Само за "Не дозволувај да ти наметнуваат мислење, слушај шо сакаш" си у право, тоа мантра секому треба да му е. Ама за другото врска нема, големи јајца ако полнат концерти, тоа не го менува фактот дека музиката може да им е чкљ, и дека голем број на луѓе сакаат чкљ музика. Сè што свети не е злато.
Волиш све што воле млади, не дека сакаш убава музика. Убава музика ретко е толку популарна како шунд. Али ќути, да беше у Финска дед метал ќе слушаше и ќе не убедуваше дека е топ. Сакаш тоа што се нуди, а зошто се нуди, тоа е друго прашање. И тој шо рендал сирење и плукал, бил многу популарен, сигурно музиката е топ и моцарт му бил прекар Што повеќе да кажеме.
Јас мислам дека тука е моментот. Само не понесува ритамот и вајбот, ама тоа не значи дека е квалитетно.
Сакам да кажам... Добре бре луѓе, сериозно се бањате само кога ќе најават дека ќе нема вода??? Цело скопје изгледа се бања у петок у 16:00... Ова ептен дека им е страв дека и у недела ќе нема, па да не одат цела недела небањати...
МРТВ ми имаат предобра програма последниве неколку години, даваат квалитетни филмови, ги средија и студијата, имаат еден куп авторски емисии од едукативен карактер. Сега прочитав дека другата година ќе излезе ,,Буквождер", продолжение на ,,Бушава азбука". Ѕирнете го ова, преслатко е, има моменти од стариот формат кои ме вратија во детството.
А и какви филмчиња сум гледала квалитетни... Скриено богатство е МРТВ1, еве сега предмалку гледав краток документарец за Минхен
Не е проблемот што нема да има вода еден ден, него што јас и многу други со право не им веруваме на институциите дека се способни да го решат проблемот за еден ден, и дека тој еден ден, може да премине во денови немање вода, минатиот пат кога ја менувале оваа цевка пред повеќе децении Скопје немало една недела вода.
Сдк дека секој ден имаме шанса да научиме нешто ново. Денес научив дека денес е ... ден на грдиот џемпер. Ја поканувам @theowndemon да го истражи феноменов и истовремено ви го честитам денот Јас ќе го истражам феноменов после, мене ми е денес хвалак....петокдеј