е битна само физичката сила. Во секојдневниот живот физика е како ја држите мотиката кога копате и возите. И хемија не мора у детали да знаете ама да тресете глупости од типот дека снегот е вештачки јер не се топел на упаљач, да се чудите како снегулките имаат правилна шестокрака форма и сигурно биле од господ такви совршени, срамота е да ви кажам. Исто и не мешајте хемикалии за чистење.
Искрено, запрепастен сум од сумиве. Цел живот учи, мачи се, рмбај, моли се за плата и к-15 кој си ги заработил… и кога ќе ти текни, Бојана Скендеровски зела 13К € во една вечер!