А замисли да си Каролина Гочева, цел живот да си пејачка со сериозен вокал и безброј хитови, и некоја вчерашна пуфла со 3 песни да земе повеќе пари од тебе оти лиже(ла) кај дпмне? Секогаш има полошо...
Омг, сега сфатив дека Во дилема ја пее уствари пуфлава. Леле опседнат бев со песнава коа растев, готово, заслужни и се 13.008 еур.
Пеела и Каролина по партиски митинзи не дека не Туку кој е тој што ќе одреди кој колку пари треба да земи Калиопи, Владо Јаневски и Елена ќе пеат за ВМРО-ДПМНЕ
Ако не се лажам они некако се повлекоа од нашата сцена. Пробаа нешто во соседството ама и од тоа ништо. Само на митинзи ги имаше... Нови песни никако. Згаснаа после Тоше
Под поимот "шаторска певаљка" не подразбирам пејачки кои пееле по партиски митинзи, затоа што сите во одреден период пееле. Е сега, Бојана Скендеровски спаѓа под шаторска певаљка по мое мислење, оти се занимава со зелка ракија музика и за неа немаат слушнато подалеку од нашево затуцано земјиче. За разлика од Калиопи или Каролина Гочева, кои се поп диви.
Така е да. Бојана по свадби пее. Што не верувам Каролина и Калиопи да се појавувале на такви настапи.
Не да згаснаа, туку исчезнаа како духови. Јас не ни памтам ни двете како изгледаат. Кога бев мала сите ги слушаа нив, во сите продавници нивната музика ја пуштаа. Од тогаш ништо немам слушнато за нив.
Па добро Калиопи имаше добар comeback на Евровизија 2012, песната и стана балкански хит. Сепак, се држат на стари хитови. Не е до нив, нашата естрада е закопана уште одамна и никој се нема издвоено.