Може преку ЛП детално да ми напишеш,јас тебе не можам,немаш таква опција,те молам,потребно ми е,многу. Модератори извинете за офф-топикот.
Мачориштево кој моментално води љубов со својата мачка под пенџерево мое, или е премногу надарен или ја силува трето нема ...
Чувството кога тимот за кој навиваш, цело полувреме губи, а во второто и на два пати со 5 разлика на крајот постигнува победа! Ауф кков меч. Одамна се немам чувствувано вака. Еуфорија, радост, неизвесност, браво. Полека ме потсеќа на времето кога вака навивав за Кометал.
На мојот денеска му кидна мачката. Јас си уживам на тераса на пролетното сонце и само гледам една жолта мачка како пролета низ двор, а после неа нашиот мачор како снежна огромна топка профуче по неа, ама бидејќи не знаеше на кај му кидна цурата, отиде во погрешен правец. Бидејќи сеуште не го научив мачешкиот јазик, не успеав да му објаснам дека не оди во вистинскиот правец. Ама се чудам зошто му побегна, синојќа беа заедно, ги видов кога им однесов храна, всушност двата мои мачори беа со женскава, денес не знам што к*р и стана
Се чуствувам како октопод во последно време. Ми се случуваат и убави и не толку убави работи. Се сликавме за дипломска, толку спремање и тинтрење за на крај да не искочам убаво. Типична женска реакција нели Косата од толку што ми беше пеглана, на сликата локни како да ми се видоа Фотошоп ради док људи спавају- таа реченица постојано си ја повторувам. Дај боже да ме спасат, па пари дадов мајке ми :geek: Семестарот започна со неверојатна брзина на светлината. Семинарски и презентации еден куп. Па и рок да се почитува. Мислев ќе не штедат малку, ама се за*бав. Апсолвентска екскурзија е на повидок. Се мислам дал да одам ил не. Изгледа второто. Неможам со денови по автобуси да спијам, плус кога ќе се испозапотиме, леле леле А пак и друштвото е посебна приказна. Се кладам дека од 10 души што ќе одат, ќе се поделат по 2ца во групи и така ќе си седат сите 20 дена. Оп, ќе заборавев, пријавив и дипломски труд. Го чекам денот само кога ќе си заминам од факултетот и ќе киснам по темите за невработени лица на фемина Сончеви денови, позитива околу мене колку сакаш. Само не се радувам толку, зошто како што тргнало, ништо чудно во Мај да падне првиот снег. :geek: Се се` поремети бреј. Ајде убава вечер од мене, пуштете на Канал 5 и смејте се на Златна бубамара ( ако не завршило веќе )
Никогаш не правете нешто што ќе ја нарушува вашата совест ... колку и да ја криете работата што несакате да излезе на виделина совеста нема да ни дозволи да останеме мирни и постојано ќе не прогонува ! Ако совеста не ти е чиста...залудно ги миеш рацете...
Се градат споменици,фонтани,плоштади,музеи и уште триста други чуда. Па и бесплатни возења се даваат на пензионерите по автобусите,ајде добро нека. Ама никако да им текне да ја направат стазата,пред ГТЦ во град,денеска бев и гледам девојкиве со штикливе ќе се утепаа,една па кутра и се заглави штиклата,па и викам јас на мама,внимавај да не бидеш ти следната на која што ќе и се заглави штиклата. Апел да се направи таа стаза,да не се утепаат младите девојки со високи штикли и црни чорапи(се зезам).
Жално е што на многу луѓе поимот принципиелност им значи Се што ќе кажам сакам да го почитувате дури и ако ви се иде два прста да си пикнете до грло и да повратите од што е развратно, глупаво, гадно, бесмислено и сосема непотребно. Само затоа што јас ја имам моќта можам да ве натерам да правите се што сакате дека сум принципиелен. Не. Принципиелност е кога ќе кажете нешто да си го одржите зборот, кога ќе кажете тогаш - тогаш да биде. Кога ќе кажете да си го испочитувате кажаното и притоа тоа да биде разумно и издржано. Не се што ќе кажете и ќе го крунисате со терминот принцип ве прави принципиелен човек, ниту пак некој друг непринципиелен затоа што не го испочитувал тоа. Друга работа, кога студент седи на предавање и слуша викате дека е студент, и дека е начитан, и дека ако иде на предавање редовно и не испушта ниедно и не му се приспива ни една секунда од најчесто баналните забегани глупости кои може и дома да се прочитаат кога веќе во државава сеуште немам сретнато некој што ќе ти го задржи вниманието да ти предаде лекција, значи, во овој случај студентот е едуциран. А кога лав седи мирен на среде циркус тогаш викате дека е истрениран. Зашто не едуциран? Нели е исто?
Сакам да кажам дека не добив никаков подарок од дечко ми за Валентајн.. Не дека мора, ама пак бе, едно ружиче мајката.. 100 денари е.. а поприлично на почеток сме, ако сега не се покаже кога??.. Неговиот изговор е дека не е тоа наш празник. И да, океј, не е, ама не ни Први април, па се маскира. Не сум материјалистка воопшто, само тоа е некаков показател ваљда за пажња и внимание, колку му е стало, колку се грижи и труди. И вчера бев океј, не ме погоди некако многу, ама денес кога гледам по фб и инстаграм како сите сликале поклоните, ставале да се пофалат, малце ме удри бед искрено.. Јас му имав купено, ама не му го дадов пошто гледам дека он мене нема, а ќе ме прашуваат дома што како, па кажав дека тоа ми е од него.. Работава сама себе си купив поклон му испаѓа. Дали сум во право или не.. не знам ни сама веќе..
Добра ноќ на сите и сонувајте ги оние кои си ги сакате. Соништата се одраз на потсвеста. Слатки сништа.
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... _oINqc#t=0 Животните се единствените суштества што знаат искрено да бидат благодарни и да те сакаат доколку им искажеш малку помош и љубов. Тие знаат многу повеќе да ти возратат. Браво за човекот што го направил ова
Доколку навистина смеењето го продолжува живтот. Тогаш доволен е само денешниов ден и ќе живеам вечно. Се чудам како може да е олку добро. Дури очекувам во секој миг да скршам нешто, рака/нога. (се помрднав од место, гризнав јазик и чукнав во дрво) Толку арно, не ќе да е на арно. Како што би рекол Изет, денов ми беше пар екселанс. Вака да е секој ден... Со темава сум многу наназад. Утре ќе се вратам во форма. До душа, книгата ме чека уште од лани. Но, штом толку чекала, уште малку нека почека. Убав ден... ноќ, утро, попладне, напладне, претпладне, пладне, сон... што сакате. Ви испраќам мнооогу позитивна енергија.
Е значи нема поубаво чуство да сакаш и да те сака онака како што ти го сакаш него со целото свое срце ааах Сакајте се нема поубаво нешто од љубовта ... ''Знаеш дека си вљубен кога не можеш да заспиеш затоа што реалноста е поубава од соништата.'' ... е моментално баш вака си се осеќам ,убаво ми е и тоа сакам да го споделам со сите вас
Сакам да кажам дека сум среќна без некоја посебна причина.Битно ми е дека сум сакана,ја имам љубовта од моите најблиски и пред се живи,здрави прави па затоа му се радувам на секој ден од животот.Полна сум со позитивизам и убави мисли.