Ама и реално е. Самиот јазик мене лично ми ствара привлечност. Не е плукање немаат ни 30 балади по што да ги плукаме
А на наш јазик ако е, по автоматизам одбојност ствара? Не е певлив или шо? До тоа значи било, океј. Се плука пошо едноставно наше е. Ете тоа. Ни шанса не се дава, уше од старт предрасуди се има.
Не уложуваат. Само сакаат заработка. Се форсираат едни со други А штета имаат се што треба да имаат. Ај ти се молам прочитај текстови ни емоција ни ништо бре Куку леле и Дуле и Коки повеќе хитови имаат од една Калиопи,Каролина, Елена, Тамара...Ама србиве се пејачишта на цел балкан. Нема споредба.
Јас мислам @Malesia не трола. Не е можно да си толку против македонската музика. Или е некоја србоманка. Трето нема
Не ме чуди мене ова, ни прва ни последна не е. Значи да се разбереме, не викам оти Србиве не ги бива сите до еден, таман работа, далеку од тоа. За естраден живот секако дека на мал прст не можеме да им се фатиме. Али ова што сѐ сервира, се слуша најчесто, и се величи, искомерцијализираново е тежок шкарт. Па не се способни квалитет да препознаат за жал. А уште поинтригантно е тоа што нашиве ги ругаат само зашто наши се. Другите сите чинат, само ние неаме врска од ништо. Ете, ќе се фатат де за јазикот, и тоа замисли што нивен, свој мајчин јазик им е, па пошо антипатични им се изведувачиве.. Све ќе се најде, еден тон причини за да се критикува.
Со исклучоци, Србите немаат убава музика, зборам за модернава. Имаат само добар маркетинг и промоција. Односно пари за фрлање да промовираат неквалитет и шунд. Она што вреди и е квалитет, не е толку форсирано и рекламирано. Оти не е ѓубре, а реално кај нас ѓубре се слуша од српска музика.
Па не е така. Јас еве на пример многу сакам да слушам од Тоше Проески, од Нокаут, Тамара Тодевска има убави песни, Каролина Гочева. Проблем е што денес ретко кој од тие македонски изведувачи (исклучок нели Тоше, нека му е лесна земјата) има нова песна. И не се можеби виновни ни они самите, заради тоа што ретко има и манифестации и емисии на кои може да се промовираат истиве…освен настапи во кафич каде 90 посто им е српска музика на репертоар, и нели партиски настапи.
Не знам што се слуша, јас знам јас што сакам да слушам. Исто така не осудувам секој си има свој вкус.
Жалосно е што го сфаќаш ко осуда фактот дека ѓубрето се слуша во Македонија. Не морам ништо да кажам, се гледа чии концерти се најпосетени. Дури и квалитетни музичари застранија по патот на шундот и неквалитетот, за жал.
Vie šo čuvate kučinja bidete kulturni i sobirajte gi go*nata so vasite kučinja gi pravat po parkot i nasekade. Zatoa so poradi takvi neodgovorni kako vas morav kolata da peram vnatre i patikata ja čistiv 2 ipol saata. Ima sreka taj so kučeto ne go videv koj e
Ниту еден Балкански турбофолк не чини. На Србите и рапот делумно. Само се поттикнува лигаво и одвратно однесување кај луѓето.
Не дозволувај да ти наметнуваат мислење, слушај шо сакаш, кај нас општо по се се плука ама на крајот од денот се гледа кој полни концерти, кој има голем број на прегледи, тој шо го бива.
Полни концерти барем тука кај нас воопшто не се мерило кој артист колку го бива. На нашите простори доволно е да правиш тралалајка песни за да станеш познат, ко на пример Теа Таирович. Теа поим нема од пеење, ама има тралала песни и затоа поминуваат, а не пошто е квалитетен артист со златно грло.
Не џабе велат дека за вкус не се расправа. Едните ќе речат дека српска музика е кич, шо е и мојата вистина, други ќе речат „аМа КоЈ гИ пОлНи СаЛиТе“. А, на крај на ден треба да слушаме само то со шо вајбаме и не е толку длабока проблематика ако сме обични смртници. Ако сме музички потковани и критичари е скроз друга тема. Бар во „мое време“ кичеста српска музика шо беше популарна меѓу врсниците беше 1) зошто биле earworms и можело да се игра на нив без многу да се мисли и 2) најчесто зошто јазикот е близок со нашиот и ние немаме наша сцена па се префраме на некоја од најблиските било то да е Србија или Бугарија. Е пошто се префрламе во најблиското, значи дека ако сакаш да излезиш во mainstream кафич или ноќен клуб ти мора да си изложена на та и та музика. Некои ќе се тргнат од такви кафичи, други сакат да се видени или друштвото им оди па неќат да се делат и ќе се прилагодат. Пошто ќе се прилагодат поќето и ете ти маса на луѓе шо сакат таква и таква музика. Пак, ова го зборам од аспект на ситуации шо сум ги гледала преку 10 години во минатото пошто дур растев музиката беше голем дел од идентитетот наш и сите тие делби на металци, панкери, рапери, ти реков ми рече. Веќе толку време јас се „делам“ само кај шо ми е комотно па не знам каква е ситуацијата денес и колку кичот е застапен ама кичот е најлесно сварлив па сигурна сум дека не е многу сменато по то прашање. А, дека немаме добра наша сцена ми е криво. Едвај стига нешто до мене ако има ново. И уште поретко ми се допаѓа. Ако има квалитетна наша музика сем оние 4-5 души шо се веќе популарни и добри (иако ретко имаат нешто ново ко шо и коментиравте наназад) - ве молам @ me. Сакам да слушнам.
Па она плука по нашите, а ги фаворизира оние вашите омилени србишта. Иначе мало морген шо мерило се прегледите за квалитет.
Жално е кој што слуша и какви се пеачи стануваат познати ама никој не збори колку моралните вредности во денешницава се отидени, што е жално и не е модерно де, т. е што знам, може и порано имало свашта не се знаело кој со кого иде, дека немале социјални мрежи ама ова денес, го држи рекордот.
Народ шо не го почитува своето и се восхитува на туѓото, не може да има свест за самопочит кон националните чувства. Онај што се залага за туѓите интереси тој може да се смета за добар Србин, Бугарин или Грк но не и за добар Македонец, ќе каже Делчев. Македонија си има свои интереси, свои пејачи, своја естрада. Океј е да ја почитуваш српската естрада, ама не по цена да ја омолажуваш својата, зошто и тие наши пејачи се дел од овај народ кој го сочинуваме сите ние.
Слушам македонско сма старите хитови. Ова сега се само тралалајки што ги снимаат. Земете ја пример новата песна на Елена Ристеска,кич,мич пич.